САД сакаат до следната година да се вакцинира 70 проценти од светската популација

Соединетите држави ќе ги удвојат донациите на вакцини против Ковид-19 и ќе се обидат да ја соберат меѓународната заедница околу една многу амбициозна цел, 70 проценти вакцинација во секоја земја во светот во рок од една година.

Вашингтон ќе купи и дистрибуира 500 милиони дополнителни дози Pfizer / BioNTech за земјите во развој.

Така, двојно зголемениот број дози што треба да ги распределат САД ќе достигне скоро 1,1 милијарда, изјавиле извори.

Веста официјално ја објави денеска американскиот претседател Џо Бајден на виртуелниот самит што го организира во борбата против пандемијата.

"Тоа е огромен ангажман на Соединетите држави. За секоја доза што ја даваме во нашата земја, ќе им дадеме три дози на другите држави",рече Бајден.

Вакцините ќе се купат по пазарна цена и ќе бидат упатени до примателот преку меѓународниот механизам Ковакс.

До денес, САД испратиле околу 160 милиони дози во повеќе од 100 различни земји.

Самитот треба да трае четири часа и да собере практично лидери од повеќе од 100 земји.

Џо Бајден на настанот објави „амбициозна цел“ за секоја земјите, вклучително и најсиромашните, да „достигне стапка на вакцинација од 70 проценти“, пред следната сесија на Генералното собрание на ОН, а тоа значи за една година.

Досега во светот се инјектирани повеќе од шест милијарди дози на вакцина против ковид, според Франс прес, врз основа на нивните записи. Сепак, посочува АФП, зад таа бројка стојат огромни нееднаквости, бидејќи во најсиромашните земји, стапката на вакцинација е само 2 проценти.

Според населението меѓу земјите со повеќе од милион луѓе, Обединетите Арапски Емирати се светски шампион во вакцинацијата: 198 дози на 100 жители и повеќе од 81 проценти од таа популација е целосно вакцинирана.

По нив следуваат Уругвај, Израел, Куба, Катар и Португалија.

На спротивниот крај од скалата се три земји кои дури не започнале со вакцинација, и тоа Бурунди и Еритреја во Африка и Северна Кореја во Азија.

Пандемијата однесе повеќе од 4,7 милиони животи ширум светот од крајот на декември 2019 година.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека директниот или индиректниот биланс на смртност кај ковид -вирусот е веројатно два до три пати поголем од официјалните податоци.

СЗО постојано ги повикува богатите нации да помогнат повеќе да се вакцинираат најсиромашните и најранливите земји, наместо да ја вакцинираат сопствената популација со третата, дополнителна доза, а таква операција предвидува администрацијата на Џо Бајден.

Преговорите за глобален договор за подготвеност за пандемија влегуваат во завршна фаза

 Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од денеска ги вложуваат последните напори да постигнат договор за склучување договор за глобална подготвеност за пандемии, јави ДПА.

Во пресрет на пандемијата на Ковид, 194-те земји-членки на СЗО повикаа на договор за да се осигура дека земјите се подобро подготвени да се справат со следната катастрофа и дека глобалниот одговор не е толку хаотичен.

Страните сакаат планираниот договор да вклучи мрежа за снабдување координирана од СЗО, така што сите земји ќе можат да пристапат до лековите што им се потребни во итен случај без трговски ограничувања.

Слично на тоа, дел од произведените лекови или вакцини ќе им бидат дадени на посиромашните земји бесплатно или по ниска цена. Одредбите ќе важат само за земјите што ќе го ратификуваат договорот. Тој ќе стапи во сила откако 60 земји ќе го ратификуваат документот.

Целта е договорот да биде усвоен на овогодинешното Светско здравствено собрание - тело за одлучување на СЗО. Средбата ќе започне на крајот на мај.

Последната рунда разговори на почетокот на оваа година не успеа, а разговорите кои започнуваат денеска се сметаат за последна шанса да се постигне договор пред крајниот рок во мај.

Во обид да се постигне консензус, преговарачите претставија многу покондензиран нацрт-договор од претходната верзија. Сегашниот се состои од 23 страници, изоставувајќи многу контроверзни одредби.

Едно од контроверзните прашања е дали и на кој начин фармацевтските компании треба да бидат обврзани да споделуваат експертиза и да обезбедат дел од своите производи на посиромашните земји.

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ тврди дека договорот треба да се однесува на прашањата поврзани со глобалното здравје, здравствената заштита и правдата, а не само да ги штити интересите на индустријата. /МИА

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

- Многумина повремено уживаат во алкохолни пијалоци... Но, некои луѓе често знаат и да претераат, што не е добро за нивното целокупно здравје. 3атоа, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

Во својата книга „Како да се спречи деменција“, неврологот ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на одредени болести. Тој вели дека алкохолот е „директен невротоксин“, што значи дека редовното пиење големи количини алкохол може да биде штетно за мозокот, а оттука и за другите органи.

- Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Алкохолот ми помага да си го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на опасност и веројатно е најдобро да престанете целосно со алкохолот, објаснува д-р Рестак.

Советот гласи: Откажете се од алкохолот по навршувањето 65 години.

- На таа возраст вашиот мозок веројатно веќе консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело. Кога алкохолот го оштетува мозокот, тоа влијае и на агилноста на телото, а можноста и за паѓање е поголема, појасни лекарот.

Наводите говорат: Стапката на смртност од пад е во раст - особено кај повозрасните мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние луѓе кои веќе се погодени од мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата или користат одредени лекови. /МИА

Изборната кампања во полн ек - се заострува реториката меѓу партиите

Изборна кампања во полн ек во која секое ветување се става на вага. Вака комуникологот Бојан Кордалов гледа на кампањата за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои ќе се одржат на 8 мај.

Вели дека се што ќе им се вети на граѓаните ќе се следи колку ќе биде исполнето.

-Веќе во вториот круг можеме да видиме една динамика којашто за актуелната власт ќе ги одрази следните четири години на начин на функционирање, како ќе се преструктуираат и слично, додека за актуелната опозиција сериозен тест колкави какви ветувања ќе дадат во случај да навистина успеат како што ветуваат да ја формираат владата че мора многу бргу да ги спроведуваат. Сега секое ветување се става на вага и секое ветување се запишува и многу јасно ќе се следи. – Бојан Кордалов – Комуниколог

Иако вели дека политичките пораки и меѓусебните прозивки и провокации кои доминираат во овој период, пресудно влијание врз гласачите нема да имаат со оглед на тоа што најголемиот дел од граѓаните кои излегуваат на гласање уште претходно знаат за кого ќе гласаат.

-Значи 20 или 40 дена чуда не прават. Можеби некој незначителен дел да променат но генералната слика не. Тоа е истражување, тоа е факт, тоа е искуство досега тоа е пракса. Но партиите мора да разберат, и кандидатите дека тоа што го зборуваат денеска е тајмер којшто почнува да врти за следните година, две, три и ги отсликува нивните амбиции каде ќе бидат следните години. – Бојан Кордалов – Комуниколог

Од изборната капања остануваат уште помалку од десет дена. Загрижувачки, вели Кордалов е што и понатаму останува висок бројот на граѓани кои не гласаат, но ниту на овие избори помеѓу два круга, не очекува дека ќе има промени во бројките околу излезноста.

притисни ентер