Самит за родова еднаквост во спортот - Канал 5

Самит за родова еднаквост во спортот

На Самитот за родова еднаквост во спортот 15 федерации поддржани преку субгрантирање од МОК ги презентираа акциските планови за инклузивност.

Самит за родова еднаквост во спортот

Денеска во Скопје се одржа Самитот за родова еднаквост во спортот, на кој беа презентирани резултатите од проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“. Настанот е во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), здружението „Sport Social Solutions“ и Параолимпискиот комитет на Македонија, а е реализиран со финансиска поддршка од Европската Унија.

Како што беше истакнато на самитот, во рамките на овој проект, 15 национални спортски федерации добија суб-грантови во висина од по 6.700 евра. Овие средства се наменети за развој и спроведување на сопствени акциски планови за родова еднаквост, како и за имплементација на конкретни мерки со кои спортските организации треба да станат поправедни, побезбедни и поинклузивни.

За време на настанот беа презентирани резултатите од досегашните активности на грантистите, при што беа споделени успешни практики, научени лекции и конкретни примери за улогата на спортските федерации како двигатели на позитивни општествени промени.

Во рамки на самитот се одржа и панел-дискусија на која претставници на спортските федерации и на Параолимпискиот комитет дебатираа за предизвиците, можностите и за идните чекори потребни за поголема застапеност на жените, како на спортските терени, така и во процесите на донесување одлуки.

Организаторите изразија задоволство од покажаното лидерство и посветеност на вклучените федерации, посочувајќи ги како пример за позитивни промени во македонскиот спорт и инспирација за идните генерации. Од самитот беше испратена порака дека еднаквите можности во спортот се заедничка одговорност и дека продолжува работата кон градење спортски систем кој е безбеден, инклузивен и достапен за сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ги одобри преговорите за укинување на роамингот со Западен Балкан

Од 2027 година повикот од Мадрид и користењето на интернет во Париз ќе ве чини исто како во Скопје – доколку иницијативата на Брисел заврши успешно, ситемот „Роаминг како дома“ ќе ги надмине границите на Западен Балкан. 

ЕУ ги одобри преговорите за укинување на роамингот со Западен Балкан

Одлуката најмногу зависи од ЕУ, која во следните два дена ќе започне преговори со секоја од земјите, а чија намера е земјите-кандидатки од регионов да добијат претпристапни бенефиции, меѓу кои е и бесплатниот роаминг во ЕУ

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски е оптимист дека Македонија ги исполнува предусловите, односно, како што изјави за Канал 5, изготвен е новиот закон за електронски комуникации, па очекува да влеземе во преговорите, да потпишеме и ратификуваме договор и догодина да го примениме системот.

-Одлуката најмногу зависи од ЕУ, на наша обврска беше апроксимација на законодавството кое што се однесува на законот за електронски комуникации и прилагодување со европскиот код, директивата код, или законот за електронски комуникации на ЕУ. Ние тие чекори како Влада веќе ги направивме и ги испративме до ЕК на мислење и по добивањето на позитивното мислење ќе го однесеме во Собрание и ќе бараме тој да се донесе. Иако сите рокови зависат од ЕУ, можам да кажам дека ние сме оптимисти дека целиот овој процес ќе се заврши оваа година и дека веќе во 2027 ќе имаме можност бесплатно да разговараме и да користиме интернет кога патуваме во државите членки во ЕУ,- - Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација.

Според Андоновски, проектот претставува вид на визна либерализација во дигиталниот свет од кој бенефит ќе имаат сите граѓани, но најмногу оние кои се во бизнисот и имаат почести патувања.

Овој проект претставува еден вид визна либерализација во делот на дигитализицијата, што значи дека сите Македонци кои патуваат во странство, во ЕУ, но и сите нашинци од дијаспората кога доаѓаат во Македонија ќе можат по иста цена како што плаќаат во нивните држави, по иста цена да ги користат сите услуги на телефонија, смс пораки и интернет кога доаѓаат во Македонија или нашите кога патуваат во ЕУ, и тоа многу ја олеснува комуникацијата и патувањата, а најмногу му ползува на бизнисот кој не познава граници во традиционална смисла,- - Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација.

Во слична насока е и СЕПА, каде пристапивме лани и веќе функционира, а со тоа на граѓаните добија помали провизии, парите од меѓународни трансфери побргу стигаат, а онлајн купувањата од ЕУ компании се полесни. Бенефитот кај фирмите е – помали банкарски трошоци при плаќања кон европски партнери, поедноставна трговија со компании од ЕУ и подобра конкурентност за извозниците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Научници од Кембриџ ја развија првата вакцина во светот користејќи вештачка интелигенција

Научниците од Универзитетот во Кембриџ развија „фундаментално нов“ вид вакцина чија клучна состојка е целосно дизајнирана од вештачка интелигенција и тестирана на луѓе за прв пат.

Научници од Кембриџ ја развија првата вакцина во светот користејќи вештачка интелигенција

Вакцината е дизајнирана да делува против сите коронавируси, вклучувајќи ги варијантите на covid и вирусите што се пренесуваат од животни на луѓе. Истражувачите ги анализирале генетските кодови на различни коронавируси и, со помош на вештачка интелигенција, создале супер-антиген кој го тренира имунолошкиот систем да го препознава целото семејство на вируси, дури и ако мутираат.

Првите клинички испитувања на 39 лица покажаа дека вакцината е безбедна, додека следната студија на околу 200 испитаници ќе даде појасна слика за нејзината ефикасност, пишува BBC.

Професорот Џонатан Хини рече дека ова е фундаментална промена во подготвеноста за пандемија, додека професорот Саул Фoст оцени дека технологијата дефинитивно има потенцијал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Емотивно збогување на петооделенците од ОУ Кирил Пејчиновиќ со нивната одделенска наставничка

Учениците заедно со родителите и приредија изненадување на наставничката Даниела, од кое се расплакаа дури  и не толку емотивните.

Емотивно збогување на петооделенците од ОУ Кирил Пејчиновиќ со нивната одделенска наставничка



⭐ Благодарност до Даниела Јовановска – 5 В ⭐

По пет незаборавни години исполнети со учење, смеа, дружба и безброј спомени, дојде моментот на разделба.

Од срце ѝ благодариме на нашата драга наставничка Даниела Јовановска за целата љубов, трпение, поддршка и посветеност во овие 5 години. ❤️

Таа не беше само наставничка, туку и наш водич, мотиватор и дел од нашето мало училишно семејство.

Сите спомени што ги создадовме заедно ќе останат засекогаш во нашите срца 🤍

5 В – засекогаш ќе ве памети ❤️

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер