САД го обвинија поранешниот кубански претседател Раул Кастро за убиство поради соборувањето на два авиона во 1996 година - Канал 5

САД го обвинија поранешниот кубански претседател Раул Кастро за убиство поради соборувањето на два авиона во 1996 година

САД го обвинија поранешниот кубански лидер Раул Кастро за заговор за убивање американски државјани и други злосторства поврзани со соборувањето на два авиона меѓу Куба и Флорида во 1996 година.

САД го обвинија поранешниот кубански претседател Раул Кастро за убиство поради соборувањето на два авиона во 1996 година

Случајот ги обвинува Кастро и уште петмина други за соборување на авионот што ѝ припаѓал на кубанско-американската група „Браќа за спасување“ и убиство на четири лица, меѓу кои и тројца американци.

Кастро, кој сега има 94 години, тогаш беше началник на вооружените сили на земјата и се соочи со меѓународна осуда поради несреќата.

Во период кога САД се обидуваат да извршат зголемен притисок врз комунистичката власт на Куба, претседателот Мигел Дијаз-Канел ги нарече обвинувањата „политички маневар, лишен од каква било правна основа“.

„Браќа на спасувањето“ е организација регистрирана во САД, составена од емигранти и дисиденти од комунистичката Куба, кои им помагале на жители од островот да избегаат од кубанскиот режим. Воени авиони на Куба ги пресретнале авионите и погодиле два од нив убивајќи четири лица.Во тоа време претседател на Куба е Фидел Кастро, а неговиот брат Раул Кастро е министер за одбрана. Фидел Кастро тогаш ја презел одговорноста за соборувањето тврдејќи дека од авионите се фрлале летоци против кубанската власт.

Државниот обвинител на САД, Тод Бланш, реле дека САД и претседателот Трамп не ги забораваат и нема да ги заборават своите граѓани. Оние што убиваат Американци не можат едноставно да ја избегнат американската правда“,рекол Бланш на прес-конференцијата.прашан дали обвинението е вовед во воена акција на САД врз Куба, Бланш рекол дека тоа е одлука што зависи од претседателот доналд трамп и од неговиот тим за надворешна политика.Објавата на обвинението доаѓа во време кога тензиите меѓу САД и Куба се високи откако американските власт ја блокираа доставата на енергенси на островот, со закани за санкции кон сите што го снабдуваат со гориво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Професорка на универзитетот во Штип уапсена за поткуп, земала 300 евра од студент за да положи испит

Наместо со 300 евра во џеб за положен испит, професорка од штипскиот универзитет Гоце Делчев заврши со лисици на рацете. 

Професорка на универзитетот во Штип уапсена за поткуп, земала 300 евра од студент за да положи испит

Како што соопштија од МВР, професорката била уапсена вчера, во моментот кога го примила митото, што претходно го побарала од студент за тој да го положи испитот. Дваесет и шест годишниот студент од Турција, кој поради студиите има привремен престој во Штип, претходно го пријавил случајот во полиција. Во координација со Основното јавно обвинителство му биле предадени три обележани банкноти од по 100 евра, со кои според МВР, професорката била фатена „на дело“. Таа сега се сомничи за кривично дело „примање поткуп“, а против неа ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.

-На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026,- Гоце Андреевски – портпарол на МВР.

Од Универзитетот „Гоце Делчев“ велат дека имаат нулта толеранција за корупција и дека во академската заедница нема место за некој што ја злоупотребува својата позиција. Ректорот Дејан Мираковски вели дека согласно текот на истрагата, професорката најпрво ќе биде суспендирана, а доколку биде правосилно осудена и трајно отстранета од Универзитетот.

-Во нашата академска заедница никој што ја злоупотребува својата позиција и ја изневерува довербата која што е голема и која што им е дадена не заслужува да биде дел од заедницата. За жал нема целосно имуни системи и од поединци кои што ги прекршуваат овие правила и ја нарушуваат довербата која им е укажана и затоа во целост го подржуваме постапувањето на надлежните институции и мислам дека само со професионални, законити и неселективни акции може да се санкционираат и да се отстранат од академската заедница овие неправилности и девијации,- Дејан Mираковски ― ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Канал 5 од свои извори дознава дека станува збор за професорка која пред 6 месеци се стекнала со титулата и ова и е прв работен семестар.

Ректорот Мираковски ги повикува сите студенти кои имаат исти или слични сознанија за корупција од страна на професори или други вработени, веднаш да ги пријават во надлежните институции, потсетувајки дека и самиот универзитет има воспоставени механизми за пријава на вакви случаи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Завршува рокот за дел од реформските закони – колку Македонија добива, а колку губи со досега сработеното?

Завршува јунскиот рок за исполнување на пакет реформски чекори, меѓу кои и оние од Реформската агенда со грејс период од лани.

Завршува рокот за дел од реформските закони – колку Македонија добива, а колку губи со досега сработеното?

Од Министерството за европски прашања велат дека дел од законските решенија се веќе усвоени, а дел се во завршна фаза на собраниска постапка, што значи дека за тековниот извештаен период очекуваат исполнување на 19 од вкупно 51 реформски чекор, по што би се исплатиле околу 100 милиони евра наменети за буџетска поддршка и инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

-Меѓу позначајните законски решенија кои се донесени или се во процедура се: Законот за судска служба, Законот за јавнообвинителска служба, Законот за Советот на јавните обвинители, Законот за оружјето, измените на Законот за високи раководни служби, Законот за користење на енергија од обновливи извори, Законот за јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, измените на Законот за договорен залог, Законот за лизинг, измените на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата, како и Изборниот законик,- - Министерство за европски прашања.

Од Министерството посочуваат дека најголем предизвик во моментов претставува донесувањето на Изборниот законик кој што деновиве ја зовре собраниската атмосфера. Како реформски чекор тој има финансиска вредност од над 4 милиони евра а е со грејс период од лани. Дел од аналитичарите пак потенцираат дека со оглед на тоа што конечната оценка не само за исполнетоста туку и за квалитетот на реформските чекори ја носи Европската комисија, постои можност некои од реформските закони да бидат вратени на доработка.

-Голема е веројатноста затоа што имаше и претходно таков случај, мислам дека ќе се развлекува ова се до крајот на 27та година.// Се што се однесува на јавната администрација, на судството, на транспарентноста на судството, и на дигитализацијата. // Околу Судскиот совет, исполнување на препораките на ГРЕКО, доста делови од дигитализацијата се уште заостануваат. Навистина ќе зависи од тоа каква ќе биде оценката на Европската комисија,- -Димитар Николовски, директор на ЕВРОТИНК.

Досега преку Инструментот за реформи и раст на ЕУ, државава има обезбедно 142,1 милион евра, што од Министерството за европски прашања велат дека е потврда за успешното спроведување на реформите, и се оптимистични дека за останатите реформски чекори како што оценуваат, сè уште постои можност да бидат реализирани во рамките на предвидените рокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот на дивата депонија во Шуто Оризари повторно ги труе скопјани

Штом ќе започнат летните горештини, како по правило се разгорува и дивата депонија меѓу Шуто Оризари и Визбегово – истото сценарио се повторува од година во година 

Пожарот на дивата депонија во Шуто Оризари повторно ги труе скопјани

Штом ќе започнат летните горештини, како по правило се разгорува и дивата депонија меѓу Шуто Оризари и Визбегово – истото сценарио се повторува од година во година – скопјани изминативе два дена повторно дишат изгорени гуми, пластика и други тони отровен отпад кој согорува.

Самото место е преплавено со смет од сите страни, што им оневозможува и на пожарникарите соодветно да си ја вршат работата. Оние кои живеат и работат во околината се сомневаат дека на депонијата се подметнуваат пожарите, воедно стравуваат дека еден ден пламените јазици ќе стигнат до нивните објекти.

Ова место е едно од црните точки во Скопје – оние кои што живеат и работат во околината велат дека се пали по пет-шест пати преку лето, а се пали секоја година.

Депониите се вистински кошмар за гаснење, вели првиот човек на ДЗС – Стојанче Ангелов, кој смета дека зад честите пожари на ова место стои човечки фактор. Тој вели дека врз ваквите, диви депонии тешко се воспоставува контрола и се горлив проблем за службите.

-Повеќе од сигурно можам да кажам дека таа е намерно запалена, бидејќи можноста сама од себе да се пали е навистина мала, доволен е еден мал поттик, би рекол една искра за истата да биде запалена. Веќе знаеме дека гаснењето на депонии за нас е кошмар, бидејќи сите депонии тешко се гаснат, внатре имаме разни материјали кои создаваат висока температура, гасови од зависност од депонијата, така што навистина тешко се гаснат. Апелирам до граѓаните да го пријават секое сомнително поведение кое ќе го забележат околу депониите,- - Стојанче Ангелов – Директор на ДЗС.

„Ја чистиме депонијата, а до следното лето сликата е повторно иста и повторно гори“ – вели градоначалникот на Шуто Оризари – Курто Дудуш. Вели дека веќе е распишан тендер за расчистување на ваквите места, но и дека во соработка со Град Скопје веќе се „крои план“ за трајно решение за местото на кое децении наназад сите незаконски го исфрлаат она што веќе не им треба.

-Местото децении наназад е препознатливо во цело Скопје и околината како место каде што сите доаѓаат и одлагаат отпад. Одлагањето обично го прават во вечерните часови кога има помалку инспекција на терен, знаат времиња, уходани се со години кога таму нема инспекции и носат таму и одлагаат отпад. Тоа се толку добро организирани групи кои имаат возила и ги пратат нашите екипи кога не се таму за да можат да однесат и да одложат отпад,- -Курто Дудуш – Градоначалник на О. Шуто Оризари.

Дива депонија гори и во околината на Велес, која се проширила и на околната сува трева – противпожарни екипи од утринава постапуваат и таму.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер