Руте во Приштина: ЕУ не треба да го вперува прстот во „виновникот“ во косовско-српскиот спор - Канал 5

Руте во Приштина: ЕУ не треба да го вперува прстот во „виновникот“ во косовско-српскиот спор

Премиерот на Холандија, Марк Руте, кој заедно со неговиот луксембуршки колега, Ксавиер Бетел, престојува денеска во Косово, изјави дека неговата држава ги поддржува Косово и Србија на патот на дијалогот со цел нормализирање на односите .

Руте во Приштина: ЕУ не треба да го вперува прстот во „виновникот“ во косовско-српскиот спор

Премиерот на Холандија, Марк Руте, кој заедно со неговиот луксембуршки колега, Ксавиер Бетел, престојува денеска во Косово, изјави дека неговата држава ги поддржува Косово и Србија на патот на дијалогот со цел нормализирање на односите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи им се на новинарите по средбата со косовскиот премиер, Албин Курти, Руте рече дека намалувањето на тензиите во областите во северно Косово, населени со мнозинско српско население, е значајно не само за мирот во регионот, туку и за просперитетот на Косово и Србија кон интеграциите во Европската унија.

- Денеска ја изразивме нашата загриженост поради растот на тензиите меѓу Косово и Србија. Холандија и Луксембург настојуваат да ја нормализираат и да ја деескализираат ситуацијата во правец на водење дијалог, да ги нормализираат односите меѓу двете држави. Верувам дека ова е значајно не само за мирот во регионот, туку и за просперитетот кон интеграциите во ЕУ, рече Руте.

Според холандскиот, вперувањето со прст од страна на Брисел кон „виновникот“ во актуелниот спор меѓу Приштина и Белград нема да помогне за смирување на состојбите.

- Не знам дали треба да го вперуваме прстот кон виновникот, кон Косово или на Србија, затоа што тоа не помага во ситуацијава. Ние сакаме да бидеме од помош. Во моментот кога ЕУ поаѓа да го бара виновникот и да го вперува прстот, додека обете страни велат дека се во право, ја губиме позицијата, рече Руте.

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, кој заедно со неговиот холандски колега, Марк Руте, престојува денеска во Косово, изјави дека неговата земја и Европската унија го поддржуваат дијалогот меѓу Косово и Србија и порача дека никој нема да биде победник доколку дојде до конфликт меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес-конференција по средбата со косовскиот премиер, Албин Курти, Бетел рече дека оваа посета била планирано пред доста време и дека со Руте не дошле во регионот за да судат, туку за да ги слушнат страните и да помогнат во наоѓањето решение.

- Кога се планираше ова патување не знаевме дека ќе има тензии. Ние се трудиме да градиме мостови. Вчера бевме во Белград, денеска сме во Приштина. Значајно е за нас што знаеме дека има патоказ (од ЕУ) за дијалогот. Треба да ја елиминираме секоја можност од евентуални кризи, од кои најмногу страда народот. Ние како политичари носиме одлуки, но народот ги трпи последиците, рече Бетел.

Премиерите на Холандија и Луксембург допатуваа во Приштина од Белград, каде што вчера се сретнаа со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Нивната посета на двете земји, како што изјавија синоќа по средбата со Вучиќ, е со цел да придонесат за смирување на тензиите и нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.

Пред да се сретнат со Курти, Руте и Ксавиер беа примени од претседатгелката на Косово, Вјоса Османи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат.

Кариера

Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго.

Здравје и совет

Обидете се да бидете полежерни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти.

Кариера

Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди.

Здравје и совет

Разделете ја реалноста од фантазијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас.

Кариера

Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане.

Кариера

Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени.

Здравје и совет

Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба.

Кариера

Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Бидете трпеливи во љубовта.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно.

Кариера

Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право.

Здравје и совет

Искреноста е доблест.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа.

Кариера

Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себеси и кон другите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа.

Кариера

Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате.

Кариера

Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм.

Здравје и совет

Не сте на трка . Опуштете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира.

Кариера

Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба.

Здравје и совет

Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна.

Кариера

Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа.

Здравје и совет

Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате.

Кариера

На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина.

Здравје и совет

Ја одржувате добрата форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер