САД и Русија денеска заедно испраќаат космонаути во вселената, прв пат по војната во Украина

Вселенските суперсили Русија и САД денеска испраќаат екипаж на Меѓународната вселенска станица (МВС) во првата заедничка мисија по руската инвазија на Украина.

Во капсулата Сојуз ќе летаат космонаутите Сергеј Прокопјев и Димитриј Петелин и астронаутот на НАСА Френк Рубио.

Лансирањето е од космодромот Бајконур во казахстанската степа во Централна Азија. Летот до ISS ќе трае три часа, а тројцата членови на екипажот таму ќе поминат три месеци.

Пред неколку недели Рубио рече дека тоа е „многу важна мисија“, додавајќи дека станал „добар пријател“ со руските членови на екипажот.

Тој ја нарече соработката на НАСА со руската вселенска агенција Роскосмос „добра и силна“, без оглед на тензиите меѓу Москва и Вашингтон.

„Мислам дека е важно, кога поминуваме низ моменти на напнатост во други работи, човечкото вселенско летање и истражување, страст споделена од двете агенции, да остане еден вид дипломатија и партнерство, нешто што го споделуваме и се стремиме да постигнеме извонредни работи заедно. “, изјави американскиот астронаут.

Русија истакнува дека санкциите на САД и ЕУ ги попречуваат нејзините активности и развој во областа на вселената, вклучително и производството на ракети, кои имаат и воена примена.

Москва неодамна објави дека, во светлината на конфликтот со западните сили, ќе се повлече од долговечната Меѓународна вселенска станица по 2024 година. Таа не го соопштила точниот датум, а некои аналитичари се сомневаат дека тоа ќе го направи Русија.

Неизвесна битка во првиот круг од претседателските избори, кој може да очекува водство?

Интересна и неизвесна битка во првиот круг од претседателските избори, особено во албанскиот политички блок очекуваат дел од познавачите.

Според Зоран Иванов бројните кандидатури за иден шеф на државата во првиот круг значително ќе ги разводнат гласовите и смета дека ќе претстои мртва трка помеѓу Пендаровски и Силјановска во вториот круг.

Новинарот Бранко Героски, пак прогнозира убедлива предност на опозицијата уште во првиот круг и победа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори.

Познавачите не очекуваат напната и таканарачена црна кампања за престедателските избори, во која како што велат треба да доминира личноста на кандидатите, а не партиите кои застанале зад нив. Сепак, Героски стравува дека партиските лидери ќе им ја „украдат“ кампањата на претседателските кандидати, а Иванов очекува во неа да преовладуваат глобалните теми и евроинтергациите.

Со оглед на шареноликата кандидатска понуда за иден шеф на државата несомнено е дека помалите партии ќе им ги поматат сметките на поголемите. А во зависност од тоа на чие конто ќе се прелаат гласовите од помалите политчки партии може да доведе до пресврт во вториот изборен круг, смета Иванов.

Героски пак очекува резултатите од првиот изборен круг од претседателските да се пресликаат и на парламентарните избори.

Предупредување за невреме со силен ветер во Брисел

Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) попладнево упати предупредување за невреме во реонот на Брисел со налети на ветер со брзина од над 100 километри на час. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во предупредувањето се нагласува дека постои „безбедносен ризик“ од скршени гранки и откорнати дрвја.

Поради очекуваниот силен ветер, како што наведува ИРМ, од 17 часот затворени за сообраќај ќе бидат патните правци низ и околу шумата Соање во југоисточниот дел на Брисел. Дополнително, за посетители ќе бидат затворени и парковите во градот.

Во соопштението се посочува дека патиштата и парковите ќе останат затворени со следното известување.

Ахмети: Османи претседателски кандидат на ДУИ - „Не“ за Русија, „Да“ за Европа

Со Бујар Османи ДУИ влегува во претседателската трка- лидерот на партијата Ахмети на прес конференција ги потврди долгонајавуваните шпекулации дека шефот на дипломатијата ќе биде нивниот предлог.

Со Бујар Османи ДУИ влегува во претседателската трка- лидерот на партијата Ахмети на прес конференција ги потврди долгонајавуваните шпекулации дека шефот на дипломатијата ќе биде нивниот предлог, откако пропадна идејата за консензуален кандидат со СДСМ. Под изборниот слоган „Не за Русија, да за Европа“ Ахмети рече дека руското влијание било вистинска закана за Македонија, а дел од решението според него е по изборите да се изгласаат уставните измени, а со тоа земјава да се изјасни дека е за Европската Унија.

-Поларната мечка, Русија, ни тропа на врата и е веќе во сите пори на нашето општество, дестабилизирајќи ги иституциите и влиаејќи во политичката сцена во земјата. Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време. Оваа ваша доверба ќе ни овозможи со отворањето на Уставот да го спроведеме и Договорот со Бугарија и да ја деблокираме европската интеграција и така да и кажеме на Русија, оди си! - Али Ахмети – претседател на ДУИ.

На конгрес вечерва ќе се официјализира и кандидатурата на претседателот на „ЗНАМ- За наша Македонија“, Максим Димитриевски, најавија од неговата партија. Внатрепартиската анализа велат дека им покажала пласман во вториот круг и победа на изборите.

-На Македонија и е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата. На Македонија и е потребна предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда, иднина. На Македонија и е потребен претседател којшто ќе го даде максимумот за неа. На Македонија и е потребен Максим Димитриевски.- Никола Мемов – портпарол на „ЗНАМ- За наша Македонија“.

Дека ќе се бори за позицијата шеф на државата, најави синоќа и лидерот на „ГРОМ“ Стевчо Јакимовски, кој рече дека тој е решение, а не алтернатива на досегашните понуди од политичките партии.

-Имајќи го предвид моето долгогодишно искуство, годините коишто ги имам зад себе, белава коса, како и јасните политички ставови кои сум ги изразувал во изминатиот временски период, им даде за право на моите колеги да ме предложат. Стевчо Јакимовски – претседател на „ГРОМ“.

Досега кандидатури за претседателските избори најавија и Арбен Таравари како консензуален предлог на обединетата албанска опозиција, професорката Билјана Ванковска поддржана од Левица и д-р Вело Марковски. Бидејќи зад нив немаат најмалку 30 пратеници во Собрание, имаат обврска да соберат 10 илјади граѓански потписи преку подрачните единици на Државната изборна комисија, според роковникот од утре најдоцна до 8 март.

притисни ентер