ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
2ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
СветСАД ја оправдуваат израелската блокада на хуманитарната помош пред МСП во ХагСАД ја оправдаа израелската блокада на хуманитарната помош за Појасот Газа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, јави ДПА.Израел има легитимен безбедносен интерес, изјави правниот претставник на американскиот Стејт департмент, Џош Симонс, пред судот во холандскиот град. „САД го поддржуваат протокот на хуманитарна стока во Појасот Газа, но со гаранција дека нема да биде злоупотребена од терористичка организација“, наведе Симонс, пренесува германската агенција. Активностите на Израел во Појасот Газа оваа недела се во фокусот на сослушувањата пред МСП во Хаг. Највисокиот суд на Обединетите нации треба да издаде советодавно мислење за законската обврска на Израел да „ја обезбеди и олесни“ итно потребната хуманитарна помош за палестинските граѓани. Ова, исто така, вклучува и израелска забрана за работа за Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA). Од 2 март, Израел ја блокираше испораката на стока и помош за приближно 2,1 милиони жители на затворениот Појас Газа. Израел овој свој потег го оправдува, меѓудругото, со тврдењето дека палестинското исламистичко движење Хамас насилно ја запленува хуманитарната помош и ја продава на жителите по повисоки цени. Израел повторно ќе дозволи хуманитарна помош само откако Хамас ќе ги ослободи сите израелски заложници./МИАТагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на ценитеДизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени. Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системотСДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени. Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава. Тој систем веќе 2 години се менува. Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонтинуирани вонредни инспекциски надзори низ КарпошКомуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош. При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен субјект му беше изречена глоба, а беа издадени и неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема. Општина Карпош повторно упатува апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема. Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел обезбедување на почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општината. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook