Саем на франкофонските држави во Општина Кисела Вода: Промоција на францускиот јазик и култура преку ученички проекти - Канал 5

Саем на франкофонските држави во Општина Кисела Вода: Промоција на францускиот јазик и култура преку ученички проекти

Во основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ денеска се одржа „Саем на франкофонските држави“, настан кој ги претстави културата и традицијата на франкофонијата преку ангажман на учениците од Општина Кисела Вода.

Саем на франкофонските држави во Општина Кисела Вода: Промоција на францускиот јазик и култура преку ученички проекти

Учениците од осумте основните училишта од општината подготвија штандови посветени на различни франкофонски држави. Преку изложени обележја, традиционална храна и презентации, присутните имаа можност да се запознаат со карактеристиките на осум франкофонски земји и со застапеноста на францускиот јазик низ светот.

На настанот присуствуваа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер, претставници на Францускиот институт во Скопје, претставници на Меѓународното француско училиште (ЕФИС), како и претставници од Центарот за кариера при УКИМ.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, која од страна на француската држава е одликувана со титулата „Витез од редот на академските палми“, во своето обраќање се осврна на континуираното изучување на францускиот јазик во општината и укажа на важноста од ваквите едукативни настани.

-Овој Саем на франкофонските држави го организираме во партнерство со Француската амбасада и Францускиот институт, со учество на сите наши основни училишта кои денес ги претставуваат франкофонските земји од целиот свет. Горда сум што во општина Кисела Вода имаме над 800 ученици кои го изучуваат јазикот, со што им отвораме реални можности за идна кариера во дипломатијата и науката. Мојата посветеност на оваа тема датира многу одамна, уште додека бев професор, а потоа и како пратеник и член на Пратеничката група за франкофонија, за што од францускиот амбасадор бев одликувана со титулата Витез од Редот на академските палми. Општина Кисела Вода останува силен поддржувач на овие вредности и на младите кои вложуваат во своето образование, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Францускиот амбасадор Ле Риголер им порача на учениците да продолжат да го учат и зборуваат францускиот јазик.

-Денес не се обраќам само како амбасадор, зашто францускиот јазик се зборува секаде во светот, не само во Франција. Франкофонијата подразбира и различности. Иако често со мојот швајцарски колега кога разговараме зборуваме на француски и се разбираме, не секогаш ги употребуваме истите зборови. Да продолжите да го учите и зборувате францускиот јазик зашто во отвора многу можности, рече Ле Риголер.

Според швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер, франкофонијата претставува отворен прозорец кон светот.

-За нас во Швајцарија францускиот јазик е многу значаен зашто е дел од нашиот идентитет и секој четврти граѓанин зборува француски. Повеќејазичноста е вистинско богатство за нашата земја. Франкофонијата за нас претставува отворен прозорец кон светот зашто во многу земји се зборува францускиот јазик. Среќен сум што тоа богатство се одразува овде и им честитам на организаторите, изјави Кристоф Зомер пред почетокот на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Вучиќ –кој е  носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“  изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ.

На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер