ЖивотСАД денеска организираат „глобална коалиција“ за ретките минерали Откако се врати на функцијата, во јануари минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп ја спроведува својата политика „Америка на прво место“ и им се заканува на традиционалните сојузништва. Откако се врати на функцијата, во јануари минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп ја спроведува својата политика „Америка на прво место“ и им се заканува на традиционалните сојузништва, но неговата администрација денеска, на средба со претставници на над 50 земји, ќе се обиде да создаде „глобална коалиција“ за стабилно снабдување со ретки минерали. Кина, како најсилна азиска земја, која САД ја сметаат за свој долгогодишен ривал, обезбеди доминантна улога кога станува збор за клучните минерали, вклучувајќи ги и ретките земни метали кои се клучни за модерните технологии како што се паметните телефони, електричните возила или борбените авиони. Покажувајќи ги забите во трговската војна што ја започна Трамп, Кина минатата година го ограничи извозот на ретки земни минерали, што ја наруши светската економија. Кина, која екстрахира приближно 60 проценти од ретките земни метали во светот и преработува околу 90 проценти, во ноември им понуди на САД едногодишно продолжување на своите ограничувања како дел од договорот со Трамп. САД постигна договори за клучните минерали со сојузниците, како Јапонија, на пример, која неделава соопшти дека пронашла потенцијални нафтени наоѓалишта во морето, но и со Австралија, Саудиска Арабија, Јужна Кореја и Тајланд. Министерот за внатрешни работи Даг Бургум изјави дека уште 11 земји денеска ќе се приклучат и дека уште 20 се заинтересирани да учествуваат во „глобална коалиција“, термин што ретко го користи администрацијата на Трамп. „Концептот на тоа е да имаме слободна трговија и размена меѓу земјите кога станува збор за клучните и граничните минерали“, изјави Бургум вчера во Центарот за стратешки и меѓународни студии. Бургум рече дека новиот блок можеби не е во согласност со принципите на слободниот пазар, на кој САД традиционално се обложува, бидејќи ќе ја регулира минималната цена за одредени клучни минерали. „Ако имате некого што предводи, што може да го преплави пазарот со одреден материјал, тој или таа има потенцијал всушност да ја уништи економската вредност на компанијата или производството на некоја земја“, наведе тој, мислејќи на Кина. Денешниот еднодневен состанок во Стејт департментот ќе го водат американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио. Меѓу присутните високи функционери ќе биде шефот на дипломатијата на Индија, која е особено загрижена за кинеската индустриска доминација и неодамна почна да ги обновува односите со Трамп, како и министрите за надворешни работи на Италија, омилениот партнер на Трамп во Европа, и Израел, кој е подготвен да поддржи какви било американски иницијативи што би ѝ помогнале да постигне подобра позиција во својот регион.Тагови: ретките земни метали САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МетеоСончево со мала до умерена облачност и температури до 23 степениСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснатиВкупно 12 пожари на отворен простор се регистрирани до 7:30 часот изутринава, од кои нема активни, еден пожар е под контрола, а 11 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.Под контрола е пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. М. Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума. Изгаснати се 11 пожари во Општина Теарце: с. Нераште – ѓубре, Општина Свети Николе: с. Ерџелија – ниска вегетација и ѓубре, Општина Велес: с. Раштани и с. Белештевица – ниска вегетација, Општина Карпош: Кеј на Вардар – ѓубре. Општина Сарај: с. Долно Свиларе – ниска вегетација и мешана шума, Општина Гази Баба: с. Трубарево – ниска вегетација и ѓубре, Општина Долнени: с. Десово – ниска вегетација, Општина Битола: кај „Економијата“ од затворот, близу Битола – ниска вегетација, Општина Куманово: с. Агино Село – ниска вегетација, Општина Илинден: с. Дељадровци и с. Мршевци – ниска вегетација, Општина Гази Баба: с. Стајковци – ниска вегетација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
ХороскопДневен хороскоп за 16. септември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 16. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето. Кариера Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака. Здравје и совет Ќе се чувствувате добро во својата кожа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома. Кариера Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите. Здравје и совет Поврзете се со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба. Кариера Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив. Кариера Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова. Кариера Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место. Здравје и совет Бидете мудри. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина. Кариера Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила. Здравје и совет Издржете. Овен 21.3-20.4. Љубов Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски. Кариера Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа. Здравје и совет Радувајте се . Имате зошто. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа. Кариера Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали. Здравје и совет Едноставно верувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате. Здравје и совет Ќе ширите позитивна енергија. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени. Кариера Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса. Здравје и совет Бидете отворени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter