СветСАД планираат да воведат забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден има намера да воведе забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија, користејќи ги извршните овластувања на шефот на Белата куќа.Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден има намера да воведе забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија, користејќи ги извршните овластувања на шефот на Белата куќа, откако дојде до ќорсокак во усвојувањето на овој закон во американскиот Конгрес. Како што објави Блумберг, законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија беше усвоен во Претставничкиот дом на САД во декември. Сепак, тогаш дојде до ќорсокак во Сенатот, каде демократите имаат мнозинство. Белата куќа сака забраната да биде усвоена како дел од воведувањето санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина. Советот за национална безбедност и претставниците на Министерството за енергетика разговараа за забраната што ќе вклучува откажување од дозволата за увоз на гориво до 2028 година. The Biden administration is considering banning imports of enriched Russian uranium using executive authority as congressional efforts to block the Kremlin’s shipments of the reactor fuel stall, according to people familiar with the matter https://t.co/FhhGuhfAtS — Bloomberg (@business) April 29, 2024 Извршната наредба на претседателот Бајден има речиси иста моќ како федералниот закон. Конгресот не може директно да го поништи, но може да донесе нов закон со кој ќе се поништи наредбата на претседателот. Американската агенција пренесува дека сè уште не е донесена конечна одлука за ова прашање, истакнувајќи дека администрацијата на Бајден и нуклеарната индустрија би сакале ова прашање да се реши на ниво на Конгресот. Русија е најголемиот американски странски снабдувач со збогатен ураниум, обезбедувајќи речиси 25 отсто од горивото што се користи во американските реактори. Официјалните статистички податоци покажуваат дека САД минатата година увезле руски ураниум во вредност од 1,2 милијарди долари, што е најмногу регистрирано досега, со годишната вредност на пратките на ураниум зголемена за 43 отсто. Белата куќа го гледа развојот на домашните капацитети за збогатување ураниум како прашање на националната безбедност. Претходно оваа година, Конгресот одобри 2,7 милијарди долари за таа цел, а администрацијата на Бајден повика на долгорочна забрана за увоз од Русија. САД имаат свои наоѓалишта на ураниум, но тие не се доволни за снабдување на нуклеарниот енергетски сектор во земјата. Во меѓувреме, Русија е дом на најголемиот светски комплекс за збогатување ураниум, кој сочинува речиси половина од глобалниот капацитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноемвриИзведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции. Национална опера и балетТагови: балетска приказна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинариИскра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook