САД ги продолжија санкциите против Русија за една година поради војната во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден продолжи за една година одредени санкции воведени против Русија поради ситуацијата во Украина, пренесуваат руски медиуми повикувајќи се на документ објавен на веб-страницата на Белата куќа.

Станува збор за рестриктивните мерки што сегашната администрација ги примени кон Русија на 21 февруари 2022 година, претходната администрација на Доналд Трамп на 20 септември 2018 година и администрацијата на 44-от американски претседател Барак Обама во март и декември 2014 година во врска со Крим.

- Сите овие санкции мора да останат во сила и по 6 март 2024 година. Дејствата и политиките опфатени во овие извршни наредби продолжуваат да претставуваат невообичаена и исклучителна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Американски Држави, се наведува во документот. /МИА

Макрон: Франција ќе направи се за да се избегне ескалација на конфликтот Израел - Иран

Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран.

Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран на Блискиот Исток, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој го повика Израел да се воздржи од каков било одговор.

„Загрижени сме поради можна ескалација“, изјави Макрон за француски медиуми.

Иран истрела стотици беспилотни летала и балистички проектили врз Израел во текот на ноќта во саботата како одговор на наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април.

„Ќе направиме се што можеме за да избегнеме ситуација што ќе се разгори, ќе ескалира“, рече Макрон, повикувајќи го Израел да се обиде да го изолира Иран наместо да ја ескалира ситуацијата.

Србија/Истражување: Секој трет ученик учествува во најмалку една тепачка годишно

Третина од учениците учествувале во тепачка најмалку еднаш во текот на годината, покажа истражувањето за здравственото однесување на училишните деца во Србија во учебната 2021/2022 година спроведено од Институтот „Батут“.

Весникот Политика денеска објави дека има забележителен пораст на агресивното однесување на девојчињата и дека ученичките почесто ги злоупотребуваат своите врсници во споредба со претходното истражување спроведено во 2018 година.

Психологот Ана Мирковиќ за Политика вели дека истражувањето на однесувањето и навиките на училишните деца покажува дека општеството во кое живееме станува се поагресивно. „Децата и младите растат во култура на насилство, во која агресијата е сеприсутна и стана валута за комуникација“, рече Мирковиќ.

Околу 41 отсто од учениците во прво одделение во средно училиште изјавиле дека првата сексуална врска ја имале на 15 години, а петтина дека првото интимно искуство го доживеале на 11 години.

Истражувањата покажаа дека учениците го поминуваат најголемиот дел од слободното време користејќи интернет, а секој 11-ти ученик ги користи социјалните мрежи повеќе од седум часа дневно.

Секој петти испитаник изјавил дека му е полесно да зборува за своите чувства на интернет отколку лично.

Речиси 40 отсто од учениците се чувствувале нервозни еднаш неделно или почесто, додека третина биле раздразливи, а петтина се жалеле на повремена несоница.

Истражувачкиот примерок го сочинуваа 198 паралелки од петто и седмо одделение од основните училишта и од прво одделение од средните училишта, а на прашањата на институтот „Батут“ одговориле вкупно 3.713 испитаници.

„Гответе со Дракче“ - Мафин од боровници во смути

Во петок (12.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јоце Панов)

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. боровници

90 гр. овесни снегулки

80 гр. грчки јогурт

50 мл. нискомасно млеко

1 лажичка мед

малку екстракт од ванила

малку цимет

по желба дозерка протеин од ванила

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер