Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
ТехнологијаРуските научници прават месо со помош на 3Д печатач Руски научници развија начин за производство на месо со помош на 3Д печатач.Ова ќе овозможи не само создавање вештачко месо без колење животни, туку и програмирање на составот за, на пример, да се добие производ со помала количина на маснотии. Според експертите од Донскиот државен технички универзитет (ДСТУ), ова ќе бара дополнителни научни истражувања во областа на производственото инженерство, објави РИА Новости. Резултатите од истражувањето на руските научници беа објавени во списанието „Frontiers in Bioscience - Landmark“. Според експертите на Обединетите нации, населението на Земјата ќе достигне речиси 10 милијарди луѓе до 2050 година. За да се нахрани тој број луѓе, потребно е да се промени начинот на производство на храна. Еден начин да се направи ова е со одгледување висококвалитетни протеини и 3Д печатење месо, пренесува РИА Новости. За печатење на вештачко месо, клетките се земаат од животно-донатор преку биопсија, а потоа се множат под поволни услови, создавајќи клеточна култура. Од овој материјал е можно да се испечати тродимензионален производ кој ќе има вкус многу сличен на месо, објави Универзитетот. Био-печатењето на месо е веќе присутно низ целиот свет. Првиот тест на лабораториски одгледуван говедски бургер беше организиран на 5 август 2013 година, а од 2020 година, месо од епрувета се продава во Сингапур и Израел.Тагови: 3Д научници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто ОризариАктивни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати. Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување имотни деликти и пожариНа 02.09.2026 во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.Целта на активноста е да се подигне свеста на граѓаните за заштита од имотни деликти, особено од тешки кражби од моторни возила. На граѓаните преку директни средби и разговори им беше укажано возилата да ги оставаат на безбедни места како паркинг простори и осветлени локации, како и на тоа да не оставаат вредни предмети како чанти, телефони, паричници и сл. во возилата и истите секогаш да ги заклучуваат. Превентивна активност за заштита од кражби на подрачје на Демир Капија и Крушево, денеска реализираа и полициски службеници од ОВР Неготино и ОВР Крушево. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО БПС при ОВР Кавадарци пак, во Скопје и Кавадарци реализираа превентивни активности за безбеден сообраќај, со акцент на тоа да им се укаже на граѓаните за потребата од задолжително користење сигурносен појас во возилата и дека тоа претставува обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, во насока на зголемување на личната безбедност. Исто така, на возачите на мотори и електрични тротинети им беше потенцирана обврската од носење заштитна кацига, пред се за нивна лична безбедност. Во Штип пак, од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип акцент беше ставен на правилното паркирање. Во централното подрачје на Тетово полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово реализираа превентивна активност за безбедност на пешаците, при што полициските службеници ги потсетуваа пешаците за нивните обврски при учество во сообраќајот, дека треба да ја поминуваат улицата на обележан пешачки премин, да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин, како и за други правила кои треба да ги почитуваат за нивно безбедно учество во сообраќајот како пешаци. Исто така, на возачите им беше укажано дека мора целосно да ги почитуваат правилата, односно да им даваат предност на пешаците при преминување на сообраќајниците. На граѓаните им беше потенцирана потребата од почитување на сите сообраќајни правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата. На подрачјето на Пробиштип, полициски службеници од ПС Пробиштип реализираа превентивна активност за спречување на пожари, со посебен акцент на избегнување на палење оган, граѓаните да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОрхан Муртезани стапи на функцијата во НАТОНовиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани.Денеска стапи на функцијата, а упати благодарност до генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, за „топлиот прием“ при официјалното предавање на акредитивните писма. Муртезани во објава на социјалните мрежи напиша дека Македонија има свое место, свој глас и сојузници во НАТО“.Тагови: Орхан Муртезани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter