Самитот на Г20 започна во сенка на бојкотот на САД и тензиите во Украина - Канал 5

Самитот на Г20 започна во сенка на бојкотот на САД и тензиите во Украина

Дводневниот самит на Г20 на водечките економии започнува денеска, обележан со отсуството на многу светски лидери и жестоката дебата за мировниот план на САД за Украина, објави ДПА.

Самитот на Г20 започна во сенка на бојкотот на САД и тензиите во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и шефовите на државите на Русија и Кина - Владимир Путин и Си Џинпинг - се меѓу лидерите кои го откажаа своето учество на првиот самит на Г20 на африканскиот континент. Лидерите на Мексико и Аргентина исто така се отсутни.

Администрацијата на Трамп целосно ги бојкотира разговорите бидејќи ја обвинува јужноафриканската влада за строги репресии врз белите земјоделци. Јужна Африка ги отфрла обвинувањата како неосновани.

Домаќинот на состанокот, јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, го фокусира самитот на теми за солидарност, еднаквост и одржливост.

Неговите главни приоритети вклучуваат олеснување на долгот за земјите во развој, праведна енергетска транзиција, фер и чиста употреба на оскудните природни ресурси, фер распределба на товарот во заштитата на климата и безбедноста на храната.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика земјите од Г20 да работат на ставање крај на конфликтите што „предизвикуваат толку многу смрт, уништување и дестабилизација низ целиот свет“.

Гутереш конкретно ги спомена војните и конфликтите во Украина, Газа, Судан, Мали и Демократска Република Конго.

-Насекаде - од Хаити до Јемен, Мјанмар и пошироко - мора да избереме мир заснован на меѓународното право, рече тој. Тој, исто така, ги повика земјите да преземат мерки за климатските промени и да помогнат во намалувањето на глобалните нееднаквости: и финансиската нееднаквост и застапеноста во меѓународните институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗТ Скопје и Васко Атанасов ја завршија соработката

Најдобриот македонски кошаркарски клуб, шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја заврши соработката со тренерот Васко Атанасов.

МЗТ Скопје и Васко Атанасов ја завршија соработката

Двете страни спогодбено ја прекинаа соработката, соопштија денеска од таборот на актуелниот македонски кошаркарски шампион.

Атанасов го презеде кормилото на сино-белите во 2023 година и веднаш се запиша во историјата на домашната кошарка како најмладиот стратег кој успеал да стигне до шампионски трофеј. Од клубот изразија огромна благодарност за неговиот придонес и неверојатните успеси кои ги постигна со тимот од Аеродром, со желби за среќа во понатамошната кариера.

„Управата на клубот му изразува огромна благодарност на Васко за неговиот беспрекорен труд, посветеност и за професионализмот што го покажа водејќи го нашиот тим. Му посакуваме многу здравје и уште поголеми успеси во неговата понатамошна тренерска кариера!“, стои во соопштението на клубот.

Името на новиот шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје ќе биде објавено дополнително, а дотогаш тимот ќе го водат неговите помошници Дејан Србиновски и Тино Даневски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

Веќе со месеци говориме за српскиот свет што го води СДС, преку Башановиќ и Милјан Шчекиќ, а Филипче и другарите само испорачуваат.

Доказ за тоа дека Филипче и СДС слугуваат на српскиот свет е токму оваа фотографија, едно од многуте соопштенија коишто Башановиќ и Шчекиќ ги пишуваат за СДС, ама не го владеат добро македонскиот јазик, па затоа честопати се забележуваат и печатни грешки.

Она што го слушате од Филипче кога ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, впрочем е насока од српскиот или бугарскиот свет за кого Венко одработува.

СДС со Филипче и Заев поради многу контроверзии со кои се соочуваат, мораат да се продадат на некој друг, бидејќи тука во Македонија не ги сакаат.

Едниот криминалец со тапија, а другиот без.

Наместо да се заангажираат за Македонија, тие работат за уништување и потчинување на државата, работејќи за странски служби.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска заеднички официјално го пуштија во употреба новиот мега парк „Бутелска оаза“.

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијата

- Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа. Се сеќавам, кога ја подготвувавме програмата за Скопје, Дарко побара да изградиме парк десет пати помал од овој што денес го отвораме. Ги разгледавме можностите и решивме да направиме многу повеќе - еден од најголемите мега паркови во Скопје, каков што Бутел заслужува. Денес, таа одлука е реалност пред нашите очи. На просторот каде што се планираше бетонизација, сега има огромна зелена површина, реквизити за најмладите, пешачки зони и фитнес зони за рекреација. Место за првите детски чекори, за младите и нивните дружења, за семејните прошетки и за спокојните утра на нашите пензионери. Простор за сите генерации. Простор за секој граѓанин – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за одржување на зеленилото, целиот комплекс има сопствен систем за наводнување со техничка вода.

- Создаваме парк со услови за долгорочно и одржливо одржување, за во неговата убавина да уживаат и генерациите што доаѓаат. Секое засадено дрво е влог во почист воздух. Секоја нова зелена површина е придонес за помалку урбана жештина. Секој нов парк е повеќе простор за здравје, рекреација и поквалитетен живот. Тоа е Скопје за кое работам. Град во кој секое маало е важно, секоја општина добива внимание и секој граѓанин заслужува уреден и достоинствен простор за живот. Бутел ја доби својата оаза. Скопје доби уште една причина за гордост. Да ја чуваме, затоа што ова е наше заедничко богатство – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски нагласи дека со гордост може да каже дека ветеното за Бутел за неговиот четиригодишен мандат е реализирано уште во првата година и посака новиот мега парк „Бутелска оаза“ да биде полн со живот, детски џагор и убави моменти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер