3Шасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужува
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
СветСАД означија четири европски ограноци на групата Антифа како терористички организацииСАД означија четири групи во Германија, Италија и Грција како глобални терористи, обвинувајќи ги дека се „насилна антифа“.Државниот секретар Марко Рубио изјави дека ги означил членовите на групите Антифа Ост, Неформална анархистичка федерација/Меѓународен револуционерен фронт (FAI/FRI), Револуционерна класна самоодбрана и Вооружена пролетерска правда како „Специјално означени глобални терористи“, продолжувајќи ја политиката на Трамп за „спротивставување на кампањата на политичко насилство на Антифа“. Рубио истакна дека има намера да ги означи тие групи како „странски терористички организации“ од 20 ноември и предупреди дека Вашингтон ќе ги таргетира и други групи низ целиот свет, објавува Хина. „Групите поврзани со ова движење се водени од револуционерни анархистички или марксистички идеологии, вклучувајќи антиамериканизам, антикапитализам и антихристијанство, користејќи ги за поттикнување и оправдување на насилни напади дома и во странство“, рече Рубио. Според Стејт департментот, Антифа Ост, со седиште во Германија, организирала напади врз поединци што ги сметала за „фашисти“ во Германија помеѓу 2018 и 2023 година, „и била обвинета за серија напади во Будимпешта кон средината на февруари 2023 година“. Унгарија ја прогласи Антифа Ост за терористичка организација претходно оваа година. „Групата FAI/FRI ја презеде одговорноста за закани со насилство, бомби и писма-бомби против политички и економски институции, вклучувајќи судови и други „капиталистички институции“, соопшти Стејт департментот. Се додава дека Револуционерната класна самоодбрана „презеде одговорност за два напада со импровизирани експлозивни направи врз грчкото Министерство за труд и канцелариите на грчките железници“, додека Вооружената пролетерска правда „презеде одговорност за поставување бомба во близина на седиштето на грчката интервентна полиција во декември 2023 година“. Трамп и неговите републикански сојузници ги обвинија следбениците на Антифа за поттикнување политичко насилство по атентатот врз конзервативниот активист Чарли Кирк. За време на неговиот прв мандат, Трамп се закани дека ќе ја прогонува Антифа, а во септември со извршна наредба ја прогласи групата за терористичка организација, иако некои експерти за национална безбедност веруваат дека ова е правно неосновано, бидејќи Антифа нема ниту официјално раководство ниту организациска структура.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на УФП-Ивановски во САД, на Годишната конференција на IACP 2026Директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, заедно со директорот на Царинска управа и директорот на Бирото за јавна безбедност, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026).На официјална покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот Оддел при Министерството за правда на САД, директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, заедно со директорот на Царинска управа и директорот на Бирото за јавна безбедност, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026), која се одржува во Орландо, Флорида. На свеченото отварање на Генералното собрание, во поздравното обраќање на Директорот на IACP, се потенцираа клучните прашања кои ја дефинираат работата на безбедносните органи, преку глобалното вмрежување, интероперабилност и зајакнување на капацитетите,во насока на професионално и ефикасно спроведување на законите на светско ниво, во борба против организираниот криминал. Имајќи го во предвид глобалниот светски тренд на дигитализација, од особено значење за нашата држава е презентирањето на нови технологии и иновации во областа на откривање и сузбивање на финансискиот и целокупниот криминал воопшто. Како институција, каде акцентот на дејствување е ставен на предистражната постапка, Конференцијата претставува одлична можност за директен увид во современите технолошки алатки и практики за спроведување на законот, кои во споменатата фаза на дејствување, значително би го олесниле работењето на Управата. Учеството на една од највлијателните годишни конференции од ваков тип, дополнително ја потврдува потребата нашата држава да биде дел од глобалната безбедносна политика. Потребата од професионален и детален пристап, навремена размена на информации, заедничка стратегија и координирани истраги за потенцијалните сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата. Пораката од САД останува јасна: безбедноста и националните интереси на државата продолжуваат да бидат приоритет, преку доследна примена на законите кон сите современи предизвици. Управа за финансиска полицијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Бугарија- според анкетите, Јотова во предност пред Ѓуров Бугарите денеска гласаат на претседателските избори, додека руската војна против Украина се прошири на бугарскиот брег на Црното Море. Дури 27 кандидати учествуваат во трката, а според анкетите, вршителката на должноста претседателка Илијана Јотова (61) е во водство. Нејзин најсериозен ривал е поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров (50). Претседателската функција е претежно церемонијална, но изборите добија на значење по серијата напади со беспилотни летала врз трговски бродови по должината на бугарскиот брег на Црното Море, во кои загинаа околу дваесет морнари од различни земји. Тие напади предизвикаа низа осуди од меѓународната заедница, како и загриженост за ширењето на руско-украинската војна. Затоа, бугарската влада побара помош од сојузниците на НАТО за зајакнување на поморската безбедност. Ѓуров: Сакам Бугарија да биде сигурен сојузник на НАТО Премиерот Румен Радев рече дека „резултатот од тие напади е во корист на Русија“, но не ја обвини директно дека ги извршила. Двајцата водечки претседателски кандидати, исто така, ги осудија нападите. Андреј Ѓуров, кој привремено беше премиер оваа година, ужива поддршка од прозападните, реформистички партии. Тој отворено ја поддржува Украина, а како премиер потпиша договор за безбедносна соработка со Киев. „Сакам Бугарија да има свој глас во Европа. Сакам да биде сигурен сојузник во НАТО што ги штити своите интереси со силна дипломатија и јасна позиција“, рече тој на предизборен митинг во четврток. Можен втор круг ќе се одржи следната недела Илијана Јотова беше потпретседател на земјата, а функцијата претседател ја држи од јануари, кога Румен Радев поднесе оставка за да се кандидира на парламентарните избори. Радев ги доби тие избори, а политичките аналитичари го сметаат за близок до Кремљ. Поранешниот претседател, сега премиер, го поддржува својот поранешен заменик; двајцата се за дипломатски крај на војната во Украина. „Моите противници тврдат дека мора да има војна на исцрпување. Вистината е дека ние сме најисцрпени“, рече Јотова во четврток на предизборен митинг. Ако победи, таа ќе стане првата жена претседател на Бугарија. Анкетите ѝ даваат поддршка од 41 процент, додека Ѓуров има 28 проценти. Доколку никој не освои апсолутно мнозинство гласови, вториот круг ќе се одржи на 1 ноември. Гласачките места се отворени во 7:00 часот наутро и ќе се затворат во 20:00 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужуваПравдата е темелот на правната држава, чуварот на слободата, достоинството на секој човек и најсилниот доказ за вистинската зрелост на институциите. Без независно судство, професионално обвинителство и одговорни институции, нема правна сигурност, нема еднаквост и нема вистинска доверба. Како министер за правда, мојата определба е да градиме правосудство во кое законот ќе биде над секој интерес, правдата нема да зависи од ничија моќ, а секој граѓанин ќе има еднакво право на заштита и правично постапување. Ни треба судство кое одлучува независно, непристрасно и во разумен рок. Обвинителство кое постапува професионално, одлучно и неселективно. Институции што ќе ја оправдаат довербата не со зборови и ветувања, туку со конкретни резултати, интегритет и одговорност. Довербата во правдата не се бара – таа се заслужува. Не со декларации, туку со дела. Не со ветувања, туку со резултати. Затоа, реформите нема да ги мериме само според бројот на донесени закони, туку според промените што граѓаните реално ќе ги почувствуваат: поефикасни постапки, поквалитетни одлуки, поголема правна сигурност и еднаква примена на законот за сите. Европската иднина на државата подразбира европски стандарди во секоја институција, доследност во спроведувањето на реформите и одговорност без исклучок. Тоа не е само наша обврска на европскиот пат, туку пред сè обврска кон граѓаните и нивното право да живеат во праведна и уредена држава. Правдата е обврска. Одговорноста е должност. Довербата се заслужува. Честит 25 Октомври – Европски ден на правдата! Министер за правда д-р Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook