Самит во Белата куќа – Почеток на крајот во војната во Украина? - Канал 5

Самит во Белата куќа – Почеток на крајот во војната во Украина?

Швајцарија, Унгарија, можеби и Турција ова се можните локации за најавената историска средба меѓу украинскиот и рускиот  претседател Влодомир Зеленски и Владимир Путин, која треба да се случи во следните две недели.

Самит во Белата куќа – Почеток на крајот во војната во Украина?

Сепак официјални детали се уште нема, но неофицијлано Путин ја прифатил поканата на америкаснкиот претседател Доналд Трамп, кој вчера го паузираше состанкот во белата куќа со европските лидери и телелфонски го контактирал. Дека Путин иако отсутен сепак беше клучна тема во разговорите се слушна и од неформалниот разговор меѓу Трамп и Макрон.

-„Мислам дека сака да склучи догово. Мислам дека сака да склучи договор со мене, разбирате ли? Колку и да звучи лудо.“, Доналд Трамп – претседател на САД.

Украинскиот претседател беше пријателски дочекан во Белата куќа,но овој пат друштво во разговорите за можните патишта кон мир му правеа и францускиот претседател, Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателактта на ЕК Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на на НАТО, Руте.

„Претседателот Путин се согласи дека Русија ќе прифати безбедносни гаранции за Украина и ова е една од клучните поенти што треба да ja разгледаме и ќе ja разгледаме, исто така, како и тоа кој што ќе прави, во суштина сум оптимист дека колективно можеме да постигнеме договор што би спречил каква било идна агресија врз Украина.“- Доналд Трамп – претседател на САД.

Безбедносните гаранции се од суштинско значење, согласни и европјеците и америкнаците, по синоќешните неколку часовни разговори во Белата куќа, но Трамп остана прилично резервиран во врска со тоа каkо би можела да изгледа конкретната поддршка. Според дел од експерите можни опции се распоредување на европски и американски трупи во Украина, логистичка или разузнавачка поддршка.

Иако прекин на огнот кој беше еден од предусловите на Зеленски за средба со Путин не е договорен, спека украинскиот претседател задоволен од наајвите. Вели неговата земја во следните десетина дена ќе финализира гаранциите за безбедност, а темата за можни територијални отспапки кои ги бара Русија вели – ќе биде тема која ќе ја остави за разговрот меѓу него и Путин.

„Ова е клучна тема како почеток на завршување на војната. Верувам дека ова е голем чекор напред. Сè уште не можам да кажам како ќе оди или да ги откријам сите детали. Но, важно е дeка постои политичка волја и има политички одлуки.... Не не немаме датум, само потврдивме со претседателот и сите колеги, партнери, дека сме подготвени на трилатерална средба. Украина никогаш нема да запре на патот кон мирот... “- Володомир Зеленски – претседател на Украина.

За европските лидери клучно е огнот да прекине – велат не можат да замислат нов состнаок без тоа да се случи. На маса беа отворени критичните прашања - иако атмосферата во Белата куќа беше подобра сепак напредокот во содржината на разговорите се чини беше ограничен.

„Лично, имам сериозни сомнежи за реалноста на желбата за мир од страна на рускиот претседател, бидејќи сè додека мисли дека може да победи преку војна, тој ќе го стори тоа. А неговата крајна цел е да освои што е можно повеќе територија, да ја ослабне Украина и да има Украина која не е одржлива сама по себе или во рамките на руската сфера на влијание.“ - Емануел Макрон – претседател на Франција.

„Таков самит е можен само ако оружјето мирува. Денес го повторив ова барање. Второ, таков самит мора да биде темелно подготвен. Не знаеме дали рускиот претседател ќе има храброст да присуствува на таков самит. Затоа е потребно убедување.“- Фридрих Мерц – германски канцелар.

На разговорите во Белата куќа им претходеше состанок меѓу Трамп и Путин на Алјаска в петокот. По што америксанкиот претседател посочи дека е постигнат голем напредок во разговорите за условите за мир. Неколку дена по оваа средба рускиот министер за надворшени работи Сергеј Лавров со пофали Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги искритикува европските лидери за инсистирањето на прекин на огнот.

Според последните информации, Путин бара сеопфатен договор, а потоа прекин на огнот, спротивно од ставот на Брисел и Киев. Тој воедно бара Украина целосно да се повлече од Доњецк и Луганск во замена на замрзнување на фронтот во Херсон и Запорожје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен.

Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира.

Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба.

Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер