САД забрани повици со човечки гласови создадени со ВИ - Канал 5

САД забрани повици со човечки гласови создадени со ВИ

Американската Федерална комисија за комуникации (ФКК) забрани роботски повици до граѓаните, што содржат човечки гласови создадени со вештачка интелигенција (ВИ). 

САД забрани повици со човечки гласови создадени со ВИ

Тоа значи дека нема да се толерира искористувањето на оваа технологија заради измама.

Оваа едногласна одлука на ФКК се однесува на тн. „робоповици“ засновани на ВИ за пресоздавање гласови од познати или непознати личности. Според Законот, телефонските оператори не смеат да користат автоматизирани системи, ниту вештачки создадени или претходно снимени гласовни пораки за да контактираат со потрошувачите преку мобилни телефони, ниту пак, преку фиксни телефони, освен ако прво не добијат изрична писмена согласност од потрошувачот за таков повик. Претседателката на ФКК, Џесика Розенворсел изјави дека „лошите момци“ веќе користат ВИ и „робоповици“ за да се претставуваат како познати луѓе, да изнудат пари и корист од некого, или пак, за дезинформирање гласачи.

- Ова изгледа како нешто од далечната иднина, но заканата е веќе тука... Сите ние може да бидеме цел на овие лажни повици, па почувствувавме дека е време за акција - сега и веднаш!, изјави Розенворсел.

Максималната казна за прекршител е 23.000 долари по повик. На примачот на лажниот повик кој иницира спор му е дозволена отштета до 1.500 долари за секој несакан повик.

Одлуката доаѓа откако властите во американската сојузна држава Њу Хемпшир спроведуваат интензивна истрага за случајот со „роботски повици“ со имитирање на гласот на американскиот претседател Џо Бајден, коишто имале за цел да се одвратат луѓето од учество на прелиминарните избори на Демократската партија за утврдување кандидат за претседател на САД во 2024 година.

Одлуката ќе стапи во сила веднаш, и ФКК ќе може да ги казнува лицата и компаниите кои користат гласови генерирани со ВИ и да ги блокираат таквите повици.

ФКК успешно се справи со првите „робоповикувачи“ кои се обидоа да се вмешаат во изборите. Имено, казнети се двајца конзервативци - измамници со по пет милиони долари за лажно информирање луѓе во области со доминантно црнечко население. Јавувачот тврдел дека гласањето по пошта може да доведе до опасност од апсење, посета од извршители за долгови, па дури и до присилна вакцинација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започнува изградбата на ветерен парк во Штип

За три години треба да биде готов ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип.

Започнува изградбата на ветерен парк во Штип

Ќе содржи вкупно 54 ветерни електрани и ќе биде најголем во регионот. Според најавите ветерниот парк ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства и ќе донесе околку 300 нови вработувања. Целата инвестиција за неговата изградба изнесува 500 милиони евра..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски

Нула денари од државниот буџет за големите музички спектакли за 35 годишнината од незваисноста ова лето – тврди премиерот Христијан Мицкоски.

Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски

Според него, сите настани, вклучително и вчерашниот настап на светскиот диџеј Дејвид Гета, биле организирани од општествено одговорни компании, без да се одвојуваат буџетски средства.

„Имам лоша вест за сите кои лиферуваа лажни информации. Тоа е дека буџетот овие настани го чинеа нула денари. Може да проверите. Сè е организирано од општествено одговорни компании. Секој денар буџетски пари се троши на транспарентен начин.“ – Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Кулминацијата на прославата на 8 септември беше синоќа на преполниот стадион „Тоше Проески“. Неколку десетии илјади луѓе два часа уживаа во импресивното шоу на Гета, кој допатува директно од Ибица. Спектаклот не беше само музички – Гета на сцената приреди вистинско аудиовизуелно шоу со ласери, пиротехника, светлосни и видеоефекти.

По шоуто со светските хитови на Гета, вечерта заврши со македонска музика и традиционални ора. Дел од публиката го продолжи славењето и пред стадионот каде ечеше „Бисер балкански“.

Од МВР информираа дека за време на концертот биле регистрирани две нарушувања на јавниот ред и мир, по што биле приведени пет лица. Сепак, од МВР оценуваат дека настанот поминал исклучително мирно од безбедносен аспект.

Со вчерашниот спектакл се заокружи прославата на 35 години независност. Претходно, караванот „Силно светнал ден“ помина низ повеќе градови, а на градскиот плоштад во Скопје настапи и светската оперска ѕвезда Хозе Карерас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно под просекот - ПИСА со аларм за македонските ученици

Екстремно лоши резултати и назадување на македонските ученици. Најновите податоци од  меѓународното оценување ПИСА 2025 повторно го вклучуваат алармот за состојбата во образованието.

Повторно под просекот - ПИСА со аларм за македонските ученици

Министерката Весна Јаневска причините ги лоцира во реформите и образовните политики од претходниот период. Посочи дека најдобри резултати македонските ученици постигнале во 2018 година, во периодот на „Кембриџ“ реформата, по што следувало назадување.

,, За жал резултатите повторно се многу лоши но сакам да потенцирам дека ова се резултати од реформите кои се претходно направени.,,

Но, реформите не се единствениот фактор. Според Јаневска, значајно влијание врз резултатите има и технологијата. Не може да се тврди дека вештачката интелигенција е главната причина, вели таа, посочувајќи дека можеби многу поголемо влијание имаат социјалните мрежи и неконтролираната употреба на мобилните телефони.

-Децата мора да се вратат и на основните навики – да се учат да читаат и пишуваат на традиционален начин. Но, технологијата не треба да се исклучи од образованието.

Истражувањето на ПИСА, покажа дека само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука, што е значително помалку во однос на развиените земји.

Наодите покажале дека само 26 отсто од учениците во Македонија го достигнуваат ниво 2 или повисоко по читање, а просекот во земјите на ОЕЦД изнесува 69 отсто. По математика, основното ниво го достигнуваат 32 отсто од учениците, наспроти 65 отсто просек во ОЕЦД, а по природни науки 36 отсто, во споредба со 74 отсто во ОЕЦД.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер