САД им воведоа санкции на четворица Израелци поради насилство на Западниот Брег - Канал 5

САД им воведоа санкции на четворица Израелци поради насилство на Западниот Брег

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека вовела санкции за четворица Израелци кои се вклучени во нападите врз Палестинците на Западниот Брег, објави весникот Хил.

САД им воведоа санкции на четворица Израелци поради насилство на Западниот Брег

Бајден издаде директива давајќи им на Стејт департментот и Министерството за финансии овластување да казнуваат поединци, што е практика на САД кога сакаат да санкционираат криминалци, терористи и прекршувачи на човековите права.

Санкциите против поединци на црната листа го блокираат нивниот пристап до имотот што го имаат во САД, им забрануваат влез во САД и им забрануваат на американските граѓани да вршат какви било трансакции со санкционираните лица.

Висок член на администрацијата рече дека одлуката е насочена кон промовирање на „мирот, безбедноста и достоинството“ на Западниот Брег и дека тоа е дел од пошироките цели на администрацијата да основа палестинска држава, а истовремено да го поддржува Израел да го уништи Хамас во Појасот Газа.

Нивото на насилство на Западниот Брег се зголемило во 2023 година и стана највисоко во споредба со претходните години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски

„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“

Филипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски

„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорност

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското државно знаме во Гостивар, бараме МВР веднаш да го расчисти случајот, да ги идентификува сторителите и да има одговорност согласно законот.

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорност

Сквернавењето на државното знаме е навреда за сите граѓани и чин против државата што мора да се санкционира.

Поделбите во општеството коишто ги создава криминалната власт на ВМРО и ЗНАМ, заради свои партиски интереси, постојано создаваат проблеми и генерираат кризи.

Но, граѓаните ги прочитаа намерите на власта и нема да дозволат тензии, ќе продолжат да ја градат Македонија како мултиетничка земја со взаемна почит.

Држава. Не банда! Не предавници! Не арамии!, се наведува во партиското сопоштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени се

На 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Б.З.(36) и 14-годишник, двајцата од Турција. 

Двајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени се

При гранична и пасошка контрола било констатирано дека на увид приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Имено, при проверка во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие оствариле влез во државата на ГП Меѓународен аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, а за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнени дека се фалсификувани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер