2Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември
3Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
ЗдравјеСакате среќно дете? Овие 12 правила менуваат сèГречен Рубин, авторка, истражувач и мајка, повеќе од деценија ја проучува науката за среќата. Во тој процес, таа извлекла голем број лекции што можат да ви помогнат да создадете поисполнет живот, од кои многу се особено корисни во воспитувањето.Во статија за CNBC, таа наведува 12 правила што самата ги применува, а кои, вели таа, прават голема разлика во секојдневниот живот на едно семејство. 1. Да знаете кога да се откажете и да се прилагодите Ако сте испланирале совршен ден со семејството, а вашето дете едноставно не е расположено, вреди да направите пауза и да се прилагодите. Нема смисла да инсистирате на активност што треба да биде забавна, како што е одење во зоолошка градина, ако вашето дете доживува бес. Понекогаш флексибилноста е најдобрата одлука. 2. Останете смирени и за себе и за вашето дете Децата треба да ја чувствуваат стабилноста на нивниот родител, без оглед на нивното однесување. Кога возрасните успеваат да останат смирени, тие создаваат средина во која детето може полесно да се смири и да не се чувствува под притисок да го „регулира“ расположението на својот родител. 3. Топлите поздрави и збогувања прават чуда Малите ритуали на поздравување и пречек создаваат атмосфера на внимание и нежност во домот. Рубин ја нагласува важноста од тоа децата, а и вашиот партнер, да почувствуваат дека сте навистина среќни кога ќе се појават на вратата. Кратка прегратка или допир честопати вредат повеќе од долг разговор. 4. Славењето на малите нешта носи радост во секојдневниот живот Специјалните празнични појадоци или невините првоаприлски шеги носат радост и за децата и за родителите. Ова се мали, брзи ритуали што можат да го направат денот посебен и незаборавен. 5. Кажете „не“ само кога е нужно Ако вашето дете сака да носи несоодветна облека или да спие со главата надолу на креветот, нема потреба од проблем. Рубин го цитира Семјуел Џонсон: „Секоја строгост што не тежнее да го направи доброто поголемо или да го спречи злото е бескорисна.“ Со други зборови, за некои борби не вреди да се троши енергија. 6. Прилагодете го вашиот пристап кон личноста на вашето дете Рубин ги дели децата (и возрасните) на четири типа – луѓе од акција, испитувачи, поддржувачи и бунтовници. Во зависност од личност на детето, тоа може на истата задача, како што е вежбањето пијано, да реагира на сосема различен начин. Пристапот преку кој се почитува личноста носи многу подобри резултати. 7. Хуморот може да го спаси и најтешкиот момент Подготвеноста да се шегувате, дури и на сопствена сметка, помага стресните ситуации да ги претворите во спомени. Кога нејзината ќерка „ја превртела кујната наопаку“, Рубин одлучила да се смее наместо да се лути, и со тек на време, ова се покажало како добро вложен рефлекс. 8. Истакнувајте ги силните страни на вашето дете Родителите можат да им помогнат на децата да ги препознаат сопствените таленти: снаодливост, имагинација, меморија или креативност. Ваквите реченици градат самодоверба и покажуваат дека родителот ги гледа и ги цени нивните квалитети. 9. Признавајте ги и почитувајте ги нивните чувства Наместо негирање („Не се плашиш од кловнови“), Рубин препорачува да се одговори со емпатија: да се препознае дека детето се чувствува поинаку од претходно, или да признаат дека некој коментар навистина ги повредил. Преку ова се учи дека чувствата се легитимни и може да се изразат. 10. Не го насочувајте разговорот кон негативното Честопати, родителите ненамерно го поттикнуваат детето да се задржува на негативните мисли поставувајќи прашања како: „Повторно ти беше здодевно на наставата?“ Многу е покорисно да почекате детето само да го спомене проблемот, отколку да го туркаме кон непријатни теми. 11. Направете ги секојдневните задачи достапни Она што е лесно за возрасните може да биде фрустрирачко за децата. Ставете куки наместо закачалки, предмети на долните полици и мала столица во кујната или бањата, така ја намалувате напнатоста и ја зајакнувате независноста на детето. 12. Деновите се долги, но годините се кратки Во моментите кога воспитувањето ве исцрпува, Рубин се потсетува себеси колку брзо поминуваат фазите. Таа нагласува дека децата растат со неверојатна брзина и дека едни од најголемите подароци што родителот може да си ги дозволи се сопственото задоволство и душевниот мир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАM: Не ги менуваме ставовите според дневнополитичките интересиЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци.Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата. Очигледно, некои политички структури сè уште не можат да се помират со фактот дека времето на институционалното самоволие, селективното толкување на законите и политичкото надмудрување со државните институции е завршено. Времето кога ДУИ и СДСМ ги толерираа и практикуваа таквите политики е минато. Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите важат подеднакво за сите. ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци. Нашиот став е јасен: почитување на Уставот, почитување на законите и заштита на институционалниот поредок на државата. Потенцираме дека во моментов не постои уставна и законска основа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Ова не е прашање на нечии етнички чувства или политички амбиции, туку прашање на доследна примена на правниот поредок. Особено е недозволиво преку таканаречени хибридни решенија да се создаваат преседани со потенцијално далекусежни последици за правосудниот систем и функционирањето на институциите. Токму затоа претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, побара лидерска средба со коалициските партнери, на која отворено и одговорно ќе се разговара за ова прашање, ќе се дефинираат принципите и ќе се утврдат црвените линии. Ние не бегаме од дијалог, но дијалогот не смее да биде параван за заобиколување на Уставот и законите. Во однос на пораките и заканите упатени кон претседателот на ЗНАМ, вклучително и алузиите за Врање и повиците да внимава што зборува, сметаме дека ваквиот речник е несоодветен, неодговорен и недостоен за избрани народни претставници. Пратениците се избрани да ги застапуваат интересите на граѓаните во македонското Собрание, а не да испраќаат закани и да создаваат меѓуетнички тензии. Би сакале да го потсетиме господинот Ријад Шаќири дека пратеничката плата ја добива од буџетот на Република Македонија, кој го полнат сите граѓани, и Македонци и Албанци и припадници на сите други заедници. Затоа, наместо да упатува несоодветни пораки и да се занимава со други држави, би било одговорно својата енергија да ја насочи кон економскиот развој, подобриот животен стандард и решавањето на проблемите на граѓаните на оваа држава. Што се однесува до навредливите квалификации на Аднан Азизи за ЗНАМ, сметаме дека тие повеќе зборуваат за политичката нервоза во неговите редови отколку за нашата политичка позиција. Резултатите од последните локални избори во Брвеница, каде што кандидатот на ВРЕДИ не успеа да се пласира во вториот круг, се доволно јасна политичка порака. Нема потреба со навреди да се прикриваат изборните резултати и политичките слабости. Во однос на реакциите од ДУИ и најавениот бојкот на свечената седница по повод Денот на Куманово, жалиме што една свеченост посветена на градот и неговите граѓани преку шовинистички и сепаратистички наративи се користи за дневнополитички пресметки. Ваквиот пристап на ДУИ не е ништо ново, затоа што тие и досега никогаш не присуствувале на ваквите настани негирајќи ги придобивките од НОБ. Куманово е град на сите негови граѓани, а почитта и соживотот се градат со меѓусебно уважување, а не со политички ултиматуми и бојкоти. На крајот, сакаме да порачаме дека ЗНАМ нема да подлегне на притисоци, уцени и политички провокации. Ние сме за еднаквост на сите граѓани, но еднаквост во рамките на Уставот и законите. За нас нема селективна правда, нема привилегирани политички субјекти и нема хибридни решенија кога станува збор за функционирањето на правната држава. Македонија мора да биде држава на закони, а не држава на политички пазарења. Тоа е нашиот принцип, нашата одговорност и нашата црвена линија. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОпштина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година. Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: - лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош ) - трансакциска сметка на име на подносителот на барањето) - наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост. За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година). ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаМицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентитеПремиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter