1 Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветСАД го прекинаа емитувањето на „РСЕ“ во Русија, Украина, централна Азија и Источна ЕвропаСАД го прекинале договорот за сателитски услуги за емитување на „Радио Слободна Европа/Радио Слобода“ (РСЕ/РС)) на територијата на Русија и околниот регион, изјави синоќа Стивен Капус, извршен директор на медиумот.Блокадата е дел од наредбата на претседателот Доналд Трамп за затворање на Агенцијата за глобални медиуми на САД (УСАГМ), која го финансираше РСЕ. -Денеска дојдовме на работа и видовме дека УСАГМ ги исклучила сателитските услуги за покривање на територијата на Русија, изјави Капус, јавија дел од западните медиуми. Ова се однесува на 24-часовниот телевизиски канал „Настојашче времја“ (Тековно време), што се емитува на руски во Русија, Украина, Централна Азија, Источна Европа и други региони. Според Капус, УСАГМ го известил медиумот дека сателитските договори за емитување на каналот во Европа се раскинати. Капус истакна дека РСЕ/РС има и други начини как да допре до руската публика. -Но... ова не беше акција на руската Влада. Ова е наредба од УСАГМ, изјави тој. Смета дека администрацијата на Трамп „би сакала да нè затвори“. Работата на РСЕ беше суспендирана на 15 март, откако беше прекинат федералниот грант за финансирање на изданието. Оваа одлука следеше по указот на претседателот на САД за ликвидација на агенцијата (под неа исто така е и „Гласот на Америка“) и уште шест други медиуми. Трамп побара „максимална ликвидација на неуставните компоненти и функции“ на овие организации и значително намалување на нивниот персонал. Неколку дена подоцна, РСЕ доби судска одлука за привремена забрана за прекин на грантот, додека Гласот на Америка засега не работи. Кери Лејк, советничка на директорот на УСАГМ минатата недела соопшти дека одлуката за суспензија на финансирањето на RFE/RL е поништена.Тагови: Доналд Трамп САД Радио Слободна Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав ЛабудовиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ Вечерва во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот. Вечерва на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Магазин Работи од домот што треба да се проверат пред да фати првиот студЕве на кои работи во домот треба да обратите внимание пред студот, дождот и ветерот да ги откријат неговите слаби точки.Недостатоците во домот не се јавуваат преку ноќ, тие се резултат на ситни дефекти занемарувани со месеци, кои стануваат очигледни кога временските услови ќе станат понеподносливи. Добрата вест е што подготовката на домот за зима, не мора да подразбира големо реновирање, некогаш е доволно да одвоите едно попладне за преглед на домот, а за посложените зафати навреме да ангажирате помош. 1. Покрив и олуци: Проблеми што ги забележуваме дури кога ќе почне протекувањето Ретко помислуваме на покривот додека сè функционира како што треба. Сепак, доволна е само една изместена ќерамида, оштетен спој или затнат олук, па обилните есенски дождови да прераснат во сериозен проблем. Затоа, пред да дојде зимата, добро е да се провери состојбата на покривот, да се провери дали олуците се затнати и да се обрати внимание на трагите на влага на таваните и ѕидовите на поткровјето. Ако забележите нешто сомнително, не чекајте го следниот силен дожд. Проверката и поправката на покривот препуштете им ја на мајсторите, особено ако работата бара качување на височина. 2. Прозорци и врати: Мали отвори низ кои бега топлината Со текот на времето, гумените дихтунзи ја губат својата еластичност, а прозорците и вратите може повеќе да не налегнуваат добро на своите рамки. Резултатот е непријатен провев на ладен воздух, поради што просторијата може да изгледа постудена отколку што покажува термостатот. Затворете го прозорецот и со рака проверете дали има струење на воздух по должина на неговите рабови. Обрнете внимание на тоа дали има провев, оштетени дихтунзи, дали прозорците и вратите тешко се затвораат и дали има видливи пукнатини околу рамките. Понекогаш е доволно само да се замени дихтунгот или да се прилагодат механизмите, додека поголемите оштетувања може да бараат посериозни поправки. Дури и во текот на зимата, важно е да се обезбеди размена на воздухот, особено во просториите каде што се акумулира многу влага. 3. Греење: Не чекајте го најстудениот ден за да откриете дефект Првиот значителен пад на температурата не е идеално време за откривање проблеми со системот за греење. Ако имате радијатори, проверете дали загреваат рамномерно. Радијатор што е ладен на горниот дел, а топол на долниот, може да укажува на присуство на воздух во системот; исто така, необични звуци, протекување или слаб ефект на греењето се знаци дека е потребна проверка од стручно лице. Кај котлите на гас, топлинските пумпи и другите посложени системи, особено е важно да се следат препораките на производителот во однос на одржувањето и сервисирањето. Редовното одржување не служи само за обезбедување пријатна температура. Правилното функционирање на системот за греење е важно и за безбедност и за ефикасна потрошувачка на енергија. 4. Оџак Ако се греете на дрва или пелети, или користите уреди поврзани со оџак, неговата исправна состојба е еден од најважните чекори при подготовка за грејната сезона. Наталожените саѓи го попречуваат извлекувањето на чадот и гасовите, а истовремено го зголемуваат ризикот од пожар. Неисправните системи за одвод на чад, исто така, можат да претставуваат опасност од труење со јаглерод моноксид. Прегледот и чистењето на оџакот треба да им се довери на овластени служби за чистење оџаци, во согласност со прописите и правилата што важат во вашата средина. Исто така, важно е да се провери состојбата на печките или камините, како и приклучоците кон системот за одвод на чад. Детекторот за јаглерод моноксид може да послужи како важна дополнителна безбедносна мерка, но тој не е замена за правилно одржување на уредите за греење и системот за одвод на чад. 5. Надворешни инсталации: Една заборавена славина може да предизвика сериозен проблем Градинарските чешми, надворешните водоводни цевки и системите за наводнување обично функционираат без проблеми во текот на потоплите месеци. Меѓутоа, кога температурите ќе паднат под нулата, водата што останала во незаштитените инсталации може да замрзне и да се прошири. Ова може да доведе до оштетување на цевките, споевите и чешмите – проблем што често се открива дури откако ќе се стопи мразот. Затоа, пред првиот мраз, проверете дали можете да го исклучите доводот на вода до надворешните чешми и испуштете ја водата од деловите на водоводниот систем што нема да се користат во текот на зимата. Внимание бараат и надворешните приклучоци за струја, осветлувањето и продолжните кабли. Оштетената изолација, незаштитените споеви и навлегувањето на влага се проблеми што не смеат да се игнорираат. 6. Фасада: Мала пукнатина денес, поголем проблем утре Фасадата не е само естетски дел од куќата. Таа ги штити надворешните ѕидови од временските услови и, кај топлински изолирани објекти игра клучна улога во задржување на топлината. Малите пукнатини, оштетувањето на завршниот слој или областите каде што фасадата се одвојува од подлогата можат да доведат до продирање на водата. Кога влагата ќе се задржи во материјалот и температурите ќе паднат под нулата, процесот на замрзнување може дополнително да ги влоши постојните оштетувања. Затоа, прошетајте околу куќата и внимателно проверете ги надворешните ѕидови - обрнете посебно внимание на областите околу прозорците, вратите и балконите, како и на точките каде што се спојуваат различни материјали. 7. Одводи и тераси: Водата секогаш наоѓа пат - честопати погрешен Оваа последна ставка на листата често се занемарува, особено во станови со балкони и тераси. Во текот на есента, надворешните одводи можат да се затнат со лисја, земја и други остатоци. Кога доаѓаат пообилни дождови, водата се задржува на површината наместо да се исцеди како што треба. Ако хидроизолацијата не е исправна, долготрајното задржување на вода го зголемува ризикот од продирање на влага во конструкцијата или во просторите под терасата. Проверете дали одводите се проодни, дали има барички што се задржуваат долго, дали фугата е оштетена и дали има пукнатини и видливи траги на соседните ѕидови. Ако постои сомневање за оштетена хидроизолација, не е доволно само да се исчисти одводот. Потребно е да се утврди причината за проблемот. Кога имате потреба од повеќе различни поправки, дигиталните платформи кои ги поврзуваат корисниците со изведувачите за различни куќни поправки се од голема помош. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook