СветСаливен: САД бараат од Хамас да ги ослободи жените, постарите и ранетите заложници Белата куќа синоќа ги повика милитантите на Хамас да ги ослободат жените, постарите и ранетите заложници што ги држат во Појасот Газа и да прифатат привремен прекин на огнот во конфликтот со Израел за да се обезбеди потраен крај.Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека шестнеделниот прекин на огнот прифатен од Израел може да се претвори во потраен прекин на непријателствата доколку Хамас ослободи жени, постари и ранети заложници, пренесоа британските медиуми. Саливан истакна дека Израел ги прифатил условите од шестнеделниот прекин на огнот во замена за ослободување на некои од заложниците кои ги држи Хамас. Хамас, пак, наведува дека ќе прифати само траен договор за прекин на огнот што вклучува повлекување на израелските трупи од Појасот Газа, а не уште едно привремено примирје. Според последниот предлог, Израел треба да ги ослободи палестинските затвореници во однос 10 спрема еден на бројот на ослободените заложници. На 7 октомври Хамас зеде најмалку 200 заложници и уби околу 1.200 лица во нападот врз јужен Израел. За време на еднонеделното примирје кон крајот на ноември, Хамас ослободи повеќе од 100 израелски и странски заложници во замена за ослободување на околу 240 палестински затвореници од затворите во Израел. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПариз подготвува посебни концерти во чест на Селин Дион со илјадници свеќи Две години откако Селин Дион ги воодушеви милиони гледачи ширум светот со својот настап на отворањето на Олимписките игри во Париз, нејзините песни повторно ќе одекнат низ Ајфеловата кула. Овој пат станува збор за специјална серија концерти во чест на канадската пејачка, кои ќе се одржат под светлината на илјадници свеќи, пишува Paris Secret. Најголемите хитови во посебна поставка Концертите ќе се одржат на 11 и 29 декември 2026 година, и на 4 февруари 2027 година, во салата „Густав Ајфел“ на првиот кат од Ајфеловата кула. Иако Селин Дион нема да настапи лично, публиката ќе може да ужива во инструменталните изведби на нејзините најголеми хитови. Гудачкиот квартет ќе изведе песни како „My Heart Will Go On“, „I'm Alive“, „Pour que tu m'aimes encore“ и „S'il suffisait d'aimer“, како и „L'Hymne à l'amour“ од Едит Пјаф. Посебна атмосфера ќе создадат илјадници свеќи, додека Париз ќе биде украсен со празнични светла за време на декемвриските концерти. Потсетник за емотивното враќање на пејачката Селин Дион настапи на Ајфеловата кула на 26 јули 2024 година, на крајот од церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз. Со изведбата на песната „L'Hymne à l'amour“ таа ги допре гледачите низ целиот свет. Тоа беше нејзин прв настап откако во декември 2022 година откри дека страда од синдром на вкочанета личност, ретко невролошко нарушување. Новите концерти ќе се одржат на истиот кат од Ајфеловата кула каде што таа настапуваше тогаш. Тие се организирани како дел од меѓународната концертна програма Candlelight, позната по изведбите на класична и популарна музика на светлина од свеќи. Колку чинат билетите? Цените на билетите моментално почнуваат од 54 евра, а може да се купат преку платформата Fever.Тагови: Селин Дион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПознат е идентитетот на младиот човек, кој се запали во центарот на Варшава Украинецот кој се самозапали вчера пред Претседателската палата во Варшава побара на украинските граѓани во Полска да им се гарантираат истите права како и на полските граѓани.Станува збор за 22-годишен украински државјанин, Едвард, студент на Варшавскиот технички универзитет, пишува Украинска правда. Тој пристигнал пред Претседателската палата со ранец во кој имало запалива течност и неговите документи. Со овој чин, тој сакал да побара украинските граѓани во Полска да имаат ист третман како и Полјаците. Првите информации велат дека носел транспарент или хартија на која веројатно ги објаснил причините за својот протест, но точната содржина на пораката сè уште не е позната. Состојба на повредениот Младиот човек претрпел тешки изгореници на лицето, вратот, рацете и торзото, а облеката му била целосно изгорена. Бил свесен кога пристигнала брзата помош. Бил пренесен во болницата на улицата Сасеров во Варшава, во Воено-медицинскиот институт. Портпаролот на Институтот, Мариуш Ѓереј, утрово потврди за весникот „Факт“ дека младиот човек е жив. Украинското Министерство за надворешни работи објави дека жртвата најверојатно е украински државјанин и дека полските власти спроведуваат конечна постапка за потврдување на идентитетот.Тагови: Варшава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСе снима филм за животот на Зинедин Зидан Снимањето на биографскиот филм за поранешниот француски фудбалер и актуелен селектор на француската репрезентација Зинедин Зидан, под работен наслов „Un Destin“ (Судбина), треба да започне во јануари 2027 година во Марсеј и неговата околина.Филмот ќе го следи животот и кариерата на еден од најпознатите светски фудбалери, од неговото детство во областа Кастелане во Марсеј, освојувајќи ја Златната топка и титулата светски шампион во 1998 година, сè до неговиот успех со Реал Мадрид. Филмот ќе ги опфати и настаните од Светското првенство во 2006 година, вклучувајќи го и неславниот инцидент во финалето кога Зидан со глава го удри италијанскиот играч Марко Матераци. Аудициите се во тек Според француските медиуми, аудициите веќе се во тек, продукцијата бара актери за улогите на членовите на семејството со потекло од Кабиле, домородните северноафрикански бербери, млади фудбалери и истакнати личности од светот на францускиот фудбал, меѓу кои Бернар Тапи, Аме Жаке, Биксенте Лизаразу и Кристоф Дугари. Режисер на филмот се очекува да биде Али Бугераба, 50-годишен режисер со алжирско потекло, кој во младоста тренирал во младинската академија на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј. Зидан (54) неодамна започна нова фаза од кариерата како селектор на француската репрезентација, а следните натпревари на неговиот тим се закажани за март, кога на 25 и 28 март во четврт-финалето на Лигата на нации ќе ги одмерат силите со актуелниот светски првак, Шпанците.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter