Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
БалканСамитот ЕУ- Западен Балкан заврши без заклучоци Без заедничка изјава и без прес-конференција денеска во Брисел заврши самитот ЕУ-Западен Балкан, кој траеше повеќе од три часа.Кабинетот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел соопшти дека закажаната конференција е одложена поради недостиг на време бидејќи состанокот траел подолго од планираното, а заедничката декларација не била ни закажана. И покрај немањето какви било резултати, придружбата на Мишел вели дека средбата поминала добро. Лидерите на 27-те земји-членки ќе го започнат својот редовен самит подоцна попладне и се очекува да дадат зелено светло за кандидатски статус за Украина и Молдавија. Така, двете земји ќе ги прескокнат Босна и Херцеговина и Косово на патот кон ЕУ, единствените две земји од Западен Балкан кои се уште немаат кандидатски статус. ЕУ во 2003 година на самитот во Солун му вети на Западен Балкан европска перспектива. Француското претседателство се обидува да ја укине бугарската блокада на Македонија, која чека одобрение заедно со Албанија за отворање на пристапните преговори. Сепак, тие надежи ги сруши бугарскиот премиер Кирил Петков, кој пред самитот со Западен Балкан изјави дека нема изгледи за деблокирање на отворањето на преговорите со Македонија на самитот, но навести дека решението може да се постигне на наредните денови. Имаше предлози за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина, но за тоа нема консензус. Нацрт-заклучоците што ќе ги усвојат лидерите на ЕУ за време на самитот ја повторуваат целосната и недвосмислена посветеност на перспективите за членство на земјите од регионот и повикуваат на забрзување на процесот на пристапување. На инсистирање на Хрватска, нацрт-заклучоците ги повикуваат водачите на БиХ итно да го спроведат своето ветување за завршување на уставните и изборните реформи. Нацрт-заклучоците го поздравуваат договорот постигнат од водачите на парламентарните партии на БиХ на состанокот со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на 12-ти јуни, на кој тие ветија, меѓу другото, да ги спроведат ограничените уставни и изборни реформи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook