Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СветСАД одобрија напади на ирански цели во Ирак и Сирија, ќе потраат со деновиСоединетите Држави ги одобрија плановите за повеќедневни напади во Ирак и Сирија против повеќе цели, вклучително и ирански персонал и објекти, објави денеска CBS News, цитирајќи американски официјални претставници.Претседателот Џо Бајден вчера изјави дека одлучил како да одговори на овонеделниот напад со беспилотно летало во североисточниот дел на Јордан, во близина на сириската граница, во кој загинаа тројца американски војници и ранети се повеќе од 30. САД ги обвинија милитантите поддржани од Иран за нападот со беспилотни летала. Највисокиот дипломат на Бајден, државниот секретар Антони Блинкен, во понеделникот рече дека одговорот на САД „може да биде повеќеслоен, да дојде во фази и да биде одржлив со текот на времето“. Во својот извештај, CBS не даде детали за тоа што значи одобрението од САД во однос на распоредот за нападите. Нападот со беспилотно летало беше првиот фатален напад врз американските сили од почетокот на војната меѓу Израел и Газа во октомври и означи ескалација на тензиите што го зафатија Блискиот Исток. Американските власти размислуваат како да ги казнат милициите поддржани од Иран без да предизвикаат поширока војна. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вчера најави воведување нови санкции насочени кон финансиските мрежи на иранската револуционерна гарда и либанската паравоена група Хезболах, поддржана од Иран. Санкции се воведени против едно лице и три ентитети осомничени дека дале клучна финансиска поддршка на иранскиот Корпус на гардата на исламската револуција-Кудс. Цел на санкциите беше и финансиската мрежа на Хезболах, која се судри со Израел долж либанско-израелската граница од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа минатиот октомври. Двете групи САД ги означија како странски терористички организации. „Денешната акција ја нагласува нашата решеност да ги спречиме IRGC-QF и нејзините терористички прокси групи да го искористат меѓународниот трговски систем за финансирање на нивните дестабилизирачки активности“, рече во изјавата министерот за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Е. Нелсон. „САД ќе продолжат да преземаат активности за да ги разоткријат и прекинат овие криминални врски“, рече Нелсон. Командантот на иранската револуционерна гарда, Хосеин Салами, вчера изјави дека Техеран ќе одговори на сите американски закани. „Ги слушаме заканите што доаѓаат од Американците и им кажуваме дека тие веќе нѐ провериле и дека ниту една закана нема да остане без одговор“, рече Салами, пренесе агенцијата Тасним. Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан беше цитиран од државните медиуми кога изјави на состанокот на владата: „САД мора да престанат со заканите и да се фокусираат на политичко решение“. „Вашингтон мора да го прифати отпорот како факт“, додаде тој, мислејќи на името на Иран за сојуз на вооружени групи низ Блискиот Исток. Инаку, во нападот со дрон загинаа тројца американски војници, а беа ранети повеќе од 30 припадници на армијата. Тоа е првпат од почетокот на војната во Газа американските војници да имаат жртви од непријателски оган на Блискиот Исток. Одговорноста за нападот претходно ја презеде Исламскиот отпор во Ирак, милитантна група поддржана од Иран која дејствува во Ирак и Сирија. Сите загинати војници биле наредници од Џорџија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декемвриАлександар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат.. Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМаркез заврши во болница, ја пропушта последната трка во сезонатаАлекс Маркез нема да учествува на последната трка од овогодинешното Мото ГП првенство во Валенсија откако беше хоспитализиран преку ноќ поради бронхоспазам, објави неговиот тим Гресини Дукати.Помладиот од браќата Маркез исто така ќе ја пропушти трката што ќе биде последна за неговиот брат Марко во Мото ГП првенството. Алекс требаше да се збогува со Гресини на патеката „Рикардо Тормо“, пред да се пресели во фабричкиот тим на КТМ за сезоната 2027. Неговиот настап на официјалниот тест, закажан за вторник во Валенсија, е исто така под знак прашалник. Шпанецот требаше да стартува од четвртата позиција, но по неговото повлекување, сите возачи зад него ќе се искачат за едно место. Со ова, вкупниот број на возачи што учествуваат во трката ќе достигне 21.Тагови: Алекс Маркез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter