Руските хакери ја нападнаа украинската компанија , каде што работел синот на поранешниот потпретседател на САД

Руските хакери се обиделе да украдат електронска пошта од украинската енергетска компанија управувана од Хантер Бајден, син на демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден, соопшти американска фирма за сајбер безбедност.

Енергетската компанија Burisma Holdings Ltd беше во центарот на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп минатиот јули да изврши притисок врз украинските власти да го испитаат Бајден за наводна корупција.

Како резултат, покренато е обвинение за злоупотреба на службената должност и опструирање на Конгресот , со што почна процесот отповикување на Трамп.

Безбедносната компанија со седиште во Калифорнија, го идентификуваше хакерскиот напад и го поврза со главниот руски воен разузнавачки оддел, ГРУ.

Истата хакерска група позната како „ Fancy Bear “ го хакираше Демократскиот национален комитет во 2016 година, како дел од она што американските иследници го означиле како операција за нарушување на изборите во САД.

„Може да видите дека нападот навистина започнува паралелно со она што го видовме во 2016 година“, рече извршниот директор на американската фирма за сајбер безбедност Area 1 , Орен Фалковиц.

Извори блиски до украинската компанија Бурисма за Ројтерс изјавиле дека во изминатите шест месеци повеќепати се обидувале да ја хакираат веб-страницата на компанијата, но нема други детали.

Упадот на украинската компанија Бурисма може да даде увид во пораките испратени или примени од Хантер Бајден, или пораки за него. Хантер беше на врвот на компанијата меѓу 2014 и 2019 година.

Истекувањето украдени податоци потенцијално може да влијае на процесот на отповикување на Трамп и на изборите во САД.

Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер

Струмичката полиција вчера околу пладне во Струмица го лишила од слобода Љ.Ѓ.(46) од овој град. 

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, црна прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело..

Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полска ја зајакнува границата кон Русија и Белорусија

Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска изјави дека почна осовременувањето и утврдувањето на источна граница со Белорусија и Русија, за што се наменети 2,3 милијарди евра.

- Тој план за одбрана и одвраќање го нарековме „Штит на Истокот“ … кој ќе нè брани од потенцијалните напади од исток, но пред сè ќе има за цел да го одврати непријателот. Системот на утврдувања, зајакнување, модернизирањето на 400 километри од границата со Русија и Белорусија ќе биде фактор на одвраќање, стратегија да се избрка војната од нашата граница, истакна Туск.

Тој најави дека следната недела ќе објави нови мерки за спречување провокации, саботажи и диверзии во рамките на хибридните напади од Русија и од Белорусија.

Зборуваме за потребата да се изгради силна држава, отпорна на саботажи и саботажи. Полска ќе биде отпорна држава и безмилосна до болка кон секој што ќе се обиде да ја дестабилизира ситуацијата во нашата земја, наведе Туск. Претходната влада на конзервативната партија Право и правда на границата подигна ограда висока повеќе од пет метри за да ги запре мигрантите.

Полска без оглед кој е на власт тоа го третира како руски и белоруски хибриден напад и обид за префрлање на десетици илјади бегалци во Полска со цел да се дестабилизира земјата но и другите членки на Европска Унија./МИА

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година./МИА

притисни ентер