СветСАД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дроновиСАД проценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште не одговорил на украинските напади со дронови врз руски воени бази минатиот викенд.САД проценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште не одговорил на украинските напади со дронови врз руски воени бази минатиот викенд, а руските сили веројатно подготвуваат значаен контраудар, изјавија неименувани американски официјални лица за Ројтерс, пренесува Гардијан. Еден извор наведе дека целосниот руски одговор се очекува во наредните денови и дека тој нема да биде реципрочен. Друг американски официјален претставник изјави дека руската одмазда најверојатно ќе вклучува ракети и дронови. Во петокот Русија изврши интензивни ракетни и напади со дронови врз Киев, а руското Министерство за одбрана соопшти дека нападите врз воени цели се одговор на „терористичките акти“ на Украина против Русија. Сепак, американските официјални лица веруваат дека целосниот руски одговор допрва следи. Западен дипломатски извор посочи дека рускиот одговор би можел да вклучува напади врз „симболични украински цели“, како што се владини згради. Мајкл Кофман, експерт за Русија од Фондацијата „Карнеги“ за меѓународен мир, изјави дека Москва би можела да ја казни Службата за безбедност на Украина за нејзината улога во нападите и да користи балистички ракети со среден дострел за напад врз локации на украинската одбранбена индустрија. Тагови: дронови напади Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо седум дена борба изгансат пожарот кај Мариово Пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски..По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија. „Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани голем број екипи, припадници на институциите, доброволци, мештани и поединци кои несебично помогнаа во справувањето со пожарот“, истакна Проданоски. Тој посебно им се заблагодари на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, армијата, ЈП „Национални шуми“, МВР, противпожарните екипи од Скопје и Кавадарци, како и на градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Митко Јанчев. Во моментов активни се четири пожари, кај Студеничани и Зелениково и околината, Македонски Брод, кај Тамјмиште и Дарда општина Кичево и општина Гостивар кај село Горна Ѓоница., потврдуваат ЦУК..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook