Руски туристи се уапсени затоа што во Света Софија во Истанбул ја читале Библијата - Канал 5

Руски туристи се уапсени затоа што во Света Софија во Истанбул ја читале Библијата

Рускиот генерален конзулат во Истанбул ги истражува околностите на притворањето на руските граѓани во познатата Света Софија.

Руски туристи се уапсени затоа што во Света Софија во Истанбул ја читале Библијата

Дипломатите ги истражуваат околностите на инцидентот, објавија руските медиуми.

Полициски извори во Истанбул го потврдија инцидентот, но одбија да дадат дополнителни коментари. Покраинските власти и службата за миграција, исто така, одбија да дадат коментар.

Менаџерот на хотелот каде што престојувале притворените туристи не сакаше да открие никакви информации за нивното местоположба, повикувајќи се на законски прописи што забрануваат споделување на податоци за гостите со трети страни.

Како што претходно објавија некои руски медиуми, двајца руски државјани, Викторија и Игор, наводно биле приведени на 13 јули затоа што ја читале Библијата во Света Софија.

Безбедносните службеници ги однеле во полициската станица, каде што против нив е составен извештај поради сомнение за сторено кривично дело според член 216 од турскиот кривичен законик, кој се однесува на „поттикнување омраза и непријателство меѓу луѓето или навредување и понижување на одредени општествени групи“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша декрет во јули 2020 година со кој Света Софија, која претходно функционираше како музеј, официјално се претвора во џамија, по што таму беа обновени религиозните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АМСМ: Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, на ГП Богородица за излез се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ: Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, на ГП Богородица за излез се чека околу 30 минути

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничен премин Богородица се бележи време чекање за излез е околу 30мин, за влез околу 15мин, на другите граничните премини од Македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува топлотниот бран, денес сончево со температура до 40 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Продолжува топлотниот бран, денес сончево со температура до 40 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 5. август 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 5. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 5. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас.

Кариера

Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение.

Кариера

Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик.

Здравје и совет

Издржете.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво.

Кариера

Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат.

Здравје и совет

Сакајте ги луѓето.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман.

Кариера

Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право.

Здравје и совет

Наспијте се .

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата.

Кариера

Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори.

Здравје и совет

Не морате постојано да војувате.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба.

Кариера

Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата.

Здравје и совет

Ќе уживате во убавниот ден.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат.

Кариера

Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања.

Кариера

Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно.

Здравје и совет

Одете во природа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат.

Кариера

Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба.

Здравје и совет

Засадете некое растение.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност.

Кариера

Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските.

Здравје и совет

Подобро оптимист , отколку песимист.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци.

Кариера

Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред.

Здравје и совет

Бидете поконкретни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите.

Кариера

Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност.

Здравје и совет

Некои ќе запливаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер