Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
1Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
3Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ
Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
1Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
2Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
ФудбалСАД, Мексико и Канада бараат заедничка организација на СП 2026Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада подготвуваат заедничка кандидатура за организација на фудбалскиот Мундијал во 2026 година.Според континенталната ротација на ФИФА, Светското првенство во 2026 година би требало да се одржи во овој регион, бидејќи последен пат во Северна Америка, Светското првенство се одржа во 1994 кога домаќини беа САД. Доколку кандидатурата биде прифатена тоа ќе биде прв пат три држави да го организираат Мундијалот, кој во 2026 ќе биде историски, бидејќи ќе биде првиот на кој ќе учествуваат 48 репрезентации. Официјалниот процес за поднесување на кандидатурите започнува кон крајот на 2017 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори. Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација. „Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски. Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени. Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување. „Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конциПоранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, заврши во болница откако бил нападнат од германски овчар додека го шетал своето куче. Додека бил во прошетка, поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, бил нападнат од германски овчар, при што се здобил со сериозни повреди на ногата. Тој завршил во болница, каде што лекарите му ги санирале раните од каснувањата и му ставиле повеќе од 50 конци. Инцидентот се случил кога Пенант се обидел да го заштити своето куче, американска акита по име Кинг. Германскиот овчар прво го нападнал неговиот миленик, а поранешниот фудбалер веднаш реагирал за да го спречи судирот. Сепак, кучето потоа го нападнало него и го соборило на земја. Пенант им раскажа сè на британските медиуми, опишувајќи ги моментите што се претворија во вистински кошмар. Како што изјави, кучето му ја држело ногата во вилиците најмалку пет секунди, додека тој лежел на земја. „Беше навистина страшно. Другото куче го нападна Кинг, па јас скокнав да го заштитам. Во следниот момент, кучето ме нападна мене. Завршив на земја, а тоа ми ја држеше ногата во вилиците најмалку пет секунди“, рече Пенант, додавајќи дека нема намера да го пријави инцидентот во полиција. Фотографиите што ги сподели поранешниот фудбалер покажуваат сериозни повреди на десната потколеница. Лекарите санирале четири рани од каснување, но го предупредиле дека една особено тешка повреда можеби ќе бара хируршка интервенција. Во текот на својата кариера, Пенант настапуваше за повеќе англиски клубови, меѓу кои Арсенал, Ливерпул, Бирмингем Сити, Лидс Јунајтед, Портсмут и Стоук Сити. Својата професионална кариера ја заврши во 2018 година, на 36-годишна возраст, по 17 години поминати во фудбалот. Во Премиер лигата забележа вкупно 231 настап.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на просторот под Камениот мостВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување и рачно миење на целокупниот простор под Камениот мост во Скопје.Во овој период беа отстранети и вкупно 905 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – вкупно 190 кубни метри, е расчистено во општината Ѓорче Петров. Претпријатието подигна и транспортира приближно 3000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Воедно продолжи и замената на старите и дотраени контејнери со новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, при што во моментов се заменети вкупно 700 контејнери. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 25 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 10, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. Со еко-работилници во градинката Снежана лоцирана во општината Чаир, ЈП Комунална хигиена-Скопје ги започна едукативните активности за правилно постапување со отпадот за учебната 2026/2027 година. Во работилниците учествуваа вкупно 150 дечиња од двата објекта на градинката, коишто се запознаа како правилно да го одлагаат отпадот и да ја вршат неговата примарна селекција и како се одвива процесот на рециклирање и реупотреба на комуналниот отпад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook