Сакате лосос, но ви е скап? - Канал 5

Сакате лосос, но ви е скап?

Две риби кои се поздрави од лососот и двапати поевтини

Сакате лосос, но ви е скап?

Цената на лососот постојано расте во последните години. Тој е една од најчесто консумираните риби во многу земји, вклучувајќи ја и Македонија, а цените се движат од 15 до 27 евра за килограм, во зависност од видот и местото на купување.

Сепак, лососот има многу слични својства со другите риби кои денес повеќе не се во мода, иако се многу хранливи. Лососот е лесен за подготовка и е омилен кај многумина, особено кај помладата популација.

„Лососот е сина, или масна риба позната по високата содржина на омега-3 масни киселини, кои се многу важни за здравјето, особено за развојот на функцијата на мозокот“, изјави експертот за прехранбена технологија Марио Санчез, а објави шпанска „Марка“.

Инчуните и сардините имаат уште повеќе омега-3 масни киселини од лососот

Сепак, постојат и други риби кои се помалку популарни, но имаат многу слични својства како лососот, и се значително поевтини. „Сардините и инчуните се крајбрежни риби, што значи дека се ловат во близина на брегот, а не на отворено море. Нутритивно, тие се многу слични на лососот бидејќи содржат омега-3 масни киселини, понекогаш во поголеми количини“, објаснува Санчез. Кај лососот, овие вредности достигнуваат околу 2,2 грама омега-3 на 100 грама риба.

Скушата и осличот исто така имаат слични својства, и се значително поевтини од лососот. Инчуните и сардините се во просек половина од цената на лососот, а главната причина лежи во начинот на кој се лови рибата и нејзиното потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: „Жешката“ Алесандра Амброзио обожува бикини

Една од нјаубавите жени на светот во последните две децении, шармантната Алесандра Амброзио повторно предизвика вистински  хаос на мрежите.

Фото: „Жешката“ Алесандра Амброзио обожува бикини

Уште од почетокот на сезоната на бикини, секоја нејзина објава на Инстаграм на радост на фановите е токму во таа насока.

Позната по својата совршена става и бразилска убасексапилната Алесандра Амброзио и овој пат успеа да привлече внимание.

Се чини дека оваа убавица веќе некое време ужива во жешките летни денови, кои вклучуваат серија атрактивни бикини.

На Инстаграм, каде што е често активна, ги информира своите обожаватели за актуелните настани во нејзиниот живот, а неодамна покажа како ужива на плажа со својот партнер.

На фотките убавата Алекс гордо позира во бикини кои ги истакнуваат нејзините облини за што доби само позитивни коментари од своите обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенство

Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, наскоро доаѓа, а спортските новинари ширум светот ќе имаат полни раце работа.

Фото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенство

Италијанските новинарки доминираат во спортскиот свет, а по Дилета Леота, уште една убавица го привлекува вниманието на јавноста.

Станува збор за новинарка по име Елеонора Инкардона.

Се чини дека италијанската спортска новинарка Елеонора Инкардона решила да ги „наполни батериите“ за претстојното првенство, а за тоа морала да отпатува во Египет.

Таа сега објави фотографии од одморот на Инстаграм, а своите верни обожаватели ги почасти со жешки сцени.

На фотките, секси водителка позира во бикини, а во прв план се нејзините облини во мали бикини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момче

Најпознатата американска старлета, Ким Кардашијан и големиот шампион од Формула 1, Луис Хамилтон, повеќе не кријат дека се во врска.

Ким Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момче

По месеци шпекулации за нивната врска, Ким и Луис ја испратија најјасната порака досега - нивната романса стана јавна.

На почетокот на јуни, Ким објави серија фотографии од својот секојдневен живот на својот Инстаграм профил, а посебно внимание привлече еден момент забележан додека вози велосипед низ улиците на Њујорк.

Видеото и фотографиите го прикажуваат како се обидува да направи заедничко селфи со Луис Хамилтон, по што накратко ја губи рамнотежата, што предизвика смеа кај присутните.

Ова е нивната прва заедничка објава на социјалните мрежи, а доаѓа кратко откако за прв пат беа видени заедно на јавен настан. На почетокот на мај, тие заедно присуствуваа на бродвејската претстава „Страв од 13“, а откако го напуштија театарот, фотографите ги фотографираа држејќи се за раце.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер