ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата
1ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата
СветСАД најавуваат олеснување на санкциите за нафтениот сектор на Венецуела Американски официјални претставници работат на скоро издавање општа дозвола со која би се укинале дел од санкциите кон енергетскиот сектор на Венецуела, што укажува на промена на досегашната практика на поединечни изземања, соопштија четири извори.Соединетите Американски Држави со месеци го блокираат извозот на венецуелската нафта, распоредувајќи воени бродови во Карипскиот регион. На почетокот на јануари, американските сили го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро, со образложение дека треба да биде изведен пред американски суд под обвинение за, како што беше наведено, „наркотероризам“. Претседателската функција привремено ја презеде заменичката на Мадуро, Делси Родригез, а Вашингтон соопшти дека со Каракас склучил договор за испорака на нафта во вредност од две милијарди долари. Американските власти ги повикаа компаниите да инвестираат во Венецуела, со процени дека вкупниот износ на инвестиции во следната деценија би можел да достигне 100 милијарди долари. Во меѓувреме, дозволи за трговија беа издадени на компаниите „Витол“ и „Трафигура“, додека бројни партнери и купувачи на државната нафтена компанија PDVSA поднесоа барања за проширување на производството и извозот. Меѓу нив се „Шеврон“, „Репсол“ и „ЕНИ“, индиската рафинерија „Релајанс индустрис“, како и група американски услужни компании. Големиот број поединечни барања доставени до американската влада ја забавил реализацијата на плановите за проширување на извозот и за брзи инвестиции во Венецуела, изјавија два извора. Канцеларијата за контрола на странскиот имот при Министерството за финансии на САД воведе санкции врз целокупната венецуелска енергетска индустрија во 2019 година, по претседателските избори на кои Мадуро освои уште еден мандат. Белата куќа тогаш соопшти дека изборите не биле легитимни. Тагови: Венецуела САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градотСилна песочна бура го зафати Истанбул вчера.Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера, пред да почне поројниот дожд,небото се затемнило, ветерот корнел дрвја и кревал покриви, а возачите се соочиле со тешкотии поради намалената видливост предизвикана од облаците прашина. Bugün İstanbul. Bu mevsimde herhalde ilk defa oluyor. #istanbul #fırtına #sel pic.twitter.com/0cNitLhBJg — Murat Sagman (@muratsagman) July 22, 2026 Поради силниот ветер и неповолните временски услови, некои авиони што се обидувале да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ биле принудени да кружат во воздухот, објави порталот „Сон Саика“. Деца што си играле на улицата и еден минувач за малку ќе настрадале откако силниот ветер откорнал дел од покрив во истанбулската општина Есенлер; инцидентот бил снимен од безбедносна камера, пренесува „ТРТ Хаберлер“. Силниот јужен ветер подигна високи бранови во близина на Ускудар, што им го отежна движењето на граѓаните долж крајбрежјето. Ветарот откорна дел од шатор поставен на плажата, кој падна врз едно лице. Во центарот на Истанбул, во областа Фатих (населба Лалели), дрво падна на патот и предизвика краткотраен застој во сообраќајот. Во населбите Зејтинбурн и Бејоглу ветрот откорна покриви од згради, а дрво што падна на улица во Бахчелиевлер удри во паркиран автомобил. #İstanbul #İstoç’da saniyelik #fırtına pic.twitter.com/Gjjkh9ke6J — Her_Branşta_Beşiktaş (@Her_Bransta_BJK) July 22, 2026 Бурен ветер проследен со слаб дожд на одредени места уследи по топлотниот бран, за време на кој температурата во Истанбул надмина 35 степени. Метеорологот Адил Тек изјави за „Сабах“ дека од правец на Бугарија и Романија кон Турција се движи нов систем што носи дожд; тој во текот на вечерта најпрвин ги зафати Едрене и Киркларели, а потоа дождот ќе ја зафати цела Тракија, особено европскиот дел и северните делови на Истанбул.Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водатаПо Гостивар забренета за пиење и водата во Валандово. Од јавниот комунален сервис соопштуват дека лабораториските анализи покажале зголемено присуство на арсен и упатија итно предупредување до жителите на овој град да не ја пијат водат, туку да ја корситат само за технички потреби. Според градоначалникот на општината Ѓоко Камчев можно е да настанала печатна грешка при објавувањето на резултатите. – тврди дека се прават нови анализиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛионел Меси најавил повлекување?Аргентински новинар близок до фудбалерот предизвика хаос со својата изјава! Тој повторно се огласи.Многу светски медиуми ја пренесоа ексклузивната изјава на Кастиљо дека Меси, по финалето, во соблекувалната им кажал на соиграчите оти тоа бил неговиот последен натпревар за Аргентина. Фудбалскиот свет сè уште ја очекува одлуката на Лионел Меси, кој размислува дали да продолжи да игра за Аргентина. Меси го напушти финалето на Светското првенство во солзи, што многумина го протолкуваа не само како пораз, туку и како збогување. Во таква ситуација, информацијата на познатиот аргентински новинар Ернан Кастиљо, кој е многу близок до самиот Меси, одекна како гром од ведро небо. Многу светски медиуми ги пренесоа зборовите на Кастиљо, кои беа ексклузивни, дека Меси им рекол на своите соиграчи во соблекувалната по финалето дека тоа е неговиот последен натпревар за Аргентина. Меси одржа емотивен говор во кој објави дека се збогува со националниот дрес. Веста се прошири со брзината на светлината на социјалните мрежи, а токму кога сите веќе го сумираа учинокот на Меси во националниот тим, повторно се огласи Ернан Кастиљо. Кастиљо изјави дека Меси им рекол на соиграчите во соблекувалната: „Ова може да биде мојот последен натпревар“, ублажувајќи ја првичната категорична изјава.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter