Русковска за Канал 5: Веднаш штом добивме сознанија за можно бегство, побаравме притвор - Канал 5

Русковска за Канал 5: Веднаш штом добивме сознанија за можно бегство, побаравме притвор

Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор.

Русковска за Канал 5: Веднаш штом добивме сознанија за можно бегство, побаравме притвор

Обвинителството за организиран криминал во петокот по завршните зборови за „Таргет-Тврдина“ го информирало МВР со цел, како што велат, да се преземат превентивни мерки, но шефицата на обвинителството Вилма Русковска Канал 5 вели дека немале законски основ да побараат притвор.

Таков основ, тврди, добиле дури во саботата во 23 часот, откако МВР со нив ги споделило првите индиции дека можеби се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков..

Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор. Во 12:00 часот со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, обвинителството го известило кривичниот суд како и Министерството за внатрешни работи. По исполнување на административните процедури, обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов во 14:30 часот се упатиле кривичен, каде во 15:00 часот Предлогот за определување на притвор е примен од судот.

Решението мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор на Мијалков од страна на обвинителството е примено во 18:45 часот. Во меѓувреме, до приемот на решението, јавните обвинители се известувани од надлежни лица во Министерството за внатрешни работи дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган.

Околу 21:20 часот обвинителството е известено дека има проблем со врачување на решението за притвор, по што во 21:47 е потврдено дека обвинетиот Мијалков не е пронајден.

„Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување на мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, обвинителството смета дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 од Кривичниот законик заради што ќе ги преземе сите неопходни мерки за расчистување на ваквите сомненија.​“ – стои во соопштеието од Јавното обвинителство..

Од Судот претходно отфрлија било каква одговорност.. Велат дека иако имале 24 часа да долучуваат за барањето, тоа го сториле веднаш.

Од МВР не откриваат какви сознанија имале и што преземале до Решението на Судот.

Откако синоќа не беше пронајден, утрово МВР побарало од СДуот, а тој веднаш дозволил за него да биде распишана и меѓународна потерница. Таа е објавена и на сајтот на МВР.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По двете страшни железнички несреќи, Шпанија поведе истрага поради сомневања за проневери на милиони

Европскиот јавен обвинител изврши рација во канцелариите на шпанскиот менаџер за железничка инфраструктура „Адиф“, Агенцијата за безбедност на железницата и Судот на ревизори.

По двете страшни железнички несреќи, Шпанија поведе истрага поради сомневања за проневери на милиони

Европскиот јавен обвинител изврши рација во канцелариите на шпанскиот менаџер за железничка инфраструктура „Адиф“, Агенцијата за безбедност на железницата и Судот на ревизори, како дел од истрагата за можна измама со средства од ЕУ наменети за подобрување на безбедноста на железницата Мадрид-Севиља.

Истрагата се однесува на финансирањето на реновирањето и подобрувањето на безбедносните, сигналните и комуникациските системи на линијата, која беше место на две фатални железнички несреќи оваа година.

„Адиф“ потврди дека претставници на обвинителството го посетиле неговото седиште и изјавиле дека ги доставиле сите барани информации, додека Агенцијата за безбедност на железницата и Судот на ревизори на Шпанија не одговориле на барањата за коментар.

Во несреќата на линијата Мадрид-Севиља во јануари загинаа 46 лица, додека во судирот во октомври загинаа 69 лица.

Европскиот јавен обвинител започна посебна истрага во март по првата несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неверојатна глетка во Кина: Удари на силен ветер создадоа замрзнати бранови на езерото Хулун (ВИДЕО)

Со постепеното опаѓање на температурата, езерото Хулун во Внатрешна Монголија, во северна Кина, полека влегува во фаза на замрзнување.

Неверојатна глетка во Кина: Удари на силен ветер создадоа замрзнати бранови на езерото Хулун (ВИДЕО)

Меѓутоа, наместо мирна, рамна површина, се појавува прекрасна сцена.

Силни налети на ветер се движат и натрупуваат слоеви мраз, кои се преклопуваат еден со друг и формираат необични „ледени бранови“.

Тие се протегаат во неправилни редови на огромна површина, создавајќи впечаток дека замрзнатата вода се претворила во брановидно море, објавува „la Repubblica“.

Спектакуларните снимки го покажуваат овој необичен феномен, карактеристичен за северните езера на почетокот на зимата, додека ледените плочи се судираат, се движат и се натрупуваат под влијание на ветерот.

Ваквите форми се формираат додека мразот е сè уште тенок и кршлив - ветерот ги поместува скршените плочи, туркајќи ги еден врз друг и натрупувајќи ги, а ниските температури потоа повторно ги поврзуваат во нерамна ледена површина.

Хулун е петтото најголемо езеро во Кина и најголемото во Внатрешна Монголија. Долго е околу 93 километри, а во текот на зимата е претежно покриено со мраз - од ноември до март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна судењето на Гркинката која уби три бебиња- донесена е во судот под силно обезбедување (ВИДЕО)

Судењето на Ирина Мурцук, која се соочува со многу сериозни обвиненија за смртта на три бебиња, како и за обид за убиство, започна пред судот во Патра со силно полициско присуство.

Почна судењето на Гркинката која уби три бебиња- донесена е во судот под силно обезбедување (ВИДЕО)

Од раните утрински часови, силни полициски сили се распоредени и во и околу судот во Патра. Преземени се зголемени безбедносни мерки за да се обезбеди непречено одвивање на судските постапки и да се спречат какви било инциденти.

Присуството на полицијата е особено изразено бидејќи за време на претходните транспорти на 26-годишната до судот во Патра, собраните граѓани гласно протестираа, и при нејзиното пристигнување и при заминување, пишува Прототема.

Пред судот, граѓаните дури и истакнаа транспарент посветен на бебињата кои, како што изјавија, неправедно ги загубија своите животи.

Обвинетата е во притворската единица во Патра од четврток, 5 ноември, откако беше префрлена од затворот Елеонас во Тива, каде што беше притворена.

Обвинение

Според обвинението, 26-годишната жена е обвинета за повеќекратни обвиненија за убиство со умисла извршено додека била во состојба на мир, како и за обид за убиство.

Првиот случај се однесува на инцидент за кој се сомнева дека се случил на Божиќ 2020 година, кога, според обвиненијата, таа се обидела да го одземе животот на својот тогашен партнер.

Потоа, во обвинението се наведува смртта на шестмесечно бебе на 4 февруари 2021 година, кое било дете на нејзина пријателка.

Две обвиненија поврзани со нејзините деца се особено сериозни. Имено, на 19 јуни 2022 година починала нејзината прва ќерка, на возраст од само 19 дена, додека на 17 октомври 2023 година починала и нејзината втора ќерка, на возраст од два месеци.

Се изјасни за виновна

Според судските записи, Ирина Мурцук се изјасни за виновна во врска со овие случаи, додека судот треба да ги разгледа извештаите од вештачења, форензичките наоди и изјавите на сведоците, според Newsbeast.

Во исто време, кривичната истрага за смртта на малиот Панајотис во Амалијада е сè уште во полн ек како посебен судски случај и не е вклучена во денешното судење.

Силни полициски сили беа распоредени за да ја придружуваат обвинетата до и од судницата, како во судницата, така и во околните улици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер