САД го одби предлогот на Хамас за продолжување на примирјето – преговорите пропаднаа - Канал 5

САД го одби предлогот на Хамас за продолжување на примирјето – преговорите пропаднаа

Преговорите за продолжување на примирјето во Газа не успеаја да доведат до договор, соопшти палестински претставник за Би-Би-Си, додека САД го обвинија Хамас дека поставува „целосно непрактични“ барања на разговорите во Катар.

САД го одби предлогот на Хамас за продолжување на примирјето – преговорите пропаднаа

Американскиот план предвидуваше продолжување на првата фаза од примирјето до средината на април, со дополнителна размена на заложници и палестински затвореници.

Сепак, израелските и палестинските претставници не можат да се усогласат околу клучните точки од договорот. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека ќе разгледа извештај од преговарачкиот тим, но засега не даде коментар.

Белата куќа соопшти дека Хамас „се обидува да купи време“ со неприфатливи барања. Од друга страна, Хамас тврди дека Израел одбива да ја испочитува втората фаза од договорот, која предвидува повлекување на израелските сили од Газа.

Хамас веројатно сè уште држи 24 живи заложници и посмртните останки на 35 лица. Израел, пак, ја блокира испораката на хуманитарна помош во Газа, вклучувајќи храна и гориво, во обид да изврши притисок врз групата.

Во меѓувреме, Хамас изрази подготвеност да го ослободи последниот жив американско-израелски заложник, 21-годишниот војник Едан Александар, како и посмртните останки на четворица други заложници со двојно државјанство.

Во нападите предводени од Хамас на 7 октомври 2023 година загинаа повеќе од 1.200 луѓе во јужен Израел, од кои повеќето цивили, а милитантното движење зеде 251 заложник.

Нападот предизвика израелска воена офанзива во која оттогаш загинаа повеќе од 48.520 луѓе, главно цивили, според Министерството за здравство на Хамас./МИА

Алкалоид го одржа последниот тренинг пред дуелот со АЕК

Ракометниот клуб Алкалоид го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Грција каде ќе го игра првиот финален меч во Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК од Атина.

Алкалоид го одржа последниот тренинг пред дуелот со АЕК

На тренингот бил присутен и Генералниот директор/Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, кој го поздравил тимот, а на играчите им посакал среќа и успех и им порачал дека верува во нивните квалитети за позитивен резултат, пред реваншот за трофеј во Скопје.

Играчите и стручниот штаб му се заблагодарија за поддршката и ветија максимална борба, за нов европски клупски успех, соопштија од клубот.

Првиот финален натпревар меѓу АЕК Атина и РК Алкалоид се игра на 18 мај (недела) од 18:00 часот.

Ќе има ли прелети на пратеници од опозиција во власт?

И без Таравари Вреди има 13 – 14 пратеници, а Владата има стабилно мнозинство рече вицепремиерот Изет Меџити, кој најави дека парламентарното мнозинство ќе добие нови пратеници. 

Ќе има ли прелети на пратеници од опозиција во власт?

Одговрајаќи на новинарско прашање рече дека во моемнтов во тек се преговори, а веќе идната недела очекуваат да биде јасно кои членови од опозициските партии ќе им се приклучат,по што ќе предложат нов министер за здравство.

Во меѓувреме новата пратничка група на Вреди која беше формирана вчера во моментов брои 9 пратеници, а за нов координатор е назначен Беким Ќоку..

„Поединци групи, значи кој се надовр од Влен мислам во рамки на Европскиот фронт се опозиција кој што можеби ќе преминат од другата страна. Мислам дека гротто од членстовто на алијанса за албанците ќе остане во рамките на ВЛЕН. Во моментов владата има стабилно мнозинство, и без Таравари и имаме 13 – 14 пратеници. Ќе бидат поддршка за владата дел од мнозинството некој Вреди но сите тие се од Европскиот фронт. “-Изет Меџити – ВРЕДИ

Дека Владата е стабилна убеден е и министерот Орхан Муртезани. Тој во синоќешното гостување во „Само Интервју“ рече дека според моменталните трендови извесно е дека Вреди ќе победи на локјалните избори, а Таравари уште од самиот старT, како што оцени не бил сигурен што сака.

„Јасно е како бел ден дека тој не се тргна од Владата заради евроинтегративниот процес бидејќи имаше можност да дава придонес. Но тој се одлучи наместо тој придонес да оди во прегратките на Али Ахмети. Бидејќи на маса од наша страна имаше бел лист да ги запише општините кој сака да ги добие, колку проценти сака да добие и од листите и од општините и тој наместо тоа одлучи да оди сам на избори.после тоа да отвара врата и соработка и со ДУИ. “ - Орхан Муртезани – министер за евопски прашања

Посебна пратеничка група најавуваат и од крилото на Таравари во Алијанса. Оттаму уверуваат дека таа ќе брои 5 пратеници, а барањето според најавите до Собранието ќе го испратат идната недела, откако претходно ќе се повлечат од коалцијата Вреди.

Се поизвесно е дека вицепремеирот за добро владеење Арбен Фетаи ќе остане во Владата како дел од Вреди, откако тој не беше присутен на партискиот состанок на Алијанса во Тетово, а и денеска Меџити повтори дека Фетаи добро си ја работел работата и придонесувал кон промените и очекува тоа така и да остане.

YouTube video

Продолжува судскиот процес за убиствата на Вања и Панче

Продолжи судењето за убиставата на Вања и Панче. На денешното судско рочиште се дополнуваше доказната постапка. 

Продолжува судскиот процес за убиствата на Вања и Панче

Обвинителството посочи дека Боре Видоевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убистовото на Вања и Панче и дека воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот. Според известувањето на надлежните органи, чаурата била внесена во системот за автоматска компарација, но анализата не покажала поклопување со претходно внесени податоци од кривично-правни настани во земјата.

Компаративна анализа била направена на предметната чаура и во однос на пиштолот зброевка, од обвинетиот Боре Видевски, и се известува дека со оглед на тоа дека нема податоци за извршено пробно испукување за наведеното оружје, не е направена споредба и се појаснува дека без доставени чаури, од пробно испукување од конкретното оружје не може да се врши компаративна анализа со предметната чаура.

Првообвинетиот Љупчо Палевски во врска со новио доказен материјал рече дека Обвинителството, со задоцнување од една година, се обидува да изгради алиби за себе поради, како што рече, „непостапување во откривањето на критичните елементи на случајот“. И одбраната на Видоевски и Палевски вели дека има големи нејаснотии.

На судењето исто така обвинителството објасни дека на 22 и 27 ноември 2023 година со фотографии од писмената комуникација помѓеу Палевски и сведокот Ерол Осамни нема потврди дека Палевски бил кај него и му го поправал котелот. Станува збор за времето кога обвинителството тврди дека всушнот го киднапирал и убил Панче заедно со обвинетите Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев.

YouTube video

притисни ентер