ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
1ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
Други спортовиСАД и уште 34 држави бараат Русија и Белорусија да се исфрлат од Олимписките игри Група од 35 земји, вклучувајќи ги САД, Германија и Австралија, ќе побараат на руските и белоруските спортисти да им биде забрането учество на Олимпијадата во Париз во 2024 година, изјави министерот за спорт на Литванија.Овој потег го зголемува притисокот врз Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), кој што очајно сака да избегне распарчување на најголемиот спортски настан во светот поради крвавиот конфликт што се одвива во Украина. „Се движиме во насока да не ни треба бојкот бидејќи сите земји се едногласни“, изјави литванската министерка за наука и спорт Јургита Сиугздиниене. Украинскиот претседател Володимир Зеленски учествуваше на онлајн состанок заедно со 35 министри за да разговараат за повикот за забрана, изјави претходно портпаролот на литванското Министерство за спорт. Портпаролот рече дека пораката на Зеленски до учесниците е дека принципите на неутралност не можат да се применат при руската инвазија на Украина. Додека беснее војната во Украина, балтичките земји, нордиските земји и Полска ги повикаа меѓународните спортски тела да им забранат на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат на Олимпијадата. Русија утрово започна бран напади врз украинската инфраструктура во градовите Харков и Запорожје, додека украинските власти соопштија дека е во тек долгоочекуваната руска офанзива на истокот. Украина се закани дека ќе ги бојкотира Олимписките игри доколку на нив се натпреваруваат руски и белоруски спортисти. Тие закани ги оживеаја сеќавањата на бојкотите од 1970-тите и 1980-тите за време на ерата на Студената војна, кои сè уште го прогонуваат глобалното олимписко тело, и ја повика Украина да се откаже од нив. Сепак, полскиот министер за спорт Камил Бортниџук изјави дека засега бојкот не е на маса. „Сè уште не е време да се зборува за бојкот“, рече тој на прес-конференција, велејќи дека има и други начини да се изврши притисок врз МОК кои би можеле прво да се истражат. Тој рече дека компромисно решение би можело да биде создавање на тим за бегалци во кој ќе бидат вклучени руски и белоруски дисиденти. МОК ја отвори вратата за руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат како неутрални. Се вели дека бојкотот ќе ја прекрши Олимписката повелба и дека вклучувањето на Русите и Белорусите се заснова на резолуцијата на ОН против дискриминација во олимпиското движење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратеницитеДодека со разни панаѓури и концерти си прославија 35 години од осамостојувањето на Македонија, Законот за укинување на двојното државјанство на пратениците сѐ уште седи заглавен некаде во собраниските лавиринти.Колку што е важно да се докажува патриотизмот и љубовта кон државата преку концерти и разни настани платени со народни пари, кои патем очигледно никој не знае точно колку чинат, исто толку е и важна лојалноста на пратениците, па и на другите функционери кон нашата држава. Додека устите им се полни со патриотизам и за тоа кој колку ја сака државата, самите предлагачи на Законот за укинување на двојните државјанства, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, сѐ уште молчат и го избегнуваат донесувањето на оваа регулатива. Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, со јавно објавен заверен нотарски акт побара и останатите колеги-пратеници да докажат дека и тие како неа, поседуваат само македонско државјанство. До денеска, освен Зајкова, сите други пратеници сметаат дека нема потреба од јавно докажување на лојалноста, верноста и љубовта кон државата, истата од која секој месец земаат плата и користат разни бенефиции. Во таа насока, ЛДП повторно бара од пратениците час поскоро да ги донесат измените со кои ќе се ограничи правото за поседување на две државјанства на пратениците, но и на министрите, директорите, јавните обвинители, судиите и другите функционери. Нема потреба од половични решенија, „ќе важи за овој мандат, ќе важи за другиот мандат“, „ќе важи за едните, ама нема да важи за другите“. Воедно, предлагачите на законот исто така да побараат сите актуелни носители на функција да ги достават на увид нивните досиеја и сите што поседуваат двојно државјанство, да се откажат од второто или во истиот момент да си поднесат оставка. Сѐ останато е купување на време и замајување на јавноста, но и отвара сериозни сомнежи за тоа дали извршителите на државните функции вистински ги штитат интересите на Македонија, или пак на некоја друга држава. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еденАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден, како одговор на тоа што Техеран двапати гаѓаше американски воен брод, соопшти Централната команда на САД.Четири ирански танкери за нафта во Оманскиот залив поврзани со корпусот на Иранската револуционерна гарда беа цел на нападот, како и уште еден во близина на островот Харг, голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, додаде централната команда на САД. Техеран одговори со лансирање ракети врз американската база во Јордан - од кои повеќето беа соборени - и соопшти дека нападнале два американски брода и осум танкери за нафта во Ормутскиот теснец. Пресметките меѓу двете земји ескалираа изминатата недела, по повеќе од шест месеци откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Цените на нафтата пораснаа на азиската берза. Референтната сурова нафта „Брент“ поскапе за 1,5% , додека нафтата што се тргува на берзата во САД е повисока за 1,3%.Тагови: ирански танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСе смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиникаНема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter