Само поштарината за гласањето на албанската дијаспора ќе чини 12,5 милиони евра - Канал 5

Само поштарината за гласањето на албанската дијаспора ќе чини 12,5 милиони евра

Албанија за парламентарните избори ќе плати повеќе од планираното.

Само поштарината за гласањето на албанската дијаспора ќе чини 12,5 милиони евра

Парламентарните избори на 11 мај, Албанија ќе ја чинат повеќе од планираниот износ, посебно поради гласањето на дијаспората, за што поштенските трошоци паѓаат на товар на Централната изборна комисија, (ЦИК), како и потребата од ангажирање дополнителен број, од 80 лица, за пребројување на гласачките ливчиња, поради големиот број регистрирани за гласање од дијаспората.

-Правото на глас на дијаспората, што се случува за првпат ги поскапи изборите на 11 мај. Претседателот на ЦИК, Илирјан Челибаши побара од Владата 9,3 милиони евра дополнителни средства, бидејќи бројките на регистрирани гласачи од дијаспората ги надминаа сите предвидувања. ЦИК имаше резервен фонд од 5 милиони евра за да плати поштарина за 100 илјади гласачи, но оваа бројка сега е двојно поголема, објавија медиумите.

Според Комисијата, бројката до 4 март до кога е пријавувањето за гласање на дијаспората, може да надмине 250 илјади гласачи, поради што Целибаши бара уште 7,5 милиони евра, со што сметката само за оваа услуга е 12,5 милиони евра.

ЦИК побара и средства за други дополнителни услуги за парламентарните избори, вклучително и 870 илјади евра за електронско гласање, кое ќе се применува во повеќе општини во Тирана.

За изборите, кои се 11-ти по ред во Албанија, по соборувањето на комунистичкиот режим, до синоќа на полноќ до кога беше рокот за пријавување, регистрирани се 49 политички партии, додека не е пријавен ниту еден независен кандидат. Од денес почна рокот за пријавување на изборни коалиции, што ќе трае до 3 март.

Во единствениот избирачки список се наоѓаат 3.721.116 лица со право на глас. Доколку се направи споредба со резултатите од пописот произлегува дека бројот на гласачи е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој според пописните резултати изнесува 2.402.113 жители. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил сам

Унгарскиот премиер Петер Маѓар кој по самитот на НАТО во Турција останал на краток одмор во Анталија со своите синови, објави видео на социјалните мрежи на кое вози скутер на вода, се спушта по воден тобоган и шета по плажа.

Видео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил сам

Откако снимката предизвика критики во Унгарија, премиерот нагласи дека станува збор за приватно патување.

„Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, напиша Маѓар.

Тој претходно најавил дека по самитот ќе помине четири дена на турскиот брег со своите деца и дека сите трошоци ќе ги покрие приватно.

Маѓар додаде дека не користел буџетски средства ниту воен авион, туку патувал со редовна комерцијална авионска линија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево

Градоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев преку социјалните мрежи информира дека завршила реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км

Јанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево

[📌] Заврши реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км, со дуктилни цевки, а во рамки на истиот се изгради и нова хлорна станица. Ова е прва реконструкција на овој дел од системот.

[✔️] Проектот е финансиран од Министерството за транспорт во финансиска вредност од 20 милиони денари, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатства

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за примена на современи дигитални технологии во промоцијата на локалните потенцијали, придонесувајќи за поголема туристичка препознатливост 

Општина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатства

Општина Илинден направи значаен чекор во унапредувањето на својата туристичка промоција преку изработка на современ 360° визуелен водич, реализиран во рамките на Договорот за соработка со „Македонија на дланка – Агенција за туризам и маркетинг“, носител на националниот проект „360° Визуелен водич – Македонија на дланка“.

Новата дигитална платформа овозможува интерактивно и реалистично запознавање со природните, културните и јавните содржини на територијата на Општина Илинден. Посетителите имаат можност виртуелно да прошетаат низ населените места и да се запознаат со образовните установи, спортските терени, парковите, верските и културните објекти, како и со други значајни локации во општината.

Визуелниот водич содржи околу 250 интерактивни 360° панорами, снимени од воздух, како и виртуелни прошетки низ повеќе објекти, овозможувајќи им на корисниците уникатно искуство и можност да ја запознаат Општина Илинден од каде било во светот. Во следниот период е предвидено дополнително проширување на содржините со вклучување на нови локации и објекти од сите населени места во општината.

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за примена на современи дигитални технологии во промоцијата на локалните потенцијали, придонесувајќи за поголема туристичка препознатливост и подобра презентација на општината пред пошироката јавност.

Виртуелниот водич е достапен на следниот линк: www.macedoniafromabove.mk/ilinden/.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер