ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
2ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
СветРуте: Мора да направиме се што можеме за да ги чуваме нашите луѓе безбедни Руте потенцира дека сите сојузници во НАТО ги зголемуваат инвестициите во одбраната, подготвија цврсти воени планови, ја зголемија подготвеноста на своите сили и одржуваат се поголеми и почести воените вежби. Глобалната безбедносна слика во моментов не изгледа добро, но ние точно знаеме што треба да направиме за да се заштитиме и веќе правиме многу, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во обраќањето на почетокот на дводневното заседание на Воениот комитет на Алијансата на ниво на началници на генералштабови на земјите членки, што се одржува во Брисел. - Нашата цел е јасна: Мора да продолжиме да правиме се што можеме, сите заедно, да ги чуваме сите наши луѓе безбедни. Во прашање е нашата идна безбедност. Војната на Русија против Украина беснее. Руските непријателски активности против нашите земји се зголемуваат - со кибер напади, обиди за атентати, акти на саботажа и многу повеќе. Порано ги нарекувавме хибридни, но, тоа се акции и кампањи за дестабилизација, истакна Руте. Според него, Русија напорно работи во обид да ги ослаби западните демократии и да ја уништи нивната слобода и во тоа е потпомогната од Кина, Северна Кореја и Иран, а дополнително Западот се сочува и со други опасности, како тероризмот, ширењето на нуклеарното оружје и на дезинформации и климатски промени. Руте потенцира дека сите сојузници во НАТО ги зголемуваат инвестициите во одбраната, подготвија цврсти воени планови, ја зголемија подготвеноста на своите сили и одржуваат се поголеми и почести воените вежби. - И сето ова е суштинско, но не доволно за да се справиме со опасностите што ни доаѓаат во следните четири до пет години. За да спречиме војна, треба да се подготвиме за неа. Време е да се префрлиме на размислување за време на војна. И ова значи дека треба да ја направиме нашата одбрана уште посилна со трошење повеќе на одбраната и производство на повеќе и подобри одбранбени капацитети, истакна Руте. Тој потенцира дека мора да продолжи поддршката за Украина, со цел да и се помогне да ја смени траекторијата на војната. - Сите сакаме да заврши војната. Но, пред се, сакаме мирот да трае, потенцира генералниот секретар на НАТО. Руте нагласи и дека Алијансата треба да соработува со своите партнери ширум светот, затоа што безбедноста е тимски напор и колку е поголем тимот, толку сите се побезбедни. - Така, мојот приоритет понатаму е да се осигурам дека ќе го направиме она што е неопходно целосно и брзо во одбраната, Украина и партнерствата, додаде Руте. Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер пак оцени дека задачите што претстојат пред Алијансата бараат „херкулски“ напори, но не се неостварливи - Нашите задачи се да го зајакнеме одвраќањето и одбраната на Алијансата и во исто време да ја поддржиме Украина во нејзиниот отпор против неиспровоцираната агресија на Русија, рече Бауер. Според него, најдобар начин да се одржи мирот е да се подготвиме за војна, затоа што подобрат подготвеност за борба ја зајакнува способноста за одвраќање и ја минимизира шансата за војна на сојузничко тло. - Во текот на следните два дена, ќе разговараме за подготвеноста на НАТО да ја одврати и одбрани евроатлантската област и да ги заштити едната милијарда жители на регионот, потенцира Бауер. Тој нагласи дека денеска е 1057-миот ден од почетокот на она што Русија мислеше дека ќе биде тридневна војна, но реалноста е дека Кремљ се уште не постигна ниту една од своите стратешки цели, додека седумстотини илјади Руси беа убиени и ранети и целото руско население страда под товарот на воените напори. - Во меѓувреме, Украинците се соочуваат со тортура, силување, киднапирани деца и возрасни, целосно негирање на нивниот идентитет, логори и масовни гробници. Борбата за слобода овде не е претенциозен слоган. Тоа е она што (Украинците) го прават секој ден. Суверенитетот не е апстрактен термин. Тоа е разликата помеѓу одлучувањето за сопствената судбина или тоа да се решава во Москва. На Украина и е потребна и ја заслужува нашата целосна поддршка, нагласи Бауер. Според него, поддршката на Украина е политички и воен интерес на НАТО, со што ќе му покаже на светот дека демократијата може и ќе победи. - И за таа демократија вреди да се бориме. Тоа не е совршен систем... но, вреди да ги ризикуваме нашите животи, истакна Бауер, додавајќи дека за таа цел НАТО треба да ја подобри својата воена соработка, стандардизација и интероперабилност. Бауер на крајот им изрази почит на, како што рече, „бендот од 3,5 милиони браќа и сестри во униформи кои ги бранат нашиот голем сојуз и демократските вредности и владеењето на правото кои се ткивото на нашите општества“./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМасакрот во Краков ќе се истражува како терористички напад, напаѓачот сѐ уште не е испитанПолската државна обвинителска канцеларија објави дека ќе го истражи масакрот во Краков, во кој вчера беа убиени шест лица, како кривично дело од терористичка природа. Тоа е важен нов развој во истрагата за нападот, кој, заедно со трите тела пронајдени во домот на напаѓачот, го доведе вкупниот број на мртви на девет. Портпаролот на Окружното обвинителство во Краков, Томаш Вашчук, изјави за TVP Info дека денес обвинителството планира формално да отвори истрага и правно да го квалификува нападот како терористички прекршок. Ова сè уште не значи дека терористичкиот мотив е потврден. Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат што го навело 24-годишниот Михал О. да изврши крваво дивеење. Напаѓачот сè уште не е испрашуван, го чува полицијата Вашчук, исто така, откри дека поради сериозните повреди, напаѓачот сè уште не е испрашуван, ниту е извршено формално апсење против него во процедурална смисла. Михал О. е во болница откако беше ранет од полицајци за време на интервенцијата. Тој беше подложен на операции и цело време беше чуван од полицајци. „Доколку неговото здравје се подобри доволно за да можеме да преземеме процедурални чекори, ќе го сториме тоа“, рече Вашчук. Тој додаде дека може да му се изрече доживотна казна затвор за кривичните дела за кои се товари. Тие го истражуваат неговото минато и можните врски Истражителите продолжуваат да испитуваат локации поврзани со нападот и собираат снимки од камерите за надзор за да ги реконструираат движењата на напаѓачот. Поточно, ќе бидат истражени неговото минато, личните односи и околностите под кои го стекнал оружјето. Според досегашните информации, 24-годишникот имал дозвола за поседување оружје и претходно не бил казнет. Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински претходно изјави дека напаѓачот имал многу радикални ставови. Беше спомената и можна врска со крајно десничарски идеологии, но досега не е потврдено дека тие биле мотивот за нападот. Девет мртви поврзани со масакрот Да ве потсетиме дека 24-годишникот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Тој убил шест лица и ранил уште 15, вклучувајќи двајца полицајци кои помогнале да го запрат. По пукањето, полицијата пронашла уште три тела во неговиот дом во Островјец Свјетокржиски. Потврдено е дека станува збор за негови родители и сестра. Околностите на нивната смрт се исто така под истрага. Полска прогласи дводневна национална жалост како одговор на трагедијата, а во Краков жалоста ќе трае до среда.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиУжас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)Англискиот боксер Зак Милер влезе во рингот со големи амбиции и желба да ја освои британската титула во перо категорија, но неговиот меч против Гали Паувар заврши на начин што ги шокираше љубителите на боксот. По десет рунди и драматични сцени во рингот, тепачката беше прекината поради страшниот оток на главата, кој целосно го промени изгледот на неговото лице. Борбата за слободниот шампионски појас се одржа на боксерски настан, чии главни актери беа Џошуа Буатси и Вили Хачинсон. Пуар беше поактивен во поголемиот дел од натпреварот, но пресвртот дојде по ненамерниот судир на глави. Над окото на Милер почна да се создава огромен хематом кој од минута во минута стануваше се поголем. Веќе на крајот од седмата рунда последиците беа застрашувачки. На лицето му се појавил голем оток, додека дополнителна загриженост предизвика расекотина над другото око. Ситуацијата набрзо дополнително се влошила. Уште еден огромен хематом се појавил на спротивната страна од главата, а двата отоци продолжиле да растат. Во деветтата рунда беше побарана лекарска проценка, но Милер доби дозвола да ја продолжи борбата. Не се откажа и покрај страшните повреди Во десеттиот круг сцените станаа уште подраматични. Отоците толку многу ја искривиле главата на боксерот што судијата повторно го повикал докторот на ринг. Овој пат немаше дилема - по краток преглед беше препорачано прекинување на тепачката и итна медицинска помош. The fight has been STOPPED due to severe swelling on Zak Miller’s face! 😬 #BuatsiHutchinson2 | Live NOW on DAZN ▪️ https://t.co/ePPcK5SiPA — DAZN Boxing (@DAZNBoxing) November 7, 2026 Бидејќи повредите настанаа како резултат на ненамерен судир на глави, победникот беше решен според картоните на судиите. Паувар славеше со едногласна техничка одлука. Така 24-годишникот стигна до титулата британски шампион во перо категорија, додека Зек Милер и покрај големата желба и упорност мораше да се задоволи со пораз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. Резолуцијата истакнува дека 78% од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за земјите кандидатки води кон слабеење на европските позиции. Предлозите од оваа резолуција носат директни решенија за секојдневните маки на македонските граѓани и бизниси – крај на повеќечасовните чекања за камионџиите на границите поради новиот ЕЕС-систем, ослободување од дополнителни такси за влез во ЕУ како новиот ЕТИАС-систем, слободно движење и работа ширум Европа, како и силна економска ињекција преку фондовите што ќе го подобрат стандардот на граѓаните. ЛДП во континуитет истакнува дека е потребна редовна координација на меѓународните секретари и раководствата на партиите кои имаат членство во меѓународните и европските политички семејства за да се промовираат координирани национални позиции. Водењето надворешна политика водена исклучиво од интересите на една партија е погрешно и штетно. На овој значаен настан, Емил Кирјас ја доби силната доверба и реизбор за потпретседател на светското либерално семејство, потврдувајќи го угледниот македонски глас на меѓународната сцена. „Од либералите имаме постојана, директна и сесрдна поддршка. Тоа е последица на напорна работа, блиски контакти, искрени односи и непоколебливо држење до вредностите. Тоа државата мора да го искористи сега, а не утре,” изјави по усвојувањето на резолуцијата потпретседателот на ЛИ, Емил Кирјас. “Како народ и како нација немаме луксуз да чекаме подобри времиња преку илузорни странски гаранции. Градењето функционална, правична, некорумпирана и здрава држава, со самозаштитни клаузули за европската иднина и економскиот просперитет, мора да биде заедничка обврска за сите. Мора да ја промениме реалноста во која доминираат манипулациите и празните говори, наместо конкретните резултати“, додаде Кирјас. ЛДП останува отворена да ги поддржи вистинските државни интереси кои водат кон итно деблокирање на европските интеграции и конкретни придобивки за македонските граѓани и македонскиот бизнис. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook