Сајковски: За разлика од минатото, денес д-р Александар Јовановски и институциите во Кичево покажаа одговорност на терен - Канал 5

Сајковски: За разлика од минатото, денес д-р Александар Јовановски и институциите во Кичево покажаа одговорност на терен

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со сериозни и катастрофални поплави по обилните врнежи од дожд. 

Сајковски: За разлика од минатото, денес д-р Александар Јовановски и институциите во Кичево покажаа одговорност на терен

Прелевањето на речното корито предизвика значителна материјална штета и ги загрози домовите, инфраструктурата и безбедноста на граѓаните.

За разлика од минатото, денес институциите покажаа одговорност и подготвеност. Актуелниот градоначалник, Д-р Александар Јовановски заедно со екипите на комуналната и противпожарната служба, како и со поддршка од општествено одговорни компании, веднаш излегоа на терен и активно се вклучија во санирање на последиците. Со координирана и пожртвувана работа, во исклучително краток рок беше спречено понатамошно ширење на штетите и започна расчистувањето на погодените подрачја.

Оваа заедничка акција е јасен показател дека кога постои волја, одговорност и вистинско лидерство, предизвиците можат да се надминат. И покрај тешката ситуација, се враќа надежта дека секојдневието на кичевчани постепено ќе се нормализира и дека градот ќе излезе посилен од ова искушение.

Службите остануваат на терен и во текот на ноќта, будно ја следат состојбата и продолжуваат со работа сè додека целосно не се отстранат последиците. Приоритет останува безбедноста на граѓаните и заштитата на нивните домови, со јасна порака дека Кичево повеќе нема да биде оставено само во моменти на криза, објави Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук

Советникот на СДСМ од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан на информативен разговор во полициска станица за пост на Фејсбук објавен на страницата Мое Кавадарци.

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук

Објавата алармира за реалните проблеми кои ги имаат лозарите со откупот и најавува можен протест.

Ете колку е голем стравот на Мицкоски од незадоволството на граѓаните, од незадоволството на лозарите.

За Фејсбук постови прави притисок и повикува во полиција советници.

Ова е класичен притисок, обид за заплашување и замолчување.

Наместо Мицкоски да се занимава со решавање на проблемите на лозарите, криминалната организирана група на власт се обидува да изврши притоск и да замолчи советници на СДСМ.

Прво со Декрет во Собранието ни забранија да зборуваме за „економските работници“. Потоа во Ново Село посегнаа да тепаат деца, само затоа што ја кажаа вистината за водата во Гостивар. сега прават притисок врз советник на СДСМ за објава на Фејсбук.

Ова се истите методи на Вучиќ во Србија.

Христијан Мицкоски е уплашена од вистината, од незадоволството на лозарите, Мицкоски е уплашен од својот народ.

Народот е буден, ниту можете да го замолчите ниту да го исплашите.

Нема да ви помине!

Доаѓа време на вистина и правда.

Сите што ги спроведуваа насоките на криминалната група и се обидуваат некого да замолчат или да заплашат - ќе одговараат, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија- културно наследство во Гевгелија

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Николоски: Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија- културно наследство во Гевгелија

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија во употреба реконструираната Стара чаршија.

"Драго ми е што Министерството за транспорт можеше да помогне во реализација на обновување на Старата чаршија во Гевгелија.

Издадени се вкупно 27 одобренија за реконструкција на 27 објекти коишто навистина прекрасно изгледаат. Сакам да се заблагодарам на Управата за заштита на културно наследство и Министерството за култура со коишто заеднички работевме, како и на сите вработени во Министерството за транспорт коишто заедно со Општина Гевгелија на дневна основа работеа. Не беше лесно, особено што се работи за заштитени објекти, но тие 27 дозволи се случија, а после тоа се реализира и проектот. Исто така, се дадоа соодветни дозволи и решенија за партерно уредување и реконструкција на сите пристапни улици, како и на самата главна улица во чаршијата" истакна заменик пртеседателот на Владата, Николоски.

Тој додаде дека во Гевгелија дополнително се инвестираат околу 165 милиони денари преку буџетот во различни проекти

" Дел се завршени, дел се во тек. Тука се трите големи проекти кои што се веќе завршени и кои што ги реализиравме преку Министерството за транспорт во соработка со општина Гевгелија во селата Моин, Прдејци и Богородица. Понатаму, завршувањето на западниот булевар „Св. Климент Охридски“, тука е реконструкцијата на улицата „Железничка“, реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, „Гевгелиски партизански одреди до железничката станица, како и улицата „Новопланирана“.

Ќе продолжиме да работиме и во следниот период, да ја поддржуваме општината и заеднички со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот, Андон Сарамандов, да правиме уште убави работи за Гевгелија" -изјави заменик претседателот на Владата, Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во вилата „Билјана“ во Охрид оствари средба со добитниците на признанието „Инженерски прстен“. 

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

На средбата присуствуваа и министерот за дигитална трансформација м-р Стефан Андоновски, претседателот на Инженерската институција на Македонија, д-р Андреј Лепавцов и претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Дејан Метикош.

Претседателката Сиљановска-Давкова уште еднаш им го честиташе престижното признание на младите инженери, истакнувајќи ја важноста на нивното знаење, стручност и потенцијал за идниот развој на државата. За неа, особено е важно да создаваме услови најуспешните млади кадри да го остварат својот професионален потенцијал во земјава.

На средбата, лауреатите информираа за нивните професионални планови, ги изложија своите критички видувања за состојбите во државата, а особено во високото образование, укажувајќи на потребата од подобри услови за работа и професионален развој на инженерите, како претпоставка за нивно задржување во земјава.

Во бурната дебата се предложи унапредување на законската рамка за високото образование, во смисла на посоодветна евалуација на исклучителните успеси при изборот и вработувањата на универзитетите, како и навремено обезбедување подмладок и соодветен кадровски потенцијал, односно избегнување на генерацискиот вакуум.

Беа отворени низа прашања и предложени соодветни одговори за: јавната архитектура, како значаен сегмент од уредувањето на просторот и создавањето квалитетна средина за живеење; дата центрите, односот кон завршените, но не и ефектуирани проекти; лоцирањето фото-волтаици на плодно земјиште; забрзаниот одлив на најдобрите македонски инженери и други врвни кадри во соседството.

На средбата се разговараше и за перспективите на дигиталната агрономија. Инженерката од областа на агрономијата ја истакна важноста на примената на современите дигитални технологии во земјоделството и можностите што оваа област ги отвора за младите, особено за зголемување на приносите во оваа дејност со оглед на тоа дека државава има голем потенцијал за развој на оваа област.

Се укажа на нужноста за премин и апликација на европските стандарди (еврокодови), во државната регулатива и македонската пракса.

Министерот Андоновски ја објасни офанзивата на дигитализацијата, а претседателот на Комората, Метикош, упати покана за експертски настан за примената на стандардите, којшто ќе се одржи на крајот на септември.

Младите инженери посочија дека се спремни да прифатат професионални позиции во земјава и превземање одговорност за нејзиниот технолошки развој.

На крајот од разговорот, претседателката Сиљановска-Давкова предложи воспоставување база на добитниците на признанието „Инженерски прстен“, која би овозможила подобро поврзување на успешните инженери и нивно вклучување во развојни процеси и проекти во различни инженерски области.

Таа, уште еднаш потенцираше дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и апликативниот технолошки процес е важна заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

"Доколку сакаме развиена држава, мораме да им дадеме простор на младите инженери да создаваат тука", истакна Претседателката, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер