Салихи : СДСМ ги зголемува можностите за вработување на младите, донесен Законот за младински додаток

СДСМ преку конкретни мерки наменети за младите создава подобри услови за зголемување на стандардот и можностите младите да ја градат својата иднина во татковината, рече Есра Салихи, членка на Извршниот одбор на СДСМ. 

Собранието на предлог на СДСМ го усвои Законот за младински додаток кој обезбедува месечна исплата од 3.000 денари на млади вработени лица до 23 години во производните дејности.

Младински додаток од 3.000 денари добиваат младите вработени во производните дејности, оние што се самовработени, вработени преку приватна агенција, како и младите индивидуални земјоделци.

Оваа мерка овозможува подобрување на животниот стандард на младите, но и ја стимулира атрактивноста на стручните занимања, за кои на пазарот на трудот постои голем интерес.

Младинскиот додаток заедно со мерките за стимулирање на интересот за дуално, односно стручно образование, зголемениот фонд на Оперативните мерки за вработување во огромна мерка им отвора шанси за вработување на младите.

Младинската гаранција, опфати над 20 илјади млади лица на територија на целата држава. Од нив преку младинска гаранција се вработени 6.004 лица.

Особено позитивен ефект се бележи кај младите роми со вклученост од 1457 млади лица, а од нив 212 веќе се вработени во 2019 година.

Во последниот квартал стапката на невработеност кај младите ја намалиме на 35%, за споредба во 2016 кога тој процент беше 48,2.На прав пат сме. СДСМ останува посветен на реализација на мерките што значат вистинска грижа за младите, рече Салихи.

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер