Руте: На долг рок трошоците од „два отсто“ од БДП нема да бидат доволни за одбраната на НАТО - Канал 5

Руте: На долг рок трошоците од „два отсто“ од БДП нема да бидат доволни за одбраната на НАТО

Силно верувам и знам дека многу сојузници силно веруваат дека „два отсто“ не се доволни ако на подолг рок сакаме да ја одржиме нашата способност за одвраќање на ниво какво што е сега. 

Руте: На долг рок трошоците од „два отсто“ од БДП нема да бидат доволни за одбраната на НАТО

Ако сакаме да ја задржиме сегашната способност за одвраќање на НАТО на подолг рок, сегашните издвојувањата за одбраната на ниво од најмалку два отсто од БДП нема да бидат доволни, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес-конференцијата по завршувањето на дводневниот состанок на министрите на земјите членки на Пактот во Брисел.

- Силно верувам и знам дека многу сојузници силно веруваат дека „два отсто“ не се доволни ако на подолг рок сакаме да ја одржиме нашата способност за одвраќање на ниво какво што е сега. Сега таа е во ред, сега можеме да се браниме себеси ако некој не нападне, но сакаме така да остане и за четири или пет години, рече Руте во одговор на прашање за негов став во врска со најавата на новоизбраниот американски претседател Донналд Трамо дека ќе бара зголемување на издвојувањата за одбраната на членките на НАТО да бидат најмалку три проценти од националните БДП.

Руте потенцира дека токму Трамп беше тој кој за време на неговиот прв мандат како претседател на САД иницираше зголемување на трошоците за одбраната и благодарение на таквите негови заложби денес најголемиот број членки на НАТО одвојуваат најмалку два проценти од својот БДП за потребите на одбраната.

Сепак, според Руте, зголемените трошоци за одбраната не треба да резултираат само со зголемени приходи на одбранбената индустрија, туку е потребно проширување на одбранбената база, забрзување на испораката на техника и опрема и зголемување на нивното производство. За таа цел, како што нагласи тој, потребно е и зајакнување и соработка на одбранбените индустрии насекаде во НАТО, од Турција, преку Европската Унија, па до САД.

Руте додаде дека прашањето за зголемување на одбранбените трошоци е нешто за што ќе треба да се разговара во следниот период, но ако сите се согласуваат дека „двата проценти“ за одбраната не се доволни да долг рок, тогаш ќе мора да се постигне договор за тоа.

- Не мора да трошиме десетици проценти, треба да трошиме некој процент повеќе од два отсто. Само ако погледнеме колкави се трошоците за пензии, системот за социјална заштита, здравството..., треба само мало делче од овие трошоци да се пренаменат на трошоците за одбраната и ќе бидеме во позиција да ја задржиме нашата способност за одвраќање на долг рок, рече Руте.

Според него, за ова конечна одлука треба да донесат политичарите, чија задача е да обезбедуваат доволно работни места, да овозможуваат економијата да функционира добро и да ја гарантираат безбедност на својата држава.

- Овде станува збор за гарантирање на безбедноста на државата и на безбедноста на сите 32 членки во Алијансата, додаде Руте.

Тој потенцира дека ќе биде потребно да им се објасни на гласачите зошто се потребни поголеми трошоци за одбраната, но нивното зголемување е нужно доколку НАТО сака да ја задржи својата улога на одбранбен сојуз базиран на демократија и вредности, кој ќе гарантира безбедноста на милијарда луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.

Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

„Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.

Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски  е новиот претседател на Лекраската комора. 

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртва

Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. 

Граѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртва

Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ.

За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5.

Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените.

Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер