Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
1Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
2Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
3Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
Шоу бизСалма Хајек се бори за себе и за сите актерки во Холивуд: Секси сум и нема да се извинам за тоаАктерката Салма Хајек не се откажува од борбата против предрасудите во филмската индустрија, зборувајќи против сексизмот, староста и стереотипните портрети на жените на големото платно.Мексиканската ѕвезда верува дека е време за промени и повеќе можности за актерките од сите генерации. Да се биде жена во Холивуд Салма Хајек отсекогаш била отворена за дискриминацијата што ја доживеала во Холивуд - без разлика дали поради нејзиното потекло, пол или возраст. Актерките, особено оние над 40 години, често се соочуваат со ограничен избор на улоги, додека машките колеги на иста возраст продолжуваат да играат романтични херои и главни улоги. „Бев „таа секси девојка“, но фала му на Бога, годините ми дадоа можност да истражувам нови територии. „Сепак, сè уште сум привлечна и гордо го прифаќам тоа“, изјави Хајек во интервју за „Marie Claire“. Глас за промени во индустријата Хајек ја користи својата платформа за да ги истакне неправдите кон жените во забавната индустрија и да се бори за поголема различност во филмските наративи. Во интервју за „Гардијан“ во 2020 година, таа се присети на раните денови од нејзината кариера и на стравот да не биде отфрлена додека старее. „Кога бев помлада, ги гледав постарите актерки и мислев: „Нема шанси да преживеам во оваа индустрија бидејќи тие ќе престанат да ми даваат улоги“. Среќна сум што се уште сум тука“. Таа верува дека промената треба да дојде од внатре - од продуценти, режисери и сценаристи кои ќе сакаат да ги прикажат жените во различни фази од нивниот живот на автентичен начин. Мажите остануваат, жените исчезнуваат Во интервју за People во 2017 година, Хајек укажа на двојните стандарди кои преовладуваат во Холивуд: „На мажите им е дозволено да стареат и сепак да играат романтични улоги. Жените се отфрлени. Тоа е неправедно, но тоа е реалност. Се борам за повеќе улоги за жени над 40 години“. Таа истакнува дека ова не е само холивудско прашање, туку и на општеството во целина, каде постарите жени често се маргинализирани, додека на мажите се уште им се даваат бројни можности, како во кариерата, така и во животот. Сексипилот не познава години Освен што се бори за повеќе улоги, Хајек не крие дека ужива во својата женственост и не дозволува нејзината возраст да ѝ диктира како треба да се чувствува. "Луѓето мислат дека кога жената ќе помине одредена возраст, таа мора да се пензионира и да престане да биде привлечна. Го отфрлам тоа. Се уште се чувствувам секси и нема да се извинувам за тоа", рекла таа. Нејзиното појавување на црвените килими, модните ревии и социјалните мрежи често предизвикува ентузијазам, бидејќи покажува дека жената може да биде самоуверена, успешна и посакувана на која било возраст. Ново поглавје за актерките од сите генерации Салма Хајек е пример за истрајност и борба за еднаквост во филмската индустрија. Нејзината кариера докажува дека талентот и харизмата не познаваат години и дека актерките можат да бидат подеднакво моќни и релевантни без разлика на возраста. Нејзината борба против староста ги отвора вратите за новите генерации и ги менува перцепциите за тоа што значи да се биде жена во Холивуд. Холивуд е индустрија која се менува, но има уште долг пат да помине. Хајек е глас кој не се откажува, потсетувајќи нè дека жените не се „потрошна роба“ и дека нивната вредност не опаѓа со возраста, туку расте со искуството, мудроста и силата што ги носи времето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕгипет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава Според дел од информациите што се споделуваат египетските власти оваа и останатите 30-ина организации ја поврзуваат со транснационални исламистички движења како „Муслиманско братство“, кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни. Невладина организација од Скопје се најде на листата од 35 терористички организации кои Египте ги прогласи за закана за државата. Одлуката ја донел Кривичниот суд во Каиро, а Решението е објавено во египетскиот Службен весник. Според листата објавена во медумите и на социјални мрежи, се работи за Здружението „Исламски младински форум – Скопје“, кое фигурира во јавно достапните податоци од Централниот регистар, но нема официјална потврда за тоа. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со македонската организација на јавно наведенот телефонски број, но никој не одговори на нашиот повик. Како што дознава „Канал 5“ од свои извори, здружението „Исламски младински форум – Скопје“ веќе неколку години не функционира активно, наводно поради блокирани банкарски сметки и сомнежи поврзани со неговото финансирање. Организацијата функционирача уште од 90-тите години, а пред пандемијата имала простории во близина на Мавровка и во скопската населба Јаја Паша. Нејзините активности главно биле насочени кон едукација на младите, организирање курсеви и програми за нивна интеграција во општеството. Раководството се менувало на секои две години. „Канал 5“ побара одговори од Агенцијата за национална безбедност и МВР дали се запознаени со египетската одлука, за која конкретна организација станува збор и дали таа претходно била предмет на безбедносни проверки за евентуални врски со радикални или екстремистички структури, но до објавувањето на прилогот не добивме одговор. Египетските власти тврдат дека организациите од списокот се дел од европска мрежа поврзана со Муслиманското братство, но не се објавени конкретни докази за секоја од нив поединечно. Братството е забрането во Египет од 2013 година, по воениот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси, а на власт дојде Абдел Фатах ал-Сиси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрвостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци. Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна. Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството. По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани.. Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураПремиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија. Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа. Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство. На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16