СветРуте: Ако не ги зголемиме трошоците за одбрана – ќе учиме рускиГенералниот секретар на НАТО Марк Руте во интервју за „Њујорк Тајмс“ предупреди дека Кина би можела да ја искористи Русија за да го одвлече вниманието на САД од Индо-Пацифичкиот регион, со цел - напад врз Тајван.- Ако Си Џинпинг реши да го нападне Тајван, прво ќе му се јави на Владимир Путин за да предизвика вознемирување во Европа со напад на територија на НАТО, изјави Руте, додавајќи дека такво сценарио е можно за пет до седум години. Руте нагласи дека за да се спречи ова, земјите-членки на НАТО мора да ја зајакнат својата воена моќ за да ги одвратат Русите и да ја интензивираат соработката со Индо-Пацифичкиот регион во одбранбената индустрија и иновациите. - Русија ја гради својата воена моќ со невидено темпо, произведувајќи трипати повеќе муниција за три месеци отколку сите земји на НАТО за една година, истакна тој, потенцирајќи ја соработката на Русија со Северна Кореја, Кина и Иран, што ги поврзува Индо-Пацификот и Атлантикот. Тој повика на зголемување на трошоците за одбрана на 5 отсто од БДП, според договорот од јунскиот самит на НАТО, бидејќи сегашното ниво од 2 отсто е недоволно за заштита на Алијансата. - Мораме да го подготвиме целото општество, не само војската. Ако не го сториме тоа, ќе мораме да учиме руски, предупреди Руте, истакнувајќи го огромниот обем на руските инвестиции во вооружени сили, тенкови, противвоздушна одбрана и артилерија. Тој го посочи и недостигот од одбранбена индустрија во НАТО способна да се спротивстави на Русија или Северна Кореја, додавајќи дека Алијансата работи на решавање на овој проблем. На изјавите на Руте реагираше заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, кој иронично изјави дека Руте „отишол предалеку со холандските магични печурки“, гледајќи заговор меѓу Кина и Русија за Тајван и напад врз Европа. „Но, тој е во право за едно – треба да учи руски, може да му послужи во сибирски логор“, напиша Медведев. Според извори на „South China Morning Post“, кинескиот министер за надворешни работи Ван Ји на средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјавил дека Пекинг не може да дозволи Русија да ја загуби војната во Украина, за да спречи САД да се фокусираат на Кина. Сепак, тој негираше дека Кина дава воена или финансиска поддршка на Москва, тврдејќи дека доколку тоа беше случај, „војната одамна ќе беше завршена“.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзраел и Либан постигнаа договор за прекин на војната под два условаИзраел и Либан постигнаа договор за прекин на огнот со цел прекин на непријателствата, објави администрацијата на Трамп. Со тоа, САД се стремат да отстранат една од најголемите пречки во постигнувањето поширок договор за прекин на војната со Иран. Во заедничка изјава објавена од американскиот Стејт департмент по преговорите во Вашингтон, се наведува дека прекинот на огнот меѓу Израел и Либан е условен од целосен прекин на огнот од страна на Хезболах, милиција поврзана со Иран, и евакуација на сите нејзини оперативци од југот на земјата. Двете страни, кои немаат формални дипломатски односи, се согласија и за создавање „пилотски зони“ во кои либанските вооружени сили ќе „преземат ексклузивна контрола врз територијата, исклучувајќи ги сите недржавни актери“. Израел и Либан објавија заедничка изјава за договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД. Документот ги поставува темелите за смирување на ситуацијата на терен и продолжување на преговорите. Според соопштението, двете страни се обврзале на брзо воспоставување пилотски зони. „Двете страни, под водство на САД, се согласија дека брзо ќе започнат со воспоставување пилотски зони во кои либанските вооружени сили ќе ја преземат ексклузивната контрола врз територијата, без присуство на какви било недржавни актери“, се наведува во договорот. Беше разјаснето дека „недржавни актери“ се однесува на Хезболах, милитантна група поддржана од Иран, која со години е дестабилизирачки фактор во Либан и честа цел на израелски напади. Договорот, исто така, содржи обврска за иднината. „Израел и Либан потврдија дека немаат непријателски намери еден кон друг и се обврзаа да продолжат со директните преговори за градење доверба, решавање на сите преостанати прашања и постигнување сеопфатен договор меѓу двете земји“, се вели во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелови од Бутел и Карпош денеска без струјаОд ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Костурска ,ул. Тале Христов Слога, Клиника ВФВ и Санте плус 3, општина Бутел; – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улица Франце Прешер околу објект 141, општина Карпош; – во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од Бул. Босна и Херцеговина и ул.Боро Менков, општина Бутел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремен дожд и грмежиВремето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени. – Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. В сабота и в понеделник повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме – најави УХМР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter