Салтировски: Скопје регион со највисоки загуби на електрична енергија

Липково прва општина целосно покриена со смарт броила, Скопје регион со највисоки загуби на електрична енергија.

Не е точно дека загубите на електрична енергија во мрежата се поврзани со етничката припадност на населението. Липково ќе биде прва општина во земјава целосно покриена со смарт броила за електрична енергија и со загуби од 10 проценти, а Скопје е регион со највисоки загуби од 20 проценти, оцени денеска менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски.

-Во Арачиново броилата се надвор на улица и таму има 10 проценти загуби во јуни и во јули, така што тој проблем е веќе среден. Арачиново има загуби од 10 проценти, тоа е на ниво на технички загуби и се едни од најниските на ниво на цела Македонија. Во Слупчане проектот оди глатко и веќе се привршува така што општина Липково ќе биде првата општина во Македонија целосно покриена со смарт броила и цела општина со загуби под 10 проценти, рече Салтировски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на министерот за економија Крешник Бектеши на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Абдуљ Сељам Селами.

Како што нагласи ЕВН во Липково работи на загубите на енергија повеќе од 10-ина години, а работи и на многу други места, како што се Грчец, Батинци, но почнува проекти и во Драчево и во Лисиче, итн.

-Загубите се проблем на ниво скоро на цела територија на Македонија, а за Скопје особено. Скопје е регион со највисок процент на загуба. Тетово има помали загуби од Битола. Така што, не е секогаш поврзано тоа етнички и зависи од многу други фактори, дали се политички, економски итн., но не е поврзано етнички како што беше прикажано. На пример, Кичево, Струга имаат мали загуби, а 20 проценти се во цело Скопје. И кај и да одите во Скопје, дали сте во Лисиче, дали сте во Драчево, особено во руралниот дел кај што нема колективни згради секаде има загуби. И тоа е вистината, потенцира Салтировски.

Разрешен медицинскиот директор на скопска Токсикологија, Данил Петровски

Министерот за здравство во заминување, Илир Демири ги оствари најавите.. 

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски. Економската директорка Бесије Иљази, која подолго време беше во отворен судир со Петровски, пак останува на клиниката.

Причина за разрешувањето од директорската позиција според министерството за здравство е неправилности во работата, но ќе остане да работи на клиниката.

Петровски во телефонски разговор за Канал 5 вели дека се сомнева дека е разрешен поради тоа што за време на годишен одмор дошол на вонредно дежурство, поради дефицит на кадар, нешто што со закон според него е дозволено.

„Имам право да дежурам според закон за работни односи, каде што сам се откажувам од правото на одмор и сам се пријавувам кога има потреба од дежурство. “

На разрешувањето реагираа и вработените од токсикологија.

Случувањата на токсикологија со недеи беа во фокусот на јавноста поради низата скандали поврзани со функционирањето на клиниката. Министерот за здравство уште пред изборите најави разрешување на Петровски затоа што не ги продолжил договорите на 18 те хонорарци.

13- годишно момче од Битола починало на роденденска забава

Момче (13) од Битола починало во неделата на роденденска забава.

Трагедијата се случила во атарот на селото Крстоар, додека момчето славело со другарите.

На момчето околу 15 часот и 30 минути му се слошило додека си играло со момчињата, а присутните веднаш повикале брза помош, која го пренела во болницата во Битола.

По пристигнувањето во болница, момчето не давало знаци на живот, а лекарите по 40 минути реанимација можеле само да констатираат смрт.

Од полицијата изјавија дека не се познати причините за смртта и дека телото ќе биде испратено на обдукција. Исто така, како што наведоа, на телото не биле забележани траги на насилство.

Црната боја - признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената за ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување коешто открива дека човек е вообичаено „најпривлечен“ за другите, но им изгледа и „најпаметно“ и „најсамоуверено“ во црна облека.

Обемното истражување на британската интернет-продавница „Бајшртсонлајн“ (Вuytshirtsonline) во коешто учествувале повеќе од 1.000 испитаници, во таа смисла, посочува оти црната боја е на место бр. 1... Поточно, луѓето кои носат црна облека - и жени и мажи, другите ги гледаат како најпривлечни, најинтелигентни и со најголема самоувереност.

Во категоријата за самодоверба, црвената боја е на второ место, а на прво место во разредот ароганција. Црвената е место бр. 2 и во категоријата за привлечност, па и тука е веднаш зад црното, а трета е сината боја. Само 12 отсто од испитаниците го поврзуваат црвената облека со интелектот.

Луѓето кои носат жолта, портокалова и розова облека, испитаниците ги сметаат за најмалку интелигентни. Луѓето кои носат кафена облека се сметаат за најмалку привлечни. /МИА

притисни ентер