Русокосото девојче било купено од Ромите за 1 000 евра за да проси? - Канал 5

Русокосото девојче било купено од Ромите за 1 000 евра за да проси?

Христос Салис и Елефтерија Димопулу се Ромите кај кои беше пронајдена Марија, русокосото девојче кое грчките медиуми го нарекоа „Русиот ангел“.

Русокосото девојче било купено од Ромите за 1 000 евра за да проси?
Тие вчера и формално беа обвинети за киднапирање на дете и фалсификување документи. 39 годишниот Христос сега ја обвинува 40 годишната Елефтерија дека таа е виновна за се, а тој никогаш не ја сакал Марија во нивниот дом бидејќи тоа би било како да внесува „темпирана бомба“ дома.

Според Дејли меил, Ромите ја чувале Марија за да ја праќаат да проси. Нивните соседи тврдат дека Христос и Елефтерија го купиле русокосото дете за 1 000 евра.

Уапсената брачна двојка тврди дека Марија не е киднапирана. Побарале да ги ослободат за да можат да ја најдат нејзината мајка Бугарка која - како што велат, не сакала да го чува своето дете и им го дала.

Христос и Елефтерија биле одделно испрашувани во полицијата. Според Дејли меил, тој во својот исказ рекол дека во 2009 кога неколку дена отсуствувал од дома, добил телефонски повик од сопругата која му рекла дека запознала бугарска двојка која не го сака своето бебе. Тој наводно рекол дека не го сака тоа дете бидејќи не сака да стави „бомба во својата куќа“.

Неговиот адвокат изјавил дека се работи за посвојување кое не било баш легално, но било со согласност на биолошката мајка.

Елефтерија, обвинета за киднапирање на детето, инсистира на тоа дека мајката не сакала да ја задржи Марија.

Во телефонска изјава за грчка телевизија изјавила: И дадовме се што можеме, како на другите деца. Никогаш не сме ја повредиле. Ја сакаме и таа не сака нас.


Протести од Ромите во кампот
----------------------------------------------


Хараламбос Димитриу, првиот човек на ромскиот камп, вели дека е навредливо тоа што Ромите се обвинуваат за се.

- Ромите се виновни за крадење деца! Дали ова се случува само во нашата раса! Ова е голема навреда за нас - вели Димитриу но самиот потврдува дека за Марија биле дадени одредени пари.


Тој изјавил дека во 2009 во ромскиот камп дошла бугарска двојка која продавала деца.

- Тие тогаш имаа уште 5 деца за продавање - изјавил Димитриу кој открил дека и нему му било понудено да купи дете за 1 000 евра но одбил!


Марија, која се наоѓа во хуманитарната организација „Насмевка на детето“ е добра и порасположена - велат оттаму. Во врска со неа организацијата добила 8 000 повици. Но, се уште нема информација чие дете е малата Марија. / извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор

Управниот одбор на „Нвидија“ објави денеска дека Џенсен Хуанг, кој поднесе оставка од компанијата на 12 ноември, ќе биде повторно назначен за нејзин извршен директор.

Голем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор

Одлуката стапува на сила веднаш, се вели во соопштението на компанијата, објави NBC News.

„Управниот одбор едногласно гласаше за повторно назначување на г-дин Хуанг по серија дискусии и состаноци со него, за време на кои одборот беше задоволен од интегритетот и способноста на г-дин Хуанг да ја води „Нвидија“. Шокантниот потег ги зголеми акциите на „Нвидија“ за 30 проценти, помагајќи му на индексот S&P 500 да се отвори за речиси четири проценти.

Порано денес беше објавено дека Алис Хуанг, жената за која се тврди дека имала афера со Џенсен, била во контакт и со кинески разузнавачки службеник.

Контактот се случил додека таа била во врска со поранешниот шеф на „Нвидија“, изјавија за ABC News извори запознаени со информациите што американските разузнавачки агенции ги собрале за случајот.

Таа била во контакт со службено лице од Министерството за државна безбедност на Кина од пролетта 2025 година до есента оваа година, велат изворите.

Се шпекулираше за враќањето на Џенсен Хуанг на чело на „Нвидија“, особено откако група вработени, како и милијардерот Илон Маск, испратија писмо до одборот на директори барајќи тој да се врати во компанијата. Сепак, компанијата соопшти дека тоа нема да се случи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ почнува теренски активности, но тие не се подготовка за предвремени избори, уверува премиерот Христијан Мицкоски. 

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

Тој повтори дека следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а неговиот мандат како претседател на владата завршува за нешто повеќе од една година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки .

Од денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни на булеварот „Туристичка“ со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона.

Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта но и останатите делови од градот за што, навремено ќе ја информираме јавноста. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер