СветРуте: Главната цел на безбедносните гаранции е Украина никогаш повеќе да не биде жртва на нападГлавната цел на безбедносните гаранции за Украина е да се осигура дека таа земја никогаш повеќе нема да стане жртва на напад, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.- Мораме да обезбедиме Украина никогаш да не биде повторно нападната по постигнувањето примирје или мировен договор. Путин мора да сфати дека уште еден напад би бил погубен за него, нагласи Руте за германски „Билд“. Тој додаде дека постојат три нивоа на безбедносни гаранции за да се постигне таа цел. Првото ниво се, како што наведе, украинските вооружени сили, кои мора да бидат во одлична состојба и способни да ја заштитат земјата дури и по војната или долгорочното примирје. Руте укажа дека второто ниво на гаранции е Коалицијата на подготвените, предводена од Франција и Велика Британија, со учество на Германија и други земји. Тој истакна дека некои европски земји изразиле подготвеност да испратат војници, иако не наведе детали. Според Руте, третото ниво на гаранции го претставуваат Соединетите Американски Држави, чиј претседател Доналд Трамп во август изрази подготвеност за тоа. Шефот на НАТО нагласи дека партнерите сега работат на тоа да ги комбинираат овие три елементи за рускиот претседател многу јасно да сфати дека никогаш повеќе не би требало да ја нападне Украина. Руте укажа дека е уверен оти Трамп е апсолутно посветен и фокусиран на ставање крај на војната. - Тој беше единствениот способен да го донесе Путин на преговарачка маса и единствениот кој на крајот може да го принуди да склучи мир. Јас поради тоа многу го почитувам, истакна генералниот секретар на Алијансата. Руте додаде дека не верува оти Американците во целост ќе престанат да ѝ помагаат на Украина, ниту пак дека САД би можеле да се повлечат од НАТО. Како што наведе, тој е апсолутно уверен дека Европјаните ќе можат да се потпрат на Трамп во кризна ситуација. Одговарајќи на прашањето зошто е толку тешко да се постигне мир во Украина, Руте наведе дека, според него, причината за тоа е рускиот претседател Путин, кој, како што рече, е „подготвен да жртвува 1,1 милион свои граѓани“. Според Руте, Путин оваа година остварил многу мал напредок и минимални територијални придобивки. Функционерот на НАТО истакна дека постојат два главни предизвици, а тоа се итната потреба земјите-членки да ги зголемат трошоците за одбрана и производство на оружје, како и да обезбедат Украина да остане што е можно посилна во текот на својата борба. - Ако Русија оствари контрола над цела Украина, тоа ќе има огромни последици по НАТО, а ние ќе мораме да издвојуваме многу повеќе отколку што се договоривме во Хаг. Доколку се држиме до тие цели, тогаш ќе останеме во предност пред Русија и ќе бидеме многу посилни, заклучи Руте. Тагови: Марк Руте украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава. Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора. * 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство * 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија. Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје. Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија. Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.Тагови: ветеринарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44