Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“
2Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“
Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
2Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
Кинезите претставија хуманоидни роботи, кои имаат кожа на лицето и работат како презентери, асистенти, фитнес тренери (ВИДЕО)
2Кинезите претставија хуманоидни роботи, кои имаат кожа на лицето и работат како презентери, асистенти, фитнес тренери (ВИДЕО)
КултураСаемот на книгата со поголема посетеност, издавачите задоволни но очекуваат и нов просторИздавачите се задоволни од годинашниот Саем на книгата кој завршува вечер, со оценка дека иако е на нова локација го задржал ланското ниво на посетеност, а во ВИП Арена „Борис Трајковски“ ги имале потребните услови.Сметаат дека спортска сала е несоодветна за саемска манифестација, но со оглед на околностите, овој заменски простор, според нив, бил најдобро решение зашто е обезбеден континуитетот на саемот кој на ова издание наполни 30 години. Според податоците од Скопски саем, посетеноста е дури и надмината од 2017 година. Заклучно со вчерашниот, претпоследен ден, на саемот имало 44.300 посетители, од кои 21.500 ученици. Тие наведуваат дека е надмината вообичаената посетеност зашто во овој број не е внесен одѕивот од последниов ден, а лани во сите денови имало околу 45.000 посетители и тоа во неколку саемски хали на старата локација. - Соработката со Министерството за култура како покровител на манифестацијата, Владата на Република Македонија, Град Скопје заедно со ЈСП со воведувањето на двете вонредни линии придонесоа, покрај промената на локацијата на Саемот на книгата, овој саем уште повеќе да го зацврсти неговото постоење. Ова е голем напредок кој резултираше со извонредна бројка од 44.300 посетители, а саемот уште не е завршен. Кога сите релевантни институции ќе ја дадат поддршката за ваква манифестација, успехот е неизбежен, изјави Сања Кондарко, проект-менаџер на Саемот на книгата. Најбројни на саемот биле младите читатели, пред се учениците. Нивните групни посети поради јубилејот беа бесплатни. Како и во минатите години, најголема посетеност имало во сабота кога доаѓаат посетители и од други градови на државата. За полесен и директен пристап до ВИП Арена „Борис Трајковски“, ЈСП „Скопје“ воведе две наменски линии од Ново Лисиче и од Ѓорче Петров и автобусите на двете релации сообраќаа до и од саемот шест пати дневно во шесте саемски дена. На штандовите на околу 70 издавачи се нудеа изданија од различни жанрови од домашни и странски автори, стручна и научна литература, енциклопедии, учебници, прирачници… Издавачите ги промовираа своите нови публикации, постарите ги имаа на попуст и се задоволни од продажбата. Според изјавите од неколку претставници на издавачки куќи, најголем интерес од читателите, пред се од младите, имало за наслови од белетристиката, како и од психологијата, особено за мотивациските книги. Горјан Лазаревски, претседател на Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ) рече дека имале успешно издание со поддршка на Скопски саем и покровителство на Министерството за култура, а за салата „Борис Трајковски“ вели дека била најсоодветна поради инфраструктурата – достапноста и паркинзите околу неа. - Ова не е класичен експо простор, туку адаптација која е релативно солидно направена. Во секој случај, „Борис Трајковски“ беше најдобро решение за саем на книгата годинава, имајќи предвид дека немаме сајмиште. Очекувам да продолжи традицијата и понатаму да ги одржуваме но, сепак, повеќето издавачи, како и други стопанственици со кои разговарав се во очекување државата да изнајде начин да формира сајмиште, иако не очекувам во скоро време да се отвори ново. Годинава имаше и поголема постеност на млада публика, што се должи на бесплатната организирана посета за школите. Тие беа најбројни во работните денови, а во викендот имаше посетители од различна возраст, рече Лазаревски. Во својство на претставник од издавачката „Магор“, пак, рече дека според нивна проценка помал е интересот за книгата и имале помалку продажба за разлика од минатата година. Меѓу нивните нови наслови подготвени за саемот се новиот роман на Влада Урошевиќ – „Маџун“ и новата збирка раскази на Ермис Лафазановски – „Туја“, преводот на добитникот на Букеровата награда за 2017 - Давид Гросман („Коњ влегува во бар“), како и „Градови за луѓе“ од данскиот архитект Јан Гел. Претседателот на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) Бојан Саздов, исто така, со позитивна оценка за тоа како поминал саемот и покрај, како што рече, многуте сомнежи како ќе се реализира на нова локација. - Како здружение сме задоволни од одѕивот на публиката, задоволни сме од самиот простор затоа што ни овозможи да бидеме претставени и, генерално, сметам дека промената на локацијата не го смени духот на манифестацијата. Се покажа дека саемот на книга е популарен настан во државата и има потреба од него. Според субјективно гледање, бројот на посетители е ист, а можеби и поголем. Имаше посетители во сите денови, а саботата беше одличен ден. Повпечатливо беше присуството на младите читатели. Попустите беа реални, имаше многу нови изданија и доста промоции на книги. Од регионот ги имавме издавачите кои секоја година се тука – од Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, рече Саздов. И како претставник на „Три“ е задоволен од 30-тиот Саем на книгата. Специјално за манифестацијата промовирале 20-ина нови книги, меѓу кои ги спомна „По дождот“ на Раде Шербеџија и креативната боенка за возрасни „Боенка за Скопје“, а најпродавана книга им е „Водич за долговечност“ од д-р Александар Митов. – Жанровски, најбарани се насловите од белетристиката, конкретно трилер-книгите и полесните четива сега, во пресрет на летото. Барани се македонските автори Винка Саздова, Јагода Михајловска-Георгиева, Коста Петров, Игор Џамбазов, рече Саздов. Според Кристина Велевска од „Антолог“, огѕивот е изненадувачки добар и над очекувањата бидејќи, како што рече, просторот е нов и не знаеле како ќе се одвива. - Мислам дека добро поминува саемот, можеби недостига студентската популација зашто на старата локација беа поблиску факултетите или поради тоа што до лани паралелно со саем на книга се одржуваше и саемот на образование и кариера. Можеби тој слој недостига, но генерално саемот помина во ред, рече Велевска. На нивниот штанд организирале средби со млади македонски прозаисти и поети, како Ана Голејшка, Дарко Лешоски, Стефан Марковски... Промоцијата на млади македонски автори, рече, е сегмент на кој активно работат. Најпродавани книги им биле „Киберијада“ од Станислав Лем, биографијата „Бегство од рајот“ за последните три години од животот на Толстој од Павел Басински, а топ-најпродавани наслови, како што рече, им се и трите книги на Ана Бучевиќ, мотивациски говорник од Хрватска, која по завршување на саемот ќе има и предавање во Скопје. Дејан Павлески од „Матица“ изјави дека со оглед на просторните услови годинава издавачите треба да бидат задоволни од бројноста на публиката и читателите. - Од она што можаев да го забележам, Саемот на книгата го задржува приматот на една од најпосетените манифестации во нашата држава и радува податокот што се повеќе млади луѓе гледам како во рацете држат книги. Книги и наслови кои би ги издвоил на овогодинешниот Саем се новиот роман на Драги Михајловски „Швајцарија на Балканите“, поетската книга на Тихомир Јанчовски „Влакно на јазикот“, „Сакам да кажам“ на Горан Михајловски, книга посветена на јубилејот Сакам да кажам, новите дела на академик Цветан Грозданов, „Алергологија“ на Дејан Докиќ итн. Од посетеноста и резултатите на Саемот, убеден сум дека книгата ќе продолжи да биде наше заедничко секојдневие, истакна Павлески. Ѓурѓица Костеска-Андонова од „Ѓурѓа“ изјави дека новата локација не влијаела на посетеноста на саемот.. Рече дека просторот можеби не е најсоодветен, но условите се добри. - Има голема посетеност, најмногу од младите кои и најмногу купуваат, ученици, но и повозрасните. И оваа година има богата понуда, автори кои првпат се превдуваат. Политиката на нашата куќа е да објавуваме дела со трајни цивилизациски вредности и веќе 31 година објавуваме такви наслови, а не хитови за една сезона. Драго ни е што читателите не препознаваат по тоа. Книгите се продаваа и со саемски попусти, од продажбата сме задоволни, рече Костеска-Андонова. Најбарани им биле наслови од белетристика, особено класиците, новите преводи од Скот Фицџералд („Приказни од ерата на џезот“ и „Оваа страна на рајот“), како и од психологијата кои им се и најпродавани. Ги спомна мотивациските книги од Марден, првпат на македонски јазик, а продаван им е и зборникот со говорите на Владимир Путин. Цената на влезницата беше како и во изминатите години, симболични 30 денари, а и обврските на издавачите останаа непроменети. Цената за метар квадратен во салата (која е нешто помала од Метрополис арената) беше иста како и лани: 25 евра за целото времетраење на саемот плус ДДВ. За три евра беше пониска за оние издавачите чии штандови се поставени во холскиот простор помеѓу салата и нејзиниот главен влез. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБаба Ванѓа со морничаво претскажување за 2027. – се споменуваат и луѓе со необични способности Меѓу наводните пророштва на Баба Ванѓа за 2027 година се издвојува една необично прецизна бројка. Цената на златото, според тврдењето кое кружи на интернет, би можело да скокне меѓу 25 и 40 отсто, а како причина се споменува развојот на вештачката интелигенција. Засега не постои веродостоен запис кој би ја поврзал таа прогноза со пророчицата. Вангелија Пандева Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа, почина во 1996 година, а три децении подоцна нејзиното име се појавува на списоците со предвидувања за секоја наредна година. Како што пренесува Вечерњи лист, повикувајќи се на Sky History, во приказните кои сега се поврзани со 2027 година се споменува и нов извор на енергија, светски конфликт и луѓе со необични способности. Зошто вештачката интелигенција се споменува во приказната за златото? Оние кои го пренесуваат тврдењето за растот на цената на златото го поврзуваат со проширувањето на центрите за обработка на податоци. Според ова толкување, развојот на вештачката интелигенција би ја зголемил побарувачката за електронска опрема, а со тоа и за златото што се користи во одредени компоненти. Сепак, и во таа верзија на приказната има отворено прашање. Како што пренесува Вечерњи лист, соговорниците од индустријата укажуваат дека повисоките цени би можеле да ги поттикнат производителите да бараат поевтини алтернативи. Колку навистина би се променила побарувачката и каков ефект би имала врз вкупната цена на златото не може да се заклучи од изјавата споделена на мрежите. Опсегот од 25 до 40 проценти ѝ дава на приказната изглед на точност. Но, тоа не е придружено со проверлива пресметка што би ја поддржала прогнозата, ниту запис од кој би се видело дека Баба Ванѓа воопшто зборувала за цената на златото во 2027 година. Друга верзија на приказната споменува нов извор на енергија Заедно со прогнозата за злато, се тврди и дека во 2027 година би можел да се развие нов извор на енергија. Во некои толкувања се споменува нуклеарна фузија, иако во пренесениот текст нема оригинален цитат кој би покажал дека Баба Ванѓа зборувала за таа технологија. И терминот „нов извор на енергија“ остава многу простор за толкување. Може да означи експериментален резултат, технолошки напредок или почеток на практична примена. Верзиите што се споделуваат на мрежите не прецизираат на што се однесува тврдењето, па врската со фузијата е сведена на претпоставка. Светскиот конфликт повторно се појавува на списокот Приказната за голем светски конфликт веќе се појави на списоците со наводни пророштва за 2026 година. Во верзиите за 2027 година се додадени поконкретни сценарија. Едниот тврди дека Кина може да ја преземе контролата врз Тајван, додека другиот споменува директна конфронтација меѓу Соединетите Американски Држави и Русија. Не постои проверлив запис за тие тврдења кои би ги поврзале со изјавата на Баба Ванѓа, ниту е јасно кога првпат биле поврзани со 2027. Повторувањето на истиот мотив во списоците за различни години покажува колку содржината на тие списоци се менува од една верзија во друга. Приказната за натчовечките способности веќе кружи Меѓу тврдењата кои повторно се споделуваат е и она на луѓе кои, наводно, по некоја мистериозна болест или генетски експеримент, би можеле да развијат натчовечки способности. За таа приказна веќе пишувавме на порталот Ona.rs. Ниту во новата верзија нема детали за какви способности станува збор, а немањето конкретни податоци отвори простор за шпекулации за тајни лаборатории. Тие шпекулации се непотврдени, како и самото тврдење дека приказната е од Баба Ванѓа. Од каде прогнозите за поединечни години? Дел од изјавите кои и се припишуваат на Баба Ванѓа се пренесени преку луѓе кои ја познавале, меѓу кои била и нејзината внука Красимира Стојанова. Кога таквите изјави се пренесуваат низ годините, тешко е да се одреди каде завршува она што се слуша и каде започнува последователното толкување. Уште потешко е да се одреди кога е додаден точен датум или конкретна бројка на приказната. За прогнозите за златото, енергијата, светските конфликти и натчовечките способности во пренесениот текст, нема оригинален запис или снимка што би потврдила дека Баба Ванѓа ги зборувала и ги поврзувала со 2027 година. Токму затоа и најточниот детал на листата, порастот на цената на златото до 40 отсто, го има истиот статус како и другите- непотврдено тврдење на интернет.Тагови: баба Ванѓа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДвојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фиреротСуд во германскиот град Минстер го осуди Холанѓанецот Стефан Вајкамп (59) на условна осуммесечна затворска казна за величење на Адолф Хитлер и поттикнување омраза.Судијата му наложи да плати казна од 1.000 евра и да ги плати судските трошоци, велејќи дека неговите јавни изјави сериозно ги навредиле жртвите на нацистичкиот режим и го нарушиле јавниот ред и мир, објави денес NL Times. Вајкамп, кој е од Остербек, дојде на суд облечен како двојник на Хитлер. Тој е активен и во крајно десничарските кругови со децении и редовно учествува во неонацистичките демонстрации во Северна Рајна-Вестфалија. На митингот во Минстер минатата година, тој отворено го пофали нацистичкиот лидер во снимка што сè уште е достапна онлајн. „Тој беше брилијантен. Хитлер беше гениј. Го восхитувам. Мојата љубов кон Германија се вика Адолф Хитлер“, рече тој. На суд, Вајкамп ги повтори тие зборови и изјави дека „го сака Фирерот“. Додека се пушташе снимката од демонстрациите, тој постојано климаше со главата во знак на согласност, објави германскиот јавен радиодифузен сервис WDR. Условната казна вклучува тригодишен пробен период, а тој може да се жали на пресудата.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
СветТалибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“Талибанските власти на во северната авганистанска провинција Балк ги забранија имињата на жените во официјалните документи, вклучително и медицинските досиеја и рецептите. Здравствените работници и другите јавни службеници добија наредба, наместо со нивните имиња, да ги нарекуваат жените со „Биби“, термин кој традиционално се користи за обраќање кон жените, што може да значи и „баба“. Според сведоштвата на авганистанските жени и активисти, некои талибанци им се обраќаат на жените и со погрдни термини како „коза“ и „крава“. Авганистанските активисти стравуваат дека забраната за употреба на женски имиња може да се прошири на целата земја. Активистите предупредуваат на опасност за женските пациенти Авганистанскиот активист Лалах Османи предупреди дека забраната може да има сериозни последици за здравствената заштита. Ако под исто име се чуваат десетици медицински досиеја и рецепти, се зголемува ризикот од промена на пациентите и медицински грешки. Ситуацијата дополнително се усложнува со ограничувањата според кои машките лекари не смеат да прегледуваат женски пациенти без да исполнуваат посебни услови. Талибанците исто така им оневозможија на жените да студираат за здравствени професии. Зубаида Акбар од организацијата за заштита на правата на жените Фемена предупреди дека талибанците претходно ги прошириле ограничувањата воведени на локално ниво на целата земја. Нејзината организација забележала повеќе од 144 одлуки со кои талибанците ги ограничиле правата на жените. Жените со години се борат за правото на сопственото име Во Авганистан долго време постои обичај да се изостават женските имиња од надгробните споменици, поканите за свадби и одредени официјални документи. Жените често се идентификуваат исклучиво според нивниот однос со машките членови на семејството, како нечија сопруга или ќерка. Османи во 2017 година ја започна кампањата „Каде е моето име?“ со која бараше имињата на мајките да бидат запишани во изводите на нивните деца. Во 2020 година, тогашната авганистанска влада овозможи доброволно внесување на тие податоци. По враќањето на власт во август 2021 година, талибанците им забранија на девојчињата од средно образование, пристапот на жените до универзитети и работа во бројни професии и значително ја ограничија нивната слобода на движење и учество во јавниот живот.Тагови: талибанци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter