САД ја повика Србија да ги расчисти изборните нерегуларности,опозицијата продолжува со протести - Канал 5

САД ја повика Србија да ги расчисти изборните нерегуларности,опозицијата продолжува со протести

Американскиот Стејт департмент се приклучи на повиците на дел од европските челници и ја повика Србија да работи со ОБСЕ и да одговори на обвинувањата и на тврдењата за изборни нерегуларности. 

САД ја повика Србија да ги расчисти изборните нерегуларности,опозицијата продолжува со протести

Од таму велат дека според извештаите, изборите биле нарушени со бројни процедурални недостатоци, притисок врз вработените во јавниот сектор и злоупотреба на јавните ресурси, што според нив создале неправедни услови. Ги повикаа српските власти да работат со ОБСЕ за да ги надминат сите прашања.

-Тврдењата за нерегуларности пријавени и од ОБСЕ и од другите тимови за набљудување на изборите треба да се истражат, а насилството насочено кон изборните органи, новинарите, акредитираните набљудувачи, за кои видовме извештаи, е неприфатливо. И така, ние ќе продолжиме да ѝ го ставаме тоа јасно на Србија и, како што реков, ќе ги повикаме да соработуваат со ОБСЕ за да се решат овие загрижености што беа покренати,- - Метју Милер – Портпарол на Стејт депарментот.

Во меѓувреме, протестите во главниот српски град продолжуваат, а опозицијата бара поништување на изборите и повторно гласање на републичко ниво, но и во Белград, каде тврдат дека им биле украдени 40 илјади гласови. Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ пак ги обвини дека земјата ја воведуваат во граѓанска војна.

-Бараме поништување на изборите во Белград, затоа што изборите се украдени. Затоа што Александар Вучиќ со Српската напредна партија организираше увоз на гласачи од други држави да одлучуваат за изборите во Белград. И ние тоа веќе редовно го кажуваме, бидејќи не му се допаѓа како гласа народот тука, тој одлучи да го менува народот со тоа што ќе увезе странски државјани да гласаат, не само во Републиката, туку и во Белград каде не живеат,- - Маринка Тепиќ – „Србија без насилство“.

-Доколку секоја интересна група го загрозува функционирањето на градот и државата ние лесно се движиме кон анархија и воведуваме една нова политичка култура во нашиот живот. Тоа луѓе мои е анархија и тоа е влез во таа „Мајданска“ атмосфера. Ќе ве потсетам, Мајдан во Украина беше најава за големата војна која сега трае. Јас гледам изминатите два дена, такво труење. Луѓе мои тоа е вовед во граѓанска војна, јас не знам дали се тие свесни, не го говорам ова ради реда. Ние низ историјата многу страдавме затоа што кревавме раце едни врз други,- - Александар Шапиќ – Градоначалник на Белград.

Според резултатите, клучна за тоа кој ќе биде власт во Белград ќе биде партијата на контроверзниот српски доктор Несторовиќ, кој пак најави дека нема намера да коалицира со било кого. Српскиот Претседател Вучиќ пак, истакна дека доколку не се обезбеди мнозинство во градското собрание, изборите во Белград би биле повторени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер