3Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
БалканРуте: Ништо не е променето, НАТО останува посветен на Западниот Балкан Руте нагласи дека НАТО останува посветен на Западниот Балкан преку својот ангажман во рамките на Меѓународните сили во Косово (КФОР) и во силите во Босна и Херцеговина – АЛТЕА.Иако Западниот Балкан не е споменат во Завршната декларација од Самиот во Хаг, Алијансата останува посветена на регионот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на прес-конференцијата по завршувањето на заседанието на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави или влади во холандскиот главен град. - Тоа не е традиционално соопштение какво што би го виделе во ОН или НАТО во минатото, каде би имале 60 страници и 90 параграфи, кои во основа зборуваат за светот од раѓањето на Исус до денес и за се помеѓу тоа. Мислам дека тоа е глупаво, изјави Руте во одговор на новинарско прашање какво значење има за Западниот Балкан тоа што првпат по долго време не е споменат во Завршна декларација од еден Самит на Алијансата. Руте нагласи дека НАТО останува посветен на Западниот Балкан преку својот ангажман во рамките на Меѓународните сили во Косово (КФОР) и во силите во Босна и Херцеговина – АЛТЕА, како и дека тој лично го посетил регионот каде се сретнал со косовските и босанските лидери, а имал и вечера со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел. - Значи ние сме инволвирани во регионот. Секако инволвирана е и ЕУ, со која тесно се координираме... Се е исто, ништо не е променето, туку само (во Декларацијата) навистина се фокусиравме на три основни прашања во пет параграфи, додаде Руте.Тагови: НАТО руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаОд денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во ГостиварГостиварци извесно е дека од денеска ќе имаат безбедна вода од градскиот водовод. Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките парОд локалниот кризен штаб за Канал 5 вчера потврдија дека до примероците земени вчера се добри и доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува денеска да биде укината забраната за нејзино користење за пиење.-трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа. Резултатите што ги добиле се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште едни резултати. Од кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од институтот за јавно здравје и агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.Тагови: вода за пиење Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобренаВо моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобрена, информираа властите во Грција во однос на големиот пожар кај Сивири, посочувајќи дека по морски пат било евакуирано 481 лице, пренесува МИА.Со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, но и со траект што сообраќа од Солун до островите од групата споради, туристи и жители успешно, по морски пат беа евакуирани од Сивири. Сивири е целосно евакуирано, а според информациите на МИА не е дозволено никој да се врати во градот, а во прекин е сообраќајот во поширокиот регион. Оние кои не го напуштија Сивири по копнен пат, беа евакуирани од плажа, земајќи ги со себе само основните неопходни работи. Од МНР велат дека по избувнувањето на пожарот во Сивири на првиот крак на полуостровот Халкидики во Грција, македонски државјани телефонски се обратиле до нашето дипломатско-конзуларното претставништво во Солун од каде што им биле пренесени упатствата и насоките издадени од надлежните грчки власти. +389 75 268 736, КОНЗУЛАТОТ ВО СОЛУН: +30 694 526 8068 И +389 71 323 001“, [email protected]Тагови: пожар Халкидики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 34 степениСпоред извештајот на УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа во (l/m2) 13 Виница, 8 Штип 4 Берово, 2 Битола. Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter