САД: Лидерите на Србија и Косово ќе мора да направат тешки компромиси - Канал 5

САД: Лидерите на Србија и Косово ќе мора да направат тешки компромиси

Лидерите на Србија и Косово ќе мора да направат тешки компромиси за да ги решат отворените прашања и да ги нормализираат односите, рече американскиот државен секретар, честитајќи им го на Србија и нејзините граѓани Денот на државноста.

САД: Лидерите на Србија и Косово ќе мора да направат тешки компромиси

„Убеден сум дека нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово ќе донесе безбедност и просперитет за Србија и за сите граѓани на Западен Балкан“, се вели во изјавата објавена на официјалната веб-страница на Стејт департментот. „Секако, српските и Косовските лидери ќе мора да направат тешки компромиси за да ги постигнат тие цели, но наградите за српскиот народ - и за целиот регион - ќе бидат огромни“, додаде државниот скретар Антони Блинкен.

Соединетите Држави, нагласи тој, „силно ги поддржуваат европските амбиции на Србија“.

„Ние сме посветени да работиме со вас и нашите партнери од ЕУ на оваа важна цел. Го поздравив конструктивниот ангажман на Србија со официјалните претставници на САД, ЕУ, Франција, Германија и Италија за време на мојата неодамнешна посета на Белград“, истакна секретарот.

Истовремено, тој ја повика Србија „да ја поддржи Украина против неиспровоцираната, неоправдана и брутална војна на Русија“.

„САД ги поздравија пораките на Србија за поддршка на Украина во Обединетите нации - и ние мора да бидеме обединети во поддршката на правото на украинскиот народ да ја избере својата иднина“, нагласи американскиот државен секретар, додавајќи: „Посакувам мир, просперитет и среќа на сите граѓани на Србија на Националниот празник“.

Соединетите Држави ги охрабруваат напорите на ЕУ да ги натера Србија и Косово да постигнат напредок во дијалогот во врска со француско-германскиот нацрт-договор што ЕУ го прифати како основа за нормализирање на односите во преговарачкиот процес што се обидува да го ублажи.

Тој договор, како што беше претставен на двете страни од американско-европските дипломати во втората половина на јануари, предвидува почитување на територијалниот интегритет, неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница на Косово (Заедница на српски општини - ЗСО).

Од Србија се бара да не се меша во приемот на Косово во меѓународните организации, што, иако не е експлицитно, подразбира и прием на Косово во ОН, на што Белград категорично се противи.

Двете страни начелно прифатија да работат на решенијата што ги нуди планот, но меѓусебно ги потенцираа своите услови - Белград бара на продолжувањето на дијалогот да му претходи формирање на ЗСО, додека Приштина прифаќа да го формира здружението во согласност со нејзиното конституирање, но само по меѓусебно признавање.

Западните дипломати го дефинираа решението, кое сè уште не е на повидок, како постигнување „траен правно обврзувачки договор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката

Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба.

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката

Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, ниту како Министерство за финансии сме помогнале да се случи продажбата и сопственикот да се стекне со мнозинскиот пакет, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.

Таа потсети на постапките што се преземени од страна на Народната банка, Комисијата за хартии од вредност до објавување на јавната понуда на 11 септември и дека на 23 септември имајќи ја предвид јавната понуда на Владата се дискутира на тема на тоа дали во државата има одредени институции кои што имаат акции во оваа банка.

„На 1 септември Народната банка дава претходна согласност за квалификувано учество. Што значи тоа? Тоа значи дека до 1 септември целокупната постапка околу лиценцирање на лицата, банка или било физички лице, тоа Народната банка си знае, го имала завршено. На 10 септември Комисијата за хартии од вредност дава дозвола за јавна понуда за превземање, којашто јавна понуда за превземање, односно јавна понуда и проспект, се објавени на 11 септември. Во таа јавна понуда и во тој објавен проспект, стои датум, кој што вели дека секој оној кој што е заинтересиран да ги продаде акциите, има обврска тоа да го направи до 10 октомври, што значи дека нема апсолутно никаква врска со претходните изнесувања, дека записникот бил поврзан со некакви датуми, туку исклучиво со датумот кој што стои во јавната објава, повторно тоа е на Македонска берза. На 19 септември имаме објава во Службен весник, согласно која, сопственикот се стекнал со 74 и нешто проценти, на сопственост иако прагот на успешност во тој период бил 70%. Значи, до овој момент постапката се одвива, така што Народната банка е вклучена, Комисијата за хартии од вредност, заинтересираната банка и тука веќе имаме објава во Службен весник дека продажбата е успешно завршена“, појасни министерката.

При тоа посочи на информацијата од седницата на Владата во која од страна на Министерството за финансии е објаснета постапката, но при тоа да се има предвид дека станува збор за изборен период. При тоа таа се повика на записник од владината седница.

Министерката повтори дека клучниот момент е фактот дека Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, купување, коешто завршува на 19 септември и е објавено во Службен весник, од каде што ние во Министерството, всушност, ги добивме и информациите, па врз основа на тоа почнаа постапките за да видиме дали прво државата има некаква сопственост и да предупредиме дека имаме избори и дека немаат можност да вршат продажба“, истакна министерката.

Таа заклучи дека во однос на надлежност како Министерство за финансии, Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба, затоа што ние, освен тоа што го подготвуваме и предлагаме законот, кој преку Владата се усвојува во Собранието во конкретната ситуција немаме никава надлежност бидејќи целата контрола, супервизија и надзор на банкарското работење е од страна на Народната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново судско рочиште за случајот со Државна Лотарија

Со испрашување на вештото лицe кое го работело економското вештачење за набавката на ВЛТ апарати во државна лотарија, продолжи денешното судење за Државна лотарија, чиј предмет на обвинение е токму оваа спорна набавка.

Ново судско рочиште за случајот со Државна Лотарија

Вештакот Анита Поповска пред судот образложуваше што стоело во финансискиот план за набавка на овие ВЛТ апарати, а рече дека вкупниот износ на набавката изнесувал над 9ипол милиони евра.

Во финансискиот план за набавка на ВЛТ апаратите, се покажани сите расходи на друштвото и платите на вработените. Конкретно за набавка на ВЛТ апарати вкупната вредност која што било издвоена изнесува 596. 125.511 денари.

Понатаму обвинителите продолжија да го испрашуваат сведокот во делот на даденото мислење од Министерството за финансии, на што одбраната постојано реплицираше дека вештакот не може да вади правни заклучоци. Според одбраната вештачењето не е спорно, но тврдат дека обвинителите со своите прашања се обиделе да го натераат вештакот да одговори на работи кои не се содржани во вештачењето.

Судењето за државна лотарија ќе продолжи на 18 ноември со испитување на Александар Климовски, актуелниот директор на државна лотарија и последен сведок на обвинителството, пред да започнат во судница да се појавуваат сведоци предложени од одбраната.

Во судското рочиште за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра првообвинет е поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, а обвинението ги опфаќа и поранешните прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот генерален секретар во владата Методија Димовски и уште пет лица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка

Серија паузи и тензии на денешната надзорна расправа за АЛТА банка во Собранието.

Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка

На обвинувањата од опозицијата дека дека актуелната влада дозволила сомнителен капитал од АЛТА банка да влезе во домашната банка, премиерот Мицкоски објави записник од седница на екс владата на СДСМ во 2023 според кој биле дадени насоки на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура.

Филипче експресно дематнира. Во Собранието е Михајло Видимлиски..

Михајло до каде е надзорната расправа и кои се клуичните пораки од надзорната расправа?

Денеска премиерот одржа брифинг со новинарите на кој соопшти дека Народна банка поднела кривични пријави против лица од СДСМ за ширење паника во случајот со АЛТА банка. Кои се деталите, и има ли одговор од обвинителството?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер