САД, Кина, Јапонија и Германија сè уште ги заземаат првите четири места како најголеми економии

Светската пандемија со корона вирусот влијаеше и врз најмоќните економии во светот. Ковид-19 донесе турбуленции и врз ранг листата на богатите држави. 

На врвот од листата останаа САД, Кина, Јапонија и Германија како најголеми економии во светот, додека како резултат на Пандемијата со Ковид 19 економиите на некои земји беа втурнати во најлоша економска рецесија во поновата историја.

Според анализата направена врз основа на економските проекции на Меѓународниот монетарен фонд, САД ја задржаа водечката позиција на списокот на топ 10 економии во светот, при што номиналниот БДП доживеа минимален пад од 21,4 трилиони претходната година на 20,9 трилиони долари минатата година. Кина е зад САД и минатата година забележала номинална вредност од 14,7 трилиони долари наспроти 14,3 трилиони долари претходната година. Јапонија е третата најмоќна светска економија со БДП проценет на 5,0 милијарди долари, а на четврто место е Германија со вредност од 3,8 милијарди долари. Обединетото Кралство е на петтото место. Индија, петта по големина економија во светот во 2019 година, падна за една позиција иако споредбените податоци покажуваат дека БДП на Британија и на Индија се намалил од 2,8 трилиони долари пред две години на 2,7 трилиони долари минатата година. Франција остана на Седмата позиција се уште ја држи Франција со номинален БДП од 2,6 трилиони долари, а по неа е Италија со економска вредност од околу 1,9 трилиони долари наспроти 2,0 трилиони во 2019.

Една земја пак не е поспадна од првите 10. На местото на Бразил во топ 10, на 9-тото место е рангирана Канада, со БДП проценет на 1,7 милијарди долари, на 10-тото место како десетта најмоќна економија годинава се најде Јужна Кореја со БДП од 1,6 милијарди долари.

Иако и Германија е една од земјите кои влегоа во рецесија поради пандемијата. Економијата во еврозоната вкупно бележи намалување за 3,8 проценти.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили

Русија ќе спроведе вежба на своите тактички нуклеарни сили по наредба на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Во соопштението не се наведува дали проектилите ќе бидат опремени со нуклеарни боеви глави. Русија претходно спроведуваше обука на нуклеарни сили без нуклеарни боеви глави, потсетува ДПА.

- Како дел од вежбата ќе бидат спроведени низа активности за вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега е нејасно кога и каде точно ќе почне вежбата во која се вклучени јужниот одбранбен округ и поморските сили.

Руската војска во октомври истрела две интерконтинентални ракети и неколку крстаречки ракети за обука и одвраќање. Вежбата, која ја најави, ја оправда со наводни „провокативни изјави и закани од поединечни западни функционери против Руската Федерација“.

Од почетокот на нејзината војна против Украина пред повеќе од две години, руските претставници постојано се обидуваа да ја тестираат меѓународната поддршка за Киев со поттикнување стравувања од нуклеарна војна.

Ристески: Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, особен фокус во работењето ќе стави на правосудниот систем и борбата против корупцијата.

Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт. Ќе спроведеме политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизацијата и кронизмот. Кандидатите за судии и кандидатите за претседатели на судовите ќе се рангираат по законски критериуми. Ќе ги регулираме и постапките за преземање и префрлање на судиите во другите судови.

Предвидуваме нова програма за испитување на исполнетоста на условите на професионалните и образовните критериуми за избор на судии. Ќе спроведеме целосна ревизија на приемот на кадидати на Академијата за судии и јавни обвинители.

Предвидуваме распуштање и целосна реформа на судскиот совет кој се покажа досега како ранлив од надворешни влијанија.

Ќе следува проверка на имотот на судиите и обвинителите.

Предвидуваме немилосрдна борба со корупцијата на секое ниво за што ќе биде формирано владино координативно тело против корупцијата, а преку реформи ќе имаме силен и ефикасен државен завод за ревизија. Ќе воведеме механизам преку кој ќе има зголемени санкции против функционерите, а преку посебна мерка ќе имаме нула корупција во јавните набавки.

Почитувани, ова се само мал дел од проектите за подобар правосуден систем и борба против корупцијата. На 8-ми мај, со заокружување на број 2 за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова, ќе ставиме крај на хаосот и безредието кој владата предводена од СДС и ДУИ ги остави. Број 2 за достоинствена и горда Македонија.

Прес конференција на кандидатот за пратеник Петар Ристески.

притисни ентер