МакедонијаСаем Кина - ЦИЕ: Кинескиот милионски пазар предизвик за македонските компании Голем е интересот на земјите и компаниите од Централна и Источна Европа за презентација и продажба на свои производи и за соработка со Кина на 4. Саем на Кина со земјите од ЦИЕ. На продажба на свои производи и можна соработка се надеваат и претставниците на четиринаесет наши компании, кои се веќе познати по своите квалитетни кондиторски производи, сокови, но и вина кои, како што е познато, можат да се купат на кинескиот пазар. Меѓу нив има и една ИТ компанија. Во Нингбо со свои производи се претставуваат компаниите Алтера Фуд, Витаминка, Винчини, Бест Фуд, Виталија, Евал, М3ДС Академи, Соко Горица, Техногума, како и вината на Тиквеш, Стоби, Имако, Крњево и Лепово. Сашо Наумоски, извршен директор на „Витаминка“ една од нашите најголеми компании очекува извезувањето на производи од земјите од ЦЕИ да биде поедноставено по одредени отстапки што ги направила кинеската страна. „Витаминка“, вели тој во изјавата за МИА, по втор пат се претставува во Кина. -Претходниот пат имавме некои инцидентни извози за кои не успеавме да најдеме редовен извоз. Сега покрај претставувањето на кинеската делегација дека се направени некои отстапки во контролите на квалитет за земјите од ЦЕИ се надеваме дека побрзо и полесно ќе може извезуваме производи и очекуваме дека овој пат успешно ќе најдеме фирма која ќе не претставува на кинескиот пазар, вели Наумоски. Компанијата „Соко Горица“ произведува сокчиња, кои веќе се продаваат на кинескиот пазар, но првпат се претставуваат во Кина. - Ние сме претставници од компанијата Соко која произведува сокчиња и ова ни е прво претставување во Кина, но имаме веќе има една фирма со која соработуваме овде. Имаме повеќе брендови па така со учество на овој саем се надеваме на нови соработки и успеси, вели Ангела Арсовска, од Соко Горица. „Макпрогрес“ со нејзиниот бренд Винчини првпат се презентира на овој пазар, но како што вели Драган Волчев, ова е можност за отворање на нови пазари за нивните кондиторски производи. - Чест и задоволство ни е да присуствуваме на овој саем со желба да дојдеме до кинескиот пазар, кој за нас е многу интересен и атрактивен пазар, и веруваме дека Винчини како компанија и како бренд кој што е водечки и лидер во Македонија и на Балканот во производство и продажба на кондиторски производи дека ќе успееме да најдеме нови партнери и хоризонти, рече Волчев. Првпат на кинескиот пазар се претставува и компанијата Евал од Скопје која произведува тартуфи, производи од тартуфи, а нивен нов производ е масло од тартуфи - Туф. - Тука сме дојдени да ги прошириме нашите нови видици и соработки. Доста е поразлично од она што сме го виделе на Балканот и пробуваме да ги рашириме нашите идеи и нашите познанства. Нашите производи се со македонски тартуф и имаме нов вид на масло кое што првпат го изложуваме во јавноста, вели Марија Арнаудова од Виталија. Македонските вина најпрепознатливи наши производи на кинескиот пазар На милионскиот кинески пазар веќе се продаваат и во одредени средини се мошне познати македонските вина. Добро познатите вина на Тиквеш, на Стоби, Имако, Крњево и Лепово беа презентирани на саемот Кина-ЦИЕ. Македонскиот штанд во специјалниот павилјон за земјите од ЦЕИ вчера го посетија и повеќемина странски државници, а меѓу нив беше и словачкиот претседател на парламентот на словачкиот парламент Ричард Раси а негов домаќин беше заменик министерот за економија Марјан Ристески. Словачка и Словенија се почесни гости на овогодинешниот саем во Нинбо, а отворањето на нивните штандови беше проследено со настапи на нивни музички групи, што покрај производите што беа на нивните штадови, привлече голем број бизнисмени, изложувачи но и кинески новинари и медиуми, како и медиумски работи од земјите од ЦИЕ кои се во посета на Кина. Во Нинбо вчера како дел од саемската манифестација имаше стотина настани, а во центарот на градот беа поставени штандови на кои исто така со свои деликатеси се претставуваа дел од земјите учеснички. Се отвори и нова канцеларија за врски со земјите од ЦИЕ, посебно со младите од нашите земји кои се повеќе ги има во овој дел од светот. На Саемот, кој се одржува до 25 мај, денеска ќе се одржи Форум на градоначалници, на кој ќе присуствува претседателката на Советот на Куманово, но и други претставници на наши локални самоуправи. Тагови: Кина Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook