САД постигнаа трговски договор со Британија, потврди Трамп - Канал 5

САД постигнаа трговски договор со Британија, потврди Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на социјалните мрежи „Truth Social“ дека САД и Обединетото Кралство постигнале трговски договор.

САД постигнаа трговски договор со Британија, потврди Трамп

„Договорот со Обединетото Кралство е целосен и сеопфатен и ќе ги зацврсти односите меѓу Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство во наредните години. Поради нашата долга историја и сојуз, голема чест е што Обединетото Кралство е НАШАТА ПРВА објава. Наскоро ќе следат многу други договори, кои се во сериозна фаза на преговори!“ напиша тој.

Само неколку минути подоцна, американскиот претседател повторно се јави на Truth Social и рече дека „златното време на Америка доаѓа“.

Да потсетиме, „Њујорк тајмс“ претходно објави дека Трамп денес ќе објави дека САД се согласиле на трговски договор со Британија, што им го потврдија три извори запознаени со плановите. Извори за Би-Би-Си и Скај њуз го потврдија истото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња волшебникот Лионел Меси, пред два дена се прости од аргентинската репрезентација на натпреварот против Бенин и со тоа заокружи една фантастична фудбалска приказна.

Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!

Сепак, Лионел Меси нема намера да застане кога станува збор за клупскиот фудбал, а пристигна и една многу интересна понуда.

Меси има освоено бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не настапил во Копа Либертадорес.

„Мислам дека му преостанува уште да заигра во Копа Либертадорес, па затоа го прашувам дали би го прифатил овој предизвик“, изјави претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез.

Иако фудбалерот на Интер Мајами сè уште не размислувал за оваа одлука, навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување.

Меси практично освои сè што можеше да се освои, а евентуалното освојување на уште еден трофеј во неговата богата кариера би претставувало вистинска круна на неговите достигнувања.

На 39-годишна возраст, Меси веќе зад себе има осум „Златни топки“, шест „Златни копачки“, четири титули во Лигата на шампионите, десет титули во Шпанија, две титули на Копа Америка, трофејот од Финалисима и Светското првенство во 2022 година, како и бројни други признанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)

Добитничка на Нобеловата награда за мир за 2026 година е Наванетен Пилај.

Доделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)

Пилај е јужноафриканска адвокатка и судијка, позната по својата долгогодишна работа во заштитата на човековите права и меѓународната правда.

Таа ја доби наградата за нејзините напори во промовирањето на мирот и меѓународното право.

Гледајте ја церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во живо:

За потсетување, Норвешкиот Нобелов комитет доби номинации за 287 кандидати, од кои нешто повеќе од една четвртина се организации, објави претходно АП.

YouTube video

Како што објавува Тајм, 208 кандидати се поединци, а 79 се организации.

Овогодинешната церемонија на доделување на наградите ја одбележува 125-годишнината од Нобеловата награда за мир, која е доделена на 112 поединци и 28 организации од 1901 година.

Црвениот крст е награден три пати, а Агенцијата на ОН за бегалци двапати. Меѓу индивидуалните добитници беа 20 жени, од кои осум беа наградени во последните 15 години.

Минатогодишната добитничка беше лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која беше наградена за нејзината борба за демократска транзиција во Венецуела. Подоцна таа му ја додели Нобеловата награда на Трамп, но Нобеловиот комитет рече дека самата награда не може да му се додели на друго лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РСБСП: Одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома

 Апел на РСБСП до сите учесници во сообраќајот по повод престојниот празник 11 октомври- одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома.

РСБСП: Одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома

По повод престојниот празник 11 октомври, продолжениот викенд и очекувањата за зголемената раздвиженост и фреквенција на возила на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни, одговорни и доследни во почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Продолжените викенди се период кога поголем број граѓани патуваат, што значи зголемено присуство на возила и пешаци на патиштата, подолги патувања и поголем ризик од сообраќајни незгоди. Затоа, секое патување треба да започне со свест дека безбедноста не смее да биде оставена на случајноста.

РСБСП апелира до возачите:

* почитувајте го ограничувањето на брзината и прилагодете ја брзината на движење според условите и состојбата на патот;

* не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци

* не користете мобилен телефон и деуги електронски уреди додека управувате со возилото;

* користете сигурносен појас на секое патување, без оглед на должината на релацијата;

* користете соодветна детска седиште и задолжително обезбедете ги децата;

* одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични престигнувања и ненадејни маневри;

* пред подолго патување проверете ја техничката исправност на возилото, особено пневматиците, сопирачките и системите за осветлување;

* доколку сте уморни, не продолжувајте да возите – направете пауза и одморете се.

РСБСП посебно потсетува дека брзањето, невниманието и преценувањето на сопствените возачки способности можат да имаат несакани последици. Неколку минути порано на крајната дестинација, никогаш не се поважни од човечкиот живот.

Апелот се однесува и на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите – да бидат внимателни, видливи и да ги почитуваат сообраќајните правила, особено при преминување и движење покрај коловозот.

За време на продолжениот викенд, патувајте одговорно, возете внимателно и не ризикувајте го својот и животот на другите.

Нека 11 Октомври биде повод за празнување, дружење и безбедно патување, а не причина за сообраќајна незгоди и трагедии.

РСБСП со апел:

„Вози одговорно -Секој живот е важен.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер