САД ја одобрија вакцината на Фајзер за деца од 5 до 11 години

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) ја одобри вакцината Pfizer / BioNTech за деца на возраст од пет до 11 години, што ја прави прва вакцина против коронавирус за мали деца во Соединетите држави.

По оваа одлука, се очекува вакцината да биде достапна за 28 милиони деца во САД, од кои многу се вратија на училиште. Одлуката е донесена откако експертската комисија во вторникот препорача нејзино одобрување.

Советодавниот одбор на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) треба да се состане следната недела за да ги разгледа препораките за употреба на вакцини во таа возрасна група. Директорот на ЦДЦ ќе го има последниот збор.

Само неколку други земји, вклучувајќи ги Кина, Куба и Обединетите Арапски Емирати, досега имаат одобрено вакцини за деца од оваа возрасна група и помлади. FDA одобри доза на Pfizer вакцина од 10 микрограми за мали деца, во споредба со доза од 30 микрограми за деца на возраст од 12 години и постари.

Pfizer и BioNTech објавија дека нивната вакцина била 90,7 отсто ефикасна против коронавирус во клиничкото испитување на деца на возраст од пет до 11 години.

Иако децата се релативно ретко тешко болни или умираат од коронавирус во споредба со возрасните, некои деца имаат компликации, а инфекцијата кај невакцинираните деца е во пораст поради лесно преносливата делта варијанта на вирусот. Податоците на Американската академија за педијатрија покажуваат дека повеќе од 500 американски деца починале од корона.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер