Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода
1Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода
Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
2Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
3Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
СветЛами: Велика Британија го поздрави договорот за минералите меѓу САД и Украина Велика Британија го поздравува потпишувањето на економскиот договор меѓу САД и Украина, изјави шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, цитиран од ДПА. Министерството за финансии на САД синоча објави дека е формиран „инвестициски фонд за закрепнување“ на Украина, а украинскиот премиер Денис Шмихал го опиша како „вистински праведен и добар меѓународен договор“. Министерката за економија на Украина, Јулија Свириденко, на платформата Х потврди дека двете страни го потпишале договорот. „Благодарение на лидерството и договорите меѓу претседателот Володимир Зеленски и претседателот Доналд Трамп, министерот за финансии Скот Бесант и јас го потпишавме договорот меѓу Украина и САД за формирање на Инвестициски фонд за реконструкција меѓу Украина и САД“, напиша Свириденко на Х. Во објава на Х министегрот Лами денеска изјави: „Обединетото Кралство ги поздравува чекорите преземени од САД и Украина за потпишување договор за економско партнерство. Поддршката на Обединетото Кралство за Украина останува непоколеблива. Со нашето 100-годишно партнерство, ги продлабочуваме економските и безбедносните врски за идните генерации на нашите две земји“. Тагови: Велика Британија САД украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела ВодаГрадоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес изврши увид во градежните активности за доградба на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“. Проектот во моментов се наоѓа во напредна фаза на реализација.Карабината на новата доградба е целосно завршена, поставени се потребните инсталации, а во моментов активно се работи на уредување на внатрешноста на просторот. Новиот училишен простор се простира на околу 560 квадратни метри и опфаќа шест нови училници и современи санитарни јазли. Проектот се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука преку програмата за капитални инвестиции во општините, како дел од успешната и континуирана соработка помеѓу локалната и централната власт. - Доградбата на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ напредува со навистина одлична динамика. Градежните работи на карабината се комплетирани, инсталациите се поставени, а сега фокусот е целосно насочен кон внатрешното уредување на новите простории. Oвој проект е најубав доказ за тоа какви резултати можеме да постигнеме кога постои заедничка визија и силна поддршка од централната власт. Заедно инвестираме во она што е најсуштинско, во подобри услови за настава, во квалитетно образование и во сигурна иднина за нашите деца-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМеланшон; „Бастилја повторно освоена“ по големиот студентски митинг во ПаризЖан-Лук Меланшон, лидер на екстремно левичарската партија „Непокорна Франција“, изјави дека бастилја е „повторно освоена“, откако студентите организираа демонстрации низ целата земја - вклучително и голем митинг на озлогласениот плоштад Бастилја воВо меѓувреме, подоцна истиот ден, францускиот министер за образование, Едуар Жефри, објави дека 3.000 заменски наставници ќе бидат распоредени во училиштата што се соочуваат со недостиг на кадри. Главните протести во четвртокот беа дел од движењето предводено од студентите кое започна на 17 септември во предградијата на Париз, пред постепено да се развие во поширока кампања за решавање на проблеми, вклучувајќи ги долгите училишни денови, преполните училишта и отсуствата на наставниците.лидерот на „Непокорна Франција“ и неговите сојузници беа обвинети од нивните противници за поттикнување немири и манипулирање со младите луѓе за политичка корист. Меланшон ги отфрли овие критики, нагласувајќи дека и покрај фактот дека неговата партија ги поддржува протестите, тие беа независно започнати од студенти. Коалицијата на студенти и професионални синдикати повика на уште еден ден протести и штрајкови на 13 октомври, а понатамошна голема мобилизација е планирана за 17 октомври.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
Црна хроникаМВР отвори истрага, ДУИ бара оставка од Астрит Исени- двајцата млади му одзеле пиштол на полицаец Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение побара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени.Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение побара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, како и целосно расветлување на случајот со двајца млади на 21 и 23 години, кои тврдат дека биле физички малтретирани од полициски службеници. Според ДУИ, во интерниот полициски извештај се наведува дека младите му го одзеле пиштолот на полициски службеник. Тие, пак, тврдат дека оружјето завршило во нивното возило откако полицијата го скршила стаклото. Според нивните наводи, службениците пукале со огнено оружје, им ги дупнале гумите на автомобилот, а потоа ги врзале и ги легнале на земја, при што биле малтретирани. Партијата бара итна, непристрасна и транспарентна истрага, како и утврдување на одговорност доколку се докаже дека полициските службеници ги прекршиле овластувањата. „Правата и достоинството на граѓаните не смеат да бидат повредувани од оние чија должност е да ги штитат“, наведуваат од ДУИ, инсистирајќи на целосна институционална одговорност. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи соопшти дека министерот му наложил на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот. Ова следува по објавите дека на 7 октомври во Скопје две лица биле физички нападнати од полициски службеници и дека им бил оштетен автомобилот. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба и околностите на настанот, како и за евентуалната одговорност на инволвираните службеници. По завршувањето на проверките ќе бидат преземени соодветни законски мерки, а јавноста ќе биде известена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00