СветСАД потпишаа трговски договори со Малезија, Тајланд и КамбоџаДоговорите беа договорени на маргините на форумот, а нивното потпишување означува нова фаза во економската дипломатија на Вашингтон во Азија. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска за време на самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Куала Лумпур, потпиша трговски договори и договори за пристап до ретки минерали и метали со Малезија, Камбоџа и Тајланд. Договорите беа договорени на маргините на форумот, а нивното потпишување означува нова фаза во економската дипломатија на Вашингтон во Азија. Договорите со Камбоџа и Тајланд беа склучени по церемонијата на која лидерите на двете земји го потврдија продолжувањето на прекинот на огнот меѓу нив, постигнат по петдневниот пограничен конфликт во јули. Претседателот Трамп нагласи дека прекинот на борбите е услов за постигнување на трговските договори. Во Куала Лумпур, Доналд Трамп и малезискиот премиер Анвар Ибрахим потпишаа трговски договор и „пакт за ретки минерали“ насочен кон зголемување на билатералната трговија и зајакнување на синџирите на снабдување со ретки земјини елементи. Договорите имаат за цел да одговорат на зголемените ограничувања на Кина за извоз на стратешки суровини. Според договорот, Малезија ќе обезбеди „значаен преференцијален пристап“ за американски хемикалии, машини, електрична опрема, метали, автомобили и земјоделски производи. Земјата ќе ги отстрани ограничувањата за извоз на ретки минерали во Соединетите Американски Држави и ќе го забрза развојот на секторот преку партнерства со американски компании, вклучително и доделување лиценци за рударство и преработка. Во текот на следните пет години, малезиските компании ќе купуваат полупроводници, воздухопловни компоненти, опрема за телекомуникации од американски производители во вредност од 150 милијарди долари. Договорот, исто така, вклучува инвестиции во САД од 70 милијарди долари во текот на следната деценија. Трамп, исто така, потпиша трговски договор со Камбоџа со кој се ослободуваат стотици категории стоки од реципрочни царини, како и рамковен договор со Тајланд за соработка во секторот за ретки земјени елементи. Посетата на Доналд Трамп на Малезија е дел од турнејата низ три земји во Азија што ќе продолжи со посети на Јапонија и Јужна Кореја. Се очекува кулминацијата да биде средбата на Трамп со кинескиот претседател Си Џинпинг, закажана за 30 октомври во Сеул.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мастер планот на Филипче е пак да и се умилкува на Бугарија за така да дојде на властФилипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ.Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор. Потоа се жали по јавни настапи дека некој му го урнал угледот, никој не му го урнал ниту нему ниту на СДС, освен тие самите преку стабри здравство и марихуана економија. Па сега после сите капитулантски договори, Филипче најавува и нов мастер план. Мастер планот на Филипче е да дојде на власт по секоја цена, да им го исполни барањето на Бугарија со впишување Бугари во Уставот и да го заврши она што го почна Заев. Значи мастер планот кој го најавува вклучува нова отстапка на штета на националните интереси. А секако Филипче, како другар на Радев, сега молчи за моштите на Цар Самуил, и се обидува да ја префрли топката на историчарите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПо четири недели во ЕУ падна просечната цена на дизелот Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи низ ЕУ малку се намали оваа недела, за девет центи на 2,15 евра за литар, по четири недели рекордни максимуми, според анализата на податоците на земјите-членки доставени до Европската комисија.Од сите земји-членки на ЕУ, само Кипар забележа нов неделен рекорд, во споредба со 12 минатата недела. Бројките вклучуваат даноци, кои варираат од земја до земја и сочинуваат 40 проценти од просечната цена на горивото во ЕУ. Тие не вклучуваат целни субвенции. Просекот во ЕУ се пресметува врз основа на потрошувачката на гориво во секоја земја-членка во 2024 година. Во февруари, пред нападот на САД и Израел врз Иран, просечната цена на дизелот во ЕУ беше 1,59 евра за литар. Цените на горивата оттогаш се зголемија, главно поради затворањето на Ормускиот теснец, низ кој минуваат околу 20% од светската нафта и гас, и блокадата на саудискиот извоз во Црвеното Море. Украинските напади врз руските рафинерии, исто така, придонесоа за ова. Притисокот беше донекаде ублажен од земјите од Г7, кои во петокот одлучија да ослободат 100 милиони барели дизел и сурова нафта од своите стратешки резерви. Ослободувањето ќе трае четири месеци. Тие, исто така, се согласија да не воведуваат забрана за извоз на дизел од страна на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
МакедонијаСДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!ВМРО-ОКГ повторно ја крои касата. Приходите и расходите се намалуваат за по околу 86 милиони евра. Дефицитот останува 4,1 процент од БДП. Капиталните инвестиции се кратат за околу 93 милиони, затоа што проектите доцнат. Ова е втор ребаланс за четири месеци. Дури е можен и трет. Министерката вели криза и намалени давачки за горива. Блискиот Исток гори и пред првиот ребаланс. Кризата не се појави вчера и овој ребаланс не е поради горвата затоа што тие чинат едвај 60 милиони евра додека ефектот од намалување на ДДВ е нула. Парите за пат, училиште и болница се сечат. Парите за кредит не се сечат. До крајот на годината се најавува нова граѓанска обврзница. Финансирањето се затвора на домашен пазар. Следната година еврообврзница, со камата над 6 проценти. Кредит за да се плати кредит. Тоа не е развој. Тоа е должничко ропство. За две години арамијата го зголеми долгот за околу 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. До крајот на годината уште 250 милиони. Дупка во ПИОМ околу милијарда. Секоја недела нова хартија. Каматата расте. Сметката ја плаќа граѓанинот. А за тој граѓанин му пресметаа кошничка ама по нивни терк, не според реалноста. Велат 60.000 денари за четиричлено семејство било договолно во август. Синдикалната кошничка е за над 10.000 денари повисока а со кирија стига и до околу 90.000 денари. Затоа исмислија нова. Владата вели 95 проценти живеат во свој дом. Студентот што плаќа кирија и семејството што отплаќа стан не влегуваат во таа реченица. Две минимални плати не ја покриваат ниту нивната исмислена, пониска кошничка. Недостигаат над 10.000 денари. Министерот вели само 2 проценти земаат минималец. А над 70% од луѓето се со плати помали од просечната. Потрошувачката кошничка не ја полни процентот на раст на „третата економија“, туку цените што граѓаните секојдневно ги плаќаат. Нема мерки за граѓаните. Има проекти за туѓ интерес. Дата-центар, хардвер за туѓа дигитализација, струја на грб на народот. Антимон, руда за муниција, пет милиони за дупка, Гета чинеше 5,53. Цените отидоа до плафон затоа што на почетокот на кризата не се реагира. Граѓанинот плаќа двапати: еднаш на пумпа, вторпат на рата за кредит. Светска банка потврди дека не сме трета економија туку на нво на една третина од европскиот стандард и 17 години во стапица. Статистиката не го полни фрижидерот. Буџетот што се крои секој месец не е економија. Тоа е каса на организирана криминална група што државата ја води како штанд, а народот како гарант. Кредитот не е приход. Кошничката без кирија не е живот. Власта ќе се врати во рацете на народот. Сметката ќе ја плати бандата. Скопје 10.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook